Интер се обезбеди во одбраната: Дамфрис доби нов договор

Дензел Дамфрис потпиша нов четиригодишен договор со Интер, потврдија од клубот од Милано.

Холандскиот репрезентативец веќе три години е на северот на Италија. За тоа време успеа да ја стекне довербата на навивачите, но уште поважно од управата на клубот.

Пред неколку месеци, стручниот штаб инсистираше на тоа дека Дамфрис мора да остане.

Холанѓанецот доби нов договор со важност до 2028 година.

Дамфрис одамна ги договорил условите на новиот договор, но тој сега е финализиран и официјализиран.

Дефанзивецот на Интер и оваа сезона претставува многу важен играч. Дамфрис постигна два гола и еднаш асистираше на десет натпревари досега во Серија „А“. Тој подеднакво добро може да игра и во офанзива, и во дефанзива.

Дамфрис дојде во 2021 година од ПСВ Ајндховен, а претходно играше за Херенвен. /МИА

Крадци сакале да дигнат банкомат во воздух- направиле огромна грешка

Несекојдневен инцидент се случил на 20 ноември рано наутро во едно од предградијата на Келн.

Двајцата криминалци планирале да го ограбат банкоматот на експозитурата на Постбанк, така што прво ќе го разнесат на парчиња.

Соседите пријавиле дека слушнале силна експлозија, а кога полициската патрола пристигнала на местото на настанот констатирале голема штета, скршени стакла и уништена опрема.

По детонацијата криминалците побегнале, но полицијата подоцна ги уапсила. Ги снимиле надзорните камери, па на властите не им било тешко да ги пронајдат, пренесува Express.de.

Сепак, крадците избегале без плен, бидејќи наместо банкомат, разнеле печатач за изводи од банка. Подоцна полицијата објаснила дека очигледно ги замениле уредите бидејќи изгледаат слично.

Против нив е поднесена пријава, а наскоро ќе бидат изведени пред судија. Инаку, по експлозијата сообраќајот во тој дел на Келн бил дозволен само по една коловозна лента.

Министерот Горан Минчев на Третиот меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, присуствува на Третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, кој ќе се одржува од 22 до 24 ноември 2024 година на Белградскиот саем.

Овој значаен настан, кој е дел од иницијативата Отворен Балкан, претставува најголема платформа за промоција на регионалните кулинарски и вински богатства, каде што своето место ќе го заземе и Македонија со својот автентичен гастрономски идентитет.

Во рамки на саемот, се одржува „Македонска вечер“, организирана под покровителство на Владата на Република Македонија и претседателот на Владата, Н.Е. Христијан Мицковски.

На оваа вечер присуствуваат високи делегати, владини претставници и претставници од приватниот сектор, со што Македонија ќе има можност да ја презентира својата богата традиција во производството на вино и храна.

Оваа година, на саемот за вино, македонското учество на саемот ќе го опфатат голем број винарии и дестилерии, изложувачи на храна и ресторани со врвни македонски готвачи.

Преку нивната презентација, посетителите ќе имаат уникатна можност да ги вкусат врвните македонски вина, да уживаат во традиционалните вкусови и да се запознаат со гастрономските особености на нашата земја.

Министерот Минчев изрази задоволство што Република Македонија, преку вакви значајни регионални иницијативи, ја зајакнува својата улога во промоцијата на културниот и економскиот потенцијал на земјата, особено во областа на винската и гастрономската индустрија.

Кабинет на министер за Јавна Администрација

Епилог на драмата во Виена: Мајката го фрлила новороденчето во канта, премрзнало и починало

Телото на бебето кое било пронајдено во канта за ѓубре во просториите на болницата во Виена било завиткано во пластична кеса и ѓубре, јавуваат австриските медиуми.

За убиство е осомничена мајката на детето (29), која на полицијата ѝ ја покажала кантата во која се наоѓало телото на новороденчето.

Телото на детето било пронајдено околу 10 часот утринава.

Според првите информации, мајката ја завиткала својата ќерка која имала само десет дена во најлонска кеса и ќебе, а потоа ја фрлила во канта во болницата. Се сомнева дека бебето најверојатно премрзнало до смрт, поради екстремно ниските температури во главниот град на Австрија.

Наредена е обдукција која треба да ја открие точната причина за смртта.

Полицијата на местото каде што е пронајдено телото се уште врши увид.

Да потсетиме, прво медицинската сестра од неонатолошкиот оддел вчера забележала дека детето го нема, а потоа веднаш ја известила мајката. Набрзо била алармирана и полицијата. Во текот на попладневните часови целата област околу болницата била блокирана, а во потрагата биле вклучени и кучиња трагачи.

Со оглед на тоа што пристапот до овој оддел не е слободен, полицијата веднаш ја насочила истрагата кон најблиските роднини и семејството. Мајката на девојчето била првоосомничена, а синоќа таткото бил сослушан во полициска станица.

притисни ентер