Од продавницата велат дека прво не знаеле која е девојката, но подоцна ја идентификувале како Марлена Велез. Девојката на 30 октомври влегла во продавницата во Кејп Корал и почнала да се снима како купува разни производи.
Откако ја наполнила корпата, отишла на касата за самопослужување каде скенирала баркодови за производи со помала вредност од она што всушност го купила. Откако наводно завршила со купувањето, таа ја напуштила продавницата.
„Нашите полицајци првично добија пријава од Таргет за оваа малопродажна кражба. Добија безбедносна снимка. Имаа фотографија од жена во продавницата која купува“, рече Мерцедес Симондс, службеник за информации во полицискиот оддел на Кејп Корал.
Полицијата соопшти дека украдените предмети, вклучително и предмети за домаќинство и облека, биле проценети на повеќе од 500 долари.
Откако полицијата објави слика од осомничената на своите профили на Фејсбук и Инстаграм, анонимно лице пријавило дека ја видело жената. Полицијата веднаш по пријавата излегла на терен
Само неколку минути пред наводната кражба, Марлена објавила видео на својот TikTok како се подготвува да го напушти својот дом. Истиот ден, само кратко време подоцна, таа била видена облечена во истата облека во продавницата Таргет.
@cnn Social media influencer Marlena Velez was arrested for theft after police used her own posts to find her, according to a Cape Coral Police press -release. Police tracked down the suspect after an anonymous caller helped them identify the suspect on Instagram and TikTok. #CNN #news #Target #Florida ♬ original sound - CNN
Велез сега е обвинет за кражба, а истрагата се уште е во тек.