Власта и опозицијата се „судрија“ околу „есенската кошничка“ – во чие време била подобра?

Есенската потрошувачка кошничка во која на 73 производи ќе им се ограничи бруто профитната маржа во трговијата на големо и мало е таргетирана и направена врз основа на анкета направена кај граѓаните, вели премиерот Христијан Мицкоски

Есенската потрошувачка кошничка во која на 73 производи ќе им се ограничи бруто профитната маржа во трговијата на големо и мало е таргетирана и направена врз основа на анкета направена кај граѓаните, вели премиерот Христијан Мицкоски, откако од опозициската СДСМ денеска преку соопштение реагираа дека во време кога тие биле на власт се намалувале цени на 500 производи, а ваквата мерка на Владата ја оценија како дебакл.

„Нормално ние немаме намера да ја ограничуваме маржата на перки од китови или кавијар не знам каков што доаѓа од не знам каде, бидејќи мал е бројот на граѓани кој што тоа го користат тие претпоставувам се во редовите на СДСМ и ДУИ, но сите останати се борат како да го поминат месецот од 1 до 1 ви и ние се фокусираме на тој тип на производи.“ -изјави Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Со намалените продукти кои ќе бидат обележани со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе, и ќе имаат пониски цени до 31 октомври, од СДСМ велат власта само замачкува очи.

„Оваа мерка е калкулантска политика на Владата колку да замачкаат очи дека нешто направиле под притисок на јавноста. Сега е повеќе од јасно зошто со недели Мицкоски чекаше со намалување на цените на производите. Целта била да се најде решение колку да го има и тоа е во интерес на трговците, а не во интерес на граѓаните ниту нешто посебно ќе им помогне. “- СДСМ.

Премиерот Мицкоски уште еднаш повторува вакви мерки ќе има и во идниниот период за време на празници, а како позитивни ги оцени и податоците на статистика за инфлацијата, а најави и континуиран раст на платите. Дополнително очекува најдоцна до средина на месец ноември на бизнисот да му бидат достапни и средствата од унгарскиот заем, со што вели ќе се закајне македонската економија.

„Тогаш кога се ограбувваше буџетот врз грбот на граѓаните инфалцијата беше двоцифрена и некогаш таа инфлација стигаше 20 % па платата што ја добиваа граѓаните беше обезвреднувана, денеска платата расте со истата динамика па и забрзано но инфлацијата е најниска во регионот во месец август споредено со август минатата година.“ -изјави Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

На крајот на идната недела почнува и примената на законот за забрана на не фер трговски со кој се очекува да се стави крај на проблемот со цените. Освен ограничувањето на рабатот, со законското решение се донесе и листа со над 2 500 производи чии маржи ќе се ограничат до 10%.

Во „Триаголникот на Алјаска“ исчезнале повеќе од 20.000 луѓе

Во светот скоро сите слушнале или знаат за „страшниот“Бермудскиот триаголник, но малкумина знаат за „опасниот триаголник на Алјаска.

Кој се нарекува и Бермудски триаголник на Алјаска, непристапна и ненаселена област што ги поврзува Енкориџ, Џуно на југ и Уткијагвик.
Таму има повеќе нерешени случаи на исчезнати лица отколку на кое било друго место во светот, помеѓу 500 и 2.250 луѓе годишно.

Всушност, од раните 1970-ти, повеќе од 20.000 луѓе исчезнале во овој огромниот триаголник, и во област која е ретко населена.

Статистиката покажува дека на Алјаска годишно исчезнуваат околу 2.250 луѓе, пренесува РТС.

Меѓу познатите личности кои исчезнале во овој чуден триаголник во минатото се и двајца политичари: лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом на САД, Томас Хејли Богс и конгресменот од Алјаска, Ник Бегич.

Алјаска е најголемата држава во САД, но само една дваесетина од територијата е населена, околу 730.000 луѓе живеат во област која зафаќа 1067.478 квадратни километри.

Електронските отчитувања на Алјаска открија значителни концентрации на магнетни аномалии, од кои некои го вознемириле компасот до тој степен што ја поместиле скалата за 30 степени. Покрај тоа, некои членови на спасувачките мисии доживеале аудитивни халуцинации, дезориентација и вртоглавица.

Не е сигурно дали овие магнетни вртлози постојат, во секој случај, и покрај предупредувањата на властите за временските услови, дивиот свет и суровите области, стотици туристи ја посетуваат Алјаска за да ја искусат оваа недопрена природа, од кои многумина се целосно неподготвени за такви области и временските услови.

Многу од овие луѓе веројатно се изгубени среде оваа катастрофа, поради што секоја година се започнуваат бројни операции за пребарување и спасување.

Руски град воведе „вонредна состојба“ по украински напад со дрон

 Руските власти денеска воведоа „локална вонредна ситуација“ во јужниот град Тихорецк, откако наредија евакуација по нападот на украинско беспилотно летало за кој Киев рече дека погодил складиште за оружје.

Гувернерот на регионот Краснодар, Вениамин Кондратиев, на социјалните мрежи објави дека „воведен е локален режим на вонредна ситуација за да се организира помош за луѓето и навремено да се решат сите прашања поврзани со инцидентот“.

Порше патентирал нов мотор

Автомобилскиот гигант Порше патентира нов мотор. Наместо четири „такта“, ќе има шест.

Четиритактен мотор има јасна низа: вшмукување, компресија, погонски и издувни удари-такта. Во всисниот удар, воздухот и горивото влегуваат во цилиндерот. Компресија е кога клипот ја турка таа мешавина до врвот на цилиндерот. Смесата се пали со туркање на клипот надолу. Дувањето е последниот чекор, го турка преостанатиот гас од цилиндерот.

Дизајнерите на „Porsche“ сметаат дека можат да додадат уште еден удар на компресија и моќност на овој процес. Документите поднесени до Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД јасно го опишуваат како шест поединечни потези, кои можат да се поделат во две секвенци од три потези.

Ќе се случат дополнителни чекори помеѓу традиционалните потези на напојувањето и издувните гасови. Според тоа, првата низа би била внесување-компресија-моќ, а потоа компресија-моќност-издув, пишува „Хак Ревија“.

притисни ентер