Утре, ден за шопинг наречен „Блек фрајдеј“

Последниот петок во ноември традиционално е резервиран за глобално најпознатиот ден за шопинг наречен „Блек фрајдеј“, кога граѓаните продуктите од своите омилени брендови можат да ги купат со специјални попусти.

Дел од трговците се одлучуваат да започнат со извесни попусти и неколку недели пред официјалниот ден, па така раздвиженоста и гужвите низ трговските центри се чувствуваат речиси еден месец пред „црниот петок“. Дел од граѓаните велат дека постојано изминатиов период постојано ги следат цените, со цел да утврдат за што најмногу би им се исплатело да ги искористат попустите..

- Дојдов чисто онака да прошетам и да видам што има и како има, една контрола да направам што се вика. Ако нешто ми треба и ако е нешто цената да е намалена да видам..

- Ако евентуално цената се спушти се исплати да се купи нешто. Во секој случај ако е потребно нешто за дома ќе си купиш дали е поевтино или поскапо

А огромни попусти со рекордно намалени цени до 75% на продукти за секој дел од домот , уште од 15 ноември можат да се најдат во продажните салони на „Comodita Home“, на нивните социјални мрежи и специјалната емисија „Comodita TV Shop“. За кујна имаат понуда на тави почнувајки од 499 денари, за дневна и спална соба ќебиња за 650 денари, но и пакет од 5 перници за 799 денари..Во понудата има и патнички торби кои почнуваат од 2.090 денари како и уникатни украси, пешкири, бањарки...Попустот ќе кулминира токму на утрешниот ден со специјалната понуда на ексклузивните душеци „Hybrid“ и „Cloud“ кои веќе се на троен попуст..

-Не само што се на троен попуст, туку сите оние кои што ќе сакаат да ги купат ќе имаат со купувањето уште минус 50 евра, доколку го донираат и нивниот стар душек кои што може се разбира да си го одземат од цената. Исто така „Comodita Home“ доаѓа до нивната врата, им го зема стариот душек, го носи новиот што значи дека и доставата ќе биде бесплатна. Кога сме кај душеците сите се со врвен квалитет, јас би споменала дека она што направивме да биде куриозитет а тоа е што душекот Лавандер, ќе чини само 4199 денари за „Блек фрајдеј“ и со тоа официјално го имаме најекономичниот душек на пазарот токму за овој голем ден,- Елена Стојановска – Јанковска.

Попустите во Comodita ќе траат до крајот на месецот, а оттаму нагласуваат дека станува збор за несекојдневни понуди кои ги има само еднаш во годината, па апелираат потрошувачите навремено да ги искористат залихите, бидејки количините се ограничени..

Со рафали и метеж се славеше Денот на албанското знаме во Скопје (ВИДЕО)

Со рафални пукотници во центарот на Скопје вечерва се славеше Денот на албанското знаме.

Стотици возила попладнево го блокираа главниот град со развиорени албански знамиња, се славеше Денот на албанското знаме. На крстосницата кај Мавровка се слушаа рафални пукотници.

Претходно колона од стотина возила тргна од средно Водно и се движеше кон централното градско подрачје. Граѓаните кои се најдоа во овој дел од Скопје сведочат дека движењето во двата правци било целосно блокирано.

Трамп вечераше со Марк Закерберг- за што разговарал со сопственикот на Фејбук?

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг вчера го посетил Мар-а-Лаго, каде што се сретнал со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и членовите на неговата претстојна втора администрација.

Извршниот директор на Мета бил виден со силно обезбедување и бројни членови на персоналот додека престојувал во приватниот клуб на Трамп во Палм Бич вечерта, изјави извор за Политико.

На Фокс њуз, Стивен Милер, заменик-шефот на кабинетот на администрацијата на Трамп, го потврди извештајот за присуството на Закерберг, велејќи дека тој „јасно ја изразил својата желба да ги поддржи и да учествува во промените што ги гледаме низ Америка, ширум светот во ова реформско движење што го води Доналд Трамп“.

Портпаролот на Мета, исто така, ја потврди средбата, велејќи во изјавата дека Закерберг е „благодарен“ за поканата да му се придружи на Трамп на вечера и да се сретне со другите членови на претстојната администрација.

„Ова е важен момент за иднината на американските иновации“, изјави портпаролот на Мета.

Трамп јавно го критикуваше Закерберг во последниве години, осудувајќи ја неговата одлука да одвои стотици милиони долари за изборната инфраструктура во 2020 година, што Трамп го опиша како мешање во изборите. Тој постојано сугерираше дека Закерберг треба да заврши во затвор и се закани дека ќе го стори тоа доколку и оваа година инвестира слични суми во изборната инфраструктура.

Сепак, и двајцата во последните месеци навестија дека нивната врска се подобрува. Трамп на подкастот „Bussin' With The Boys“ во октомври рече дека се чувствува подобро во врска со Закерберг, нарекувајќи го „убаво“ што овој пат „останува надвор од изборите“ и му се заблагодари на Закерберг што му се јави по обидот за атентат на 13 јули во Батлер, Пенсилванија.

„Ќе видиме што ќе излезе од тоа“, изјави Милер за Фокс њуз за интересот на Закерберг да работи со Трамп.

„Марк очигледно има свои интереси, своја компанија и своја агенда, но јасно стави до знаење дека сака да ја поддржи националната обнова на Америка под водство на Трамп“, заклучи Милер.

Постигнат договор, приватните превозници од понеделник се враќаат во сообраќај, ќе нема блокади

Наместо на блокади автобусите на приватните превозници в понеделник ќе се вратат во сообраќај..

Оваа одлука доага по договорот за повисоката цена за изминат километар кој е постигнат вечерва на средбата со советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Градот Скопје..

Ако утре не биде закажана вонредна седница на Советот, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе бараат нејзино свикување..

притисни ентер