Средба Мицкоски - Вучиќ

Имав средба со Претседателот на Република Србија,Александар Вучиќ, објавина својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Двете држави немаат отворени прашања, а односите се базираат на меѓусебно почитување и пријателство. Мора да создаваме мостови за економска и политичка соработка со сите соседи и да градиме иднина за нашите граѓани, стои во објавата на Мицкоски.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, се сретна со премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, јави дописникот на МИА од Белград.

-Со претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски за зајакнување на односите и заеднички иницијативи за постабилна иднина на нашите граѓани. Разговаравме за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент на изградбата на пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја која би ги поврзала јужна и централна Европа, како и за подобрување на трговската размена и соработка на полето на енергетиката, се наведува на официјалниот Инстаграм профил на претседателот на Србија.

Тој посочува дека се согласилеоти солидарноста и меѓусебната поддршка се клучни за стабилноста и развојот на целиот регион.

- Особено сум благодарен за фактот што Македонија е еден од клучните партнери во иницијативата Отворен Балкан, која стана симбол на силна регионална соработка и поврзување на Западен Балкан. Нашата заедничка цел е подобра иднина за сите граѓани, а соработката преку иницијативата Отворен Балкан и други проекти останува цврста основа врз која ја градиме иднината на целиот регион. Убеден сум дека ќе продолжиме да ги развиваме односите во духот на пријателството и партнерството, наведува Вучиќ.

Мицкоски е во дводневна посета на Србија по повод Меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, а ќе има средба и со српскиот премиер Милош Вучевиќ.

Министерот Горан Минчев на Третиот меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, присуствува на Третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, кој ќе се одржува од 22 до 24 ноември 2024 година на Белградскиот саем.

Овој значаен настан, кој е дел од иницијативата Отворен Балкан, претставува најголема платформа за промоција на регионалните кулинарски и вински богатства, каде што своето место ќе го заземе и Македонија со својот автентичен гастрономски идентитет.

Во рамки на саемот, се одржува „Македонска вечер“, организирана под покровителство на Владата на Република Македонија и претседателот на Владата, Н.Е. Христијан Мицковски.

На оваа вечер присуствуваат високи делегати, владини претставници и претставници од приватниот сектор, со што Македонија ќе има можност да ја презентира својата богата традиција во производството на вино и храна.

Оваа година, на саемот за вино, македонското учество на саемот ќе го опфатат голем број винарии и дестилерии, изложувачи на храна и ресторани со врвни македонски готвачи.

Преку нивната презентација, посетителите ќе имаат уникатна можност да ги вкусат врвните македонски вина, да уживаат во традиционалните вкусови и да се запознаат со гастрономските особености на нашата земја.

Министерот Минчев изрази задоволство што Република Македонија, преку вакви значајни регионални иницијативи, ја зајакнува својата улога во промоцијата на културниот и економскиот потенцијал на земјата, особено во областа на винската и гастрономската индустрија.

Кабинет на министер за Јавна Администрација

Епилог на драмата во Виена: Мајката го фрлила новороденчето во канта, премрзнало и починало

Телото на бебето кое било пронајдено во канта за ѓубре во просториите на болницата во Виена било завиткано во пластична кеса и ѓубре, јавуваат австриските медиуми.

За убиство е осомничена мајката на детето (29), која на полицијата ѝ ја покажала кантата во која се наоѓало телото на новороденчето.

Телото на детето било пронајдено околу 10 часот утринава.

Според првите информации, мајката ја завиткала својата ќерка која имала само десет дена во најлонска кеса и ќебе, а потоа ја фрлила во канта во болницата. Се сомнева дека бебето најверојатно премрзнало до смрт, поради екстремно ниските температури во главниот град на Австрија.

Наредена е обдукција која треба да ја открие точната причина за смртта.

Полицијата на местото каде што е пронајдено телото се уште врши увид.

Да потсетиме, прво медицинската сестра од неонатолошкиот оддел вчера забележала дека детето го нема, а потоа веднаш ја известила мајката. Набрзо била алармирана и полицијата. Во текот на попладневните часови целата област околу болницата била блокирана, а во потрагата биле вклучени и кучиња трагачи.

Со оглед на тоа што пристапот до овој оддел не е слободен, полицијата веднаш ја насочила истрагата кон најблиските роднини и семејството. Мајката на девојчето била првоосомничена, а синоќа таткото бил сослушан во полициска станица.

За прв пат е снимена ѕвезда надвор од нашата галаксија, оддалечена е 160.000 светлосни години

Астрономите за прв пат успеаја да снимат ѕвезда надвор од нашата галаксија, објави Европската јужна опсерваторија (ESO).

Оваа ѕвезда, наречена WOH G64, е оддалечена неверојатни 160.000 светлосни години и е снимена благодарение на неверојатната острина на многу големиот телескопски интерферометар (VLTI) на Европската јужна опсерваторија.

- За прв пат во историјата, успеавме да зумираме и да снимиме ѕвезда што умира надвор од Млечниот Пат - изјави Кеичи Онака, астрофизичар од Универзитетот Андрес Бело во Чиле.

- Откривме лушпа во облик на јајце околу ѕвездата. Возбудени сме поради тоа бидејќи веројатно е поврзано со драстичното исфрлање на материјалот пред ѕвездата што умира да стане супернова - рече тој.

Астрономите досега направија десетици слики од ѕвездите во нашата галаксија, откривајќи ги нивните својства, безброј повеќе ѕвезди постојат во други галаксии, но досега набљудувањето на која било поединечна ѕвезда надвор од Млечниот Пат беше преголем предизвик.

Ѕвездата WOH G64 се наоѓа во Големиот Магеланов Облак, една од помалите галаксии кои орбитираат околу нашата. Астрономите знаат за оваа ѕвезда со децении бидејќи е огромна, околу 2.000 пати поголема од Сонцето, па затоа е класифицирана како црвен суперџин. Научен труд за оваа снимка беше објавен во Астрономија и астрофизика.

За оваа ѕвезда долго време се интересира тимот на Онака. Во 2005 и 2007 година, тие го користеле VLTI во пустината Атакама за да дознаат повеќе за неговите карактеристики и го проучувале со години, но не успеале да снимат слика од самата ѕвезда. За да успеат во ова, тие чекале развој на инструменти од втората генерација наречени GRAVITY. Откако ја споредиле со старите податоци, забележале дека ѕвездата станала потемнета во последната деценија.

- Откривме дека ѕвездата претрпе значителни промени во последните 10 години, што ни даде ретка можност да го следиме животот на ѕвездата во живо - рече Герд Вајгелт, професор по астрономија на Институтот за радио астрономија Макс Планк во Бон и еден од авторите на студијата.

Во последната фаза од својот живот, црвените суперџинови како WOH G64 ги фрлаат своите надворешни слоеви на гас и прашина во процес кој може да потрае илјадници години.

- Оваа ѕвезда е една од најекстремните од тој вид и секоја драстична промена може да и донесе експлозивен крај - изјави Јако ван Лун, директор на опсерваторијата на Универзитетот Кили и коавтор на студијата кој ја набљудува оваа ѕвезда уште од деведесеттите.

притисни ентер