Во „Триаголникот на Алјаска“ исчезнале повеќе од 20.000 луѓе

Во светот скоро сите слушнале или знаат за „страшниот“Бермудскиот триаголник, но малкумина знаат за „опасниот триаголник на Алјаска.

Кој се нарекува и Бермудски триаголник на Алјаска, непристапна и ненаселена област што ги поврзува Енкориџ, Џуно на југ и Уткијагвик.
Таму има повеќе нерешени случаи на исчезнати лица отколку на кое било друго место во светот, помеѓу 500 и 2.250 луѓе годишно.

Всушност, од раните 1970-ти, повеќе од 20.000 луѓе исчезнале во овој огромниот триаголник, и во област која е ретко населена.

Статистиката покажува дека на Алјаска годишно исчезнуваат околу 2.250 луѓе, пренесува РТС.

Меѓу познатите личности кои исчезнале во овој чуден триаголник во минатото се и двајца политичари: лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом на САД, Томас Хејли Богс и конгресменот од Алјаска, Ник Бегич.

Алјаска е најголемата држава во САД, но само една дваесетина од територијата е населена, околу 730.000 луѓе живеат во област која зафаќа 1067.478 квадратни километри.

Електронските отчитувања на Алјаска открија значителни концентрации на магнетни аномалии, од кои некои го вознемириле компасот до тој степен што ја поместиле скалата за 30 степени. Покрај тоа, некои членови на спасувачките мисии доживеале аудитивни халуцинации, дезориентација и вртоглавица.

Не е сигурно дали овие магнетни вртлози постојат, во секој случај, и покрај предупредувањата на властите за временските услови, дивиот свет и суровите области, стотици туристи ја посетуваат Алјаска за да ја искусат оваа недопрена природа, од кои многумина се целосно неподготвени за такви области и временските услови.

Многу од овие луѓе веројатно се изгубени среде оваа катастрофа, поради што секоја година се започнуваат бројни операции за пребарување и спасување.

Министерката Божиновска во Баку: Шанса за Македонија да обезбеди нови зелени инвестиции

​Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како дел од високата државна делегација предводена од претседателката Гордана Силјановска Давкова, учествува на COP29 – 29. 

Конференција на Обединетите нации за климатски промени во Баку, Азербејџан. Во делегацијата е и првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

COP29 е глобален настан кој обединува светски лидери и експерти од над 70 земји. Годинешната тема на самитот е „Инвестирање во одржлива иднина“, со фокус на енергетската трансформација и заштитата на животната средина преку иновации и нови технологии. Овој самит, кој се одржува секоја година, претставува клучна платформа за земјите да ги координираат напорите за намалување на емисиите и промоција на обновливите извори.

Министерката Божиновска ја истакна важноста на учеството во овој самит кој претставува можност Македонија да воспостави нови меѓународни партнерства и да обезбеди нови инвестиции во обновливи извори и одржлива енергетска инфраструктура, што ќе придонесе кон постигнување на долгорочните климатски цели и економски развој.

„Ваквите настани ни овозможуваат размена на знаења и искуства со глобалната заедница и можност да воспоставиме соработка што ќе придонесе кон нашата транзиција кон зелена енергија.“ истакна Божиновска.

Македонската делегација активно ќе работи на воспоставување партнерства и можни инвестиции кои ќе овозможат иновативни проекти во земјата, со цел унапредување на енергетската независност и заштитата на животната средина.

Со почит,

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини

Учество на претседателката Сиљановска Давкова на Самитот за климатски промени (КОП29)

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова престојува во Баку, Република Азербејџан, по повод учеството на Светскиот лидерски самит за акција во рамки на 29. Конференција на страните на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени – КОП29.

Во рамки на учеството на самитот, претседателката Сиљановска Давкова ќе се обрати на првата пленарна сесија и предвидено е да оствари повеќе билатерални средби со шефови на држави и влади, како и средби со претставници на меѓународни организации.

Во состав на македонската државна делегација што ја предводи претседателката Сиљановска Давкова, се заменик претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

СДСМ: Укинување на ДДВ за храната вистински ќе ги намали цените, кошничките немаат ефект

​Предлог законското решение на СДСМ за укинување на ДДВ на храната вистински и реално ќе ги намали цените на над 250 категории на производи а граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари.

Мерката на Владата со така наречените кошнички односно замрзнување на маржите се покажа дека нема никаков ефект и цените не се намалија.

Освен реалната ситуација во маркетите каде цените на производите остана исти, тоа го потврдуваат податоците на Државниот завод за статистиска кој објави дека цените на мало во октомври се „намалиле“ за само 0,1%.

Синдикалната кошничка пак е намалена за само 57 денари а споредбено октомври во 2023 со октомври во 2024 година, трошоците за живот се зголемиле за 3,5%.

Владата задоцни и спроведе мерка којашто се покажа недобро осмислена, погрешна и неефикасна и затоа наместо нови најави за кошнички со ефект од 0,1% власта треба да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната.

Со луксузни часовници од 50.000 евра на раката Мицкоски треба да помисли на потребите на граѓаните кои врзуваат крај со крај.

СДСМ

притисни ентер