Верстапрен победи во Лас Вегас и покрај казната (ВИДЕО)

Макс Верстапен, возач на тимот на Ред Бул, е победник на спектакуларната Формула 1 трка во Лас Вегас.

Ова е 18-та победа сезонава за Холанѓанецот. Шарл Леклер во Ферари ја заврши трката на второто место, додека на третото место беше тимскиот колега на Верстапен, Серхио Перез.

Прв стартуваше Леклер, но Верстапен веднаш го престигна во првиот свиок со „туркање“ од патеката. Како резултат на тоа, Верстапен доби казна од пет секунди во седмиот круг, која Леклер ја искористи за да поведе на извесно време. Холанѓанецот претрпе и штета додека се судри со Џорџ Расел.

Но, возачите на Ред Бул, Верстапен и Перез дојдоа на водечките две позиции на еден круг до крајот. Сепак, Леклер во последниот, педесетти круг, успеа да го претекне Мексиканецот и да ја обезбеди втората позиција. Британскиот возач Ландо Норис не ја заврши трката, удри во заштитната ограда во четвртиот круг.

Макс Верстапен води во поредокот кај возачите со 549 поени пред тимскиот колега Серхио Перез (273 поени). На третото место е Луис Хамилтон со 232 бода. По редоследот на конструктори прв е Ред Бул со 822 бода, а потоа следат Мерцедес со 392 бода и Ферари со 388.

Мото-спектаклот во пустината Мохаве не го пропуштија голем број истакнати актери, музичари и спортски великани како Шекил О'Нил, Дејвид Бекам, Линдзи Вон и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Ова беше трета трка во Лас Вегас по 1981 и 1982 година, кога Ф1 во два наврати неуспешно се обиде да воспостави Гран При.

Трамп го обвини Зеленски за почнување на војната со Русија

Поради милијардите долари американска воена помош за Украина од почетокот на војната во 2022 година, поранешниот американски претседател редовно го критикуваше Зеленски за време на кампањата, постојано нарекувајќи го „најголемиот трговец во светот“.

- Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека помогнал да се започне војната со Русија, навестувајќи радикална промена на политиката кон Украина доколку победи на изборите на 5 ноември.

Поради милијардите долари американска воена помош за Украина од почетокот на војната во 2022 година, поранешниот американски претседател редовно го критикуваше Зеленски за време на кампањата, постојано нарекувајќи го „најголемиот трговец во светот“.

Трамп го критикуваше украинскиот лидер и поради тоа што не бара мир со Москва и предложи Украина да ѝ отстапи одредена територија на Русија за да постигне мировен договор, отстапка која Киев ја смета за неприфатлива.

Во подкастот ПБД на Патрик Бет-Дејвид тој рече дека Зеленски е виновен не само што не ја завршил војната, туку и што помогнал да започне.

„Тоа не значи дека не сакам да му помогнам затоа што многу ми е жал за тие луѓе. Но, тој никогаш не требаше да дозволи таа војна да започне. Во војна, сите се губитници“, рече Трамп.

На состанокот во Њујорк во септември, Зеленски му го претставил на Трамп својот „план за победа“ со кој би завршила војната, а според двајцата лидери, средбата била срдечна.

Трамп во неколку наврати изјави дека ќе го прекине конфликтот кога ќе ја преземе функцијата во јануари, но не објасни како.

Сепак, јавните коментари на Трамп сугерираат дека тој ќе ја прекине помошта за Украина доколку ја победи кандидатката на Демократската партија и потпретседателка Камала Харис. Таа вети континуирана поддршка за Украина и ја истакна победата на украинската нација како американски национален безбедносен интерес. Харис постојано го критикува Трамп дека не сака да му се спротивстави на рускиот претседател Владимир Путин.

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.

УХМР информира дека во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со услови за слаб локален дожд. Потоа следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

притисни ентер