Во Управниот суд ќе се одржи промоција на систем за аудио и видео снимање на судски расправи

 Во просториите на Управниот суд денеска ќе се одржи „Промоција на системот за аудио и видео снимање на судски расправи SRS Femida и Femida True Records”.

Од Управниот суд по промоцијата најавија и прес - конференција на која ќе присуствуваат претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини, претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, како и министерот за правда Игор Филков.

Наполи му нуди нов договор на Кварацхелија со плата од шест милиони евра годишно

Раководството на калчолигашот Наполи преговара за нов договор со крилниот напаѓач Квича Кварацхелија, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.

Наполитанците контактирале со агентот на фудбалерот за да разговараат за можноста за потпишување нов договор. Двете страни ќе одржат уште една средба во следните неколку недели.

Наполи му понуди на 23-годишниот Грузиец договор според кој играчот ќе може да заработува шест милиони евра годишно со бонуси - слична плата како напаѓачот на тимот Ромелу Лукаку.

Кварацхелија игра за Наполи од јули 2022 година. Во сезоната 2024/25, фудбалерот постигна три гола и направи две асистенции на осум натпревари за тимот.

Актуелниот договор на Грузиецот со италијанскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2027 година. Сегашната плата на Кварацхелија е 4,6 милиони евра годишно.

Асанж: Слободен сум бидејќи признав вина за новинарството

 Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (53) денеска изјави дека е ослободен од затвор затоа што се изјаснил за виновен за новинарство, а не затоа што функционирал правниот систем, објави Гардијан.

Тој им рече на европските парламентарци дека е неопходно да се изјасни за виновен по обвиненијата за американска шпионажа бидејќи правните и политичките напори за заштита на неговата слобода не се доволни, пишува Гардијан.

-На крајот ја избрав слободата наместо недостижна правда. Денеска сум на слобода по години поминати во затвор затоа што се изјаснив за виновен за новинарство, рече Асанж пред Комитетот за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа на ПССЕ во Стразбур во своето прво јавно обраќање по неговото ослободување во јуни.

Тој рече дека се надева оти неговото денешно сведочење може да послужи за да ги истакне слабостите на постојните заштитни мерки и да им помогне на оние чии случаи се помалку јавни, но кои се исто толку ранливи. Асанж рече дека слободата на говор е на „мрачна раскрсница“.

Асанж истакна дека новинарите не треба да бидат прогонувани затоа што ја вршат својата работа.

-Новинарството не е криминал, нагласи Асанж.

Андоновски од министерска конференција во Скопје

Дигиталните вештини и иновации се клучни за напредокот на нашето општество и економија.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Скопје имаше поздравно обраќање на министерска конференција на Управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука и истражување и иновации, во организација на делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

Во своето обраќање, министерот Андоновски ја истакна важноста на дигиталната трансформација за напредокот на Македонија и регионот. "Денес дигиталните вештини и иновации се клучни за напредокот на нашето општество и економија“.

Министерот Андоновски ги презентираше плановите на Република Македонија во областа на градењето на дигиталните вештини, истакнувајќи: "Наша цел е до 2030 година, најмалку 80% од возрасното население да поседува основни дигитални вештини. Исто така, се стремиме значително да го зголемиме бројот на ИКТ професионалци, со посебен фокус на зголемување на учеството на жените во оваа област."

Агендата за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт го става регионот во добра насока за подлабока соработка со ЕУ и Министерскиот состанок ќе се фокусира на заедничките напори за нејзино спроведување.

Министрите присутни на состанокот и сите други учесници ќе разговараат за важната улога на Европската истражувачка област и Европската агенда за иновации, во која сите партнери од Западен Балкан се целосно интегрирани.

притисни ентер