Со рафали и метеж се славеше Денот на албанското знаме во Скопје (ВИДЕО)

Со рафални пукотници во центарот на Скопје вечерва се славеше Денот на албанското знаме.

Стотици возила попладнево го блокираа главниот град со развиорени албански знамиња, се славеше Денот на албанското знаме. На крстосницата кај Мавровка се слушаа рафални пукотници.

Претходно колона од стотина возила тргна од средно Водно и се движеше кон централното градско подрачје. Граѓаните кои се најдоа во овој дел од Скопје сведочат дека движењето во двата правци било целосно блокирано.

Ајкула се појави „од никаде“ и го зграпчи нуркачот за глава (Вознемирувачко видео)

Застрашувачкото видео е снимено на Малдиви, а прикажува нуркач кој уживал во истражувањето на подводниот свет.

Несреќниот човек одеднаш се нашол на удар на опасен предатор.

Нуркачот е свртен кон камерата и не сфаќа дека зад него се појавила ајкула, која молскавично ги отворила вилиците и му ја зграбила главата. Снимката е застрашувачка, но има среќен крај.

Ајкулата го каснала нуркачот, а тој почнал да мафта со рацете и нозете. Неколку секунди подоцна го пуштила и исчезнала во длабочините, пренесува Daily Mail.

Несреќниот маж замавнал и се упатил кон површината, покажувајќи му на камерманот дека и тој треба да се засолни. И двајцата ги напуштиле опасните води, а видеото останува доказ за тоа колку среќа имале.

Позната инфлуенсерка крадела по маркети, ја откриле според облеката во која се снимала (ВИДЕО)

Популарната инфлуенсерка Марлена Велез е уапсена откако наводно крадела од познатиот американски маркет Таргет во Флорида.

Од продавницата велат дека прво не знаеле која е девојката, но подоцна ја идентификувале како Марлена Велез. Девојката на 30 октомври влегла во продавницата во Кејп Корал и почнала да се снима како купува разни производи.

Откако ја наполнила корпата, отишла на касата за самопослужување каде скенирала баркодови за производи со помала вредност од она што всушност го купила. Откако наводно завршила со купувањето, таа ја напуштила продавницата.

„Нашите полицајци првично добија пријава од Таргет за оваа малопродажна кражба. Добија безбедносна снимка. Имаа фотографија од жена во продавницата која купува“, рече Мерцедес Симондс, службеник за информации во полицискиот оддел на Кејп Корал.

Полицијата соопшти дека украдените предмети, вклучително и предмети за домаќинство и облека, биле проценети на повеќе од 500 долари.

@marlenavelezz didn’t realize how far we were from the camera 🥲 - #momsoftiktok #momlife #sahmof2 #sahmoftiktok #familyof4 #ootd #ootn #familyootd #momof2 #toddlermom #sahmlife #softlife #momootd ♬ thang for you . - PrettyjawnsloveMacho

Откако полицијата објави слика од осомничената на своите профили на Фејсбук и Инстаграм, анонимно лице пријавило дека ја видело жената. Полицијата веднаш по пријавата излегла на терен

Само неколку минути пред наводната кражба, Марлена објавила видео на својот TikTok како се подготвува да го напушти својот дом. Истиот ден, само кратко време подоцна, таа била видена облечена во истата облека во продавницата Таргет.

@cnn Social media influencer Marlena Velez was arrested for theft after police used her own posts to find her, according to a Cape Coral Police press -release. Police tracked down the suspect after an anonymous caller helped them identify the suspect on Instagram and TikTok. #CNN #news #Target #Florida ♬ original sound - CNN

Велез сега е обвинет за кражба, а истрагата се уште е во тек.

УНРВА: Околу 15.000 бремени жени во Газа се на раб на глад

Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа на палестинските бегалци на Блискиот Исток (UNRWA) предупреди дека 15.000 бремени жени се на работ на глад во Појасот Газа, кој е под интензивни израелски напади повеќе од една година, јавува Anadolu.

Во објавата на X, вниманието го привлече ситуацијата во Газа.

Беше наведено дека во Газа има околу 50.000 бремени жени и дека само следниот месец се очекуваат 4.000 раѓања.

„Околу 15.000 од нив веројатно ќе бидат на работ на глад“, предупреди УНРВА.

Во соопштението се нагласува дека обилните дождови и ограничената помош ја влошиле состојбата на раселените луѓе во Газа.

Исто така, е наведено дека 2024 година беше „најсмртоносната година за хуманитарните работници“ со 281 смртен случај ширум светот, од кои повеќето вработени на УНРВА во Газа.

притисни ентер