Утре без струја делови од Карпош, Аеродром и Кисела Вода

 Без електрична енергија утре од 9:00 до 13:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Козле“ и дел од објектите над КАМ маркет кон Центар. 

Во истиот временски период утре без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Ѓорѓи Андреевиќ“ и „Горно Лисиче“ во општина Аеродром.

Од 9:30 до 13:00 часот без струја утре ќе бидат корисниците од улицата „Јабланица“ бр.101А во општина Кисела Вода.

Како што информира РЦУК - Скопје, прекините се поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.

Марковска Илиевска: Владата има решение за загадениот воздух

Владата има решение за загадениот воздух, главно е изградба на когенеративна централа во Скопје.

Седум години СДС потроши над 25 милијарди евра преку буџетот, а не инвестираше ниту едно евро за подобрување на животната средина и намалување на загадување воздухот.

Скопје со денови се гуши и е на врвот на листата на градови со најзагаден воздух во светот.

Граѓаните со право се револтирани. Затоа што болниците се полни со пациенти како последица на загадениот воздух.

Во изминативе децении проблемот се напластувал, а решение имало многу малку. Ова особено е случај со последните седум години кога не е преземено ништо во однос на тоа.

Потребен е системски пристап за намалување на загадувањето кој ќе вроди со плод на среден рок. Владата на ВМРО-ДПМНЕ има план од неколку столбови, меѓу кои најглавна е целосна гасификација на земјата. И изградба на когенеративна централа во Скопје со цел проширување на топловодната мрежа. Во делови од градот коишто користат други горива за загревање на домовите, а кои се причинител од над 60% за загадениот воздух.

Со изградбата на когенеративната централа во голема мера ќе се намали загадувањето, а со целосна гасификација и на индустриски објекти процентот на загаденост уште повеќе ќе се намали.

Владата во наредниот период планира и големи акции за пошумување и други мерки кои на долг рок ќе ја подобрат животната средина.

ВМРО-ДПМНЕ покажува како се работи и како одговорно се постапува со животната средина и намалувањето на загадувањето.

Со почит,

Прес-конференција на Анета Марковска Илиевска, советник во Совет на Град Скопје

Земјоделски инспекторат: Откупени се 18 тони и 362 килограми тутун по просечна цена од 368 ден.

Од почетокот на откупот на тутунот во земјава, до вчера се преземени 18 тони и 362 килограми со просечна цена од 368,33 денари за килограм.

На теренот се откупува на 14 ваги и тутун засега купуваат три компании, информира директорот на државниот земјоделски инспекторат Васе Анакиев.

Досега, најмногу има откупено фирмата „Кавекс Балкан“ која презела 10 тони и 248 килограми по просечна цена од 375 денари што е цената на прва класа килограм откупен тутун. Компанијата „Сокотаб“ откупила 6 тони и 490 килограми по цена од 356, 13 денари, а фирмата „Пашоски“ од кооперантите презела еден тон и 623 килограми и сиот во прва класа од 375 денари.

-Во моментов во земјава тутун се откупува на 14 пункта, од кои на 7 купува „Сокотаб“, на пет пункта фирмата „Кавекс Балкан“, а на два пункта тутун откупува компанијата „Пашоски“. Нема никакви проблеми во досегашниот тек на откупот и се чека да почнат другите компании да го преземаат договорениот тутун од кооперантите, вели Анакиев.

Според Сојузот на тутунски здруженија покрај трите компании кои откупуваат, од понеделник е најавено откупната кампања да ја започнат и компаниите „Секе“, „Алијанс“ и „Италмакс“.

Тутунарите остануваат на ставот дека бараат повисока откупна цена која да не биде во просек пониска од 420 денари за килограм.

Јаневска: Францускиот јазик е дел од нашата историја

Францускиот јазик е дел од нашата историја, но исто така и нераскинлив дел од нашата европска иднина.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, во име на Министерството и францускиот амбасадор, Кристоф Ле Риголер во име на Амбасадата на Република Франција, денеска потпишаа Анекс на меморандумот за соработка, со кој дополнително ќе се поттикне изучувањето на францускиот јазик во нашиот образовен систем.

Пред потпишувањето на меморандумот, Јаневска изјави дека во Анексот се наведени 25 училишта во целата држава каде ќе се одвиваат средби за презентација на францускиот јазик кај родителите. како и часови за учениците, насочени кон откривање на можностите што ги нуди изучувањето на францускиот јазик.

- Исклучително е значајно учениците да бидат мултијазични, но и да се запознават со различни култури и да ги шират сопствените видици. Дополнително сметам дека е од исклучителна корист учеството во Франкофонијата на Република Македонија, затоа што тоа е можност и за афирмација на нашата култура, нашиот идентитет и нашиот јазик. Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебна соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен интерес, рече Јаневска.

Таа додаде дека присуството на францускиот јазик кај нас, како и членството на нашата држава во Меѓуанродната организација на Франкофонијата го гледа како можност за афирмација на македонскиот идентитет, јазик, историја и богато културно наследство, како и на сите вредности на современото македонско општество, мирот, демократијата, толеранцијата и солидарноста.

-Ова е во интерес на подигнувањето на квалитетот на националниот образовен систем и посакувам овој успех да се остваари. Да ги подготвиме младите со знаење и вештини, кои ќе одговорат на идните потреби, кои и покрај технолошкиот напредок, вклучуваат знаење на странски јзации како алатка, која се поврзува со многу култури, перспективи и можности. МОН како креатор на политики ја промовира посветеноста на јазична различност, а францускиот јзаик се изучува во основното, средното и високото образование, рече министерката.

Како резултат на соработката со амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, со Меѓународната организација на Франкофонија и со Регионалното биро за централна и источна Европа, веќе четврт век се организира Летниот регионален семинар во Струга, педагошка обука која обединува на едно место професори по француски јазик од повеќе земји во регионот. Професори по француски јазик и професори кои предаваат други наставни предмети на француски јазик, можат да учествуваат и на летни обуки во Франција.

Министерката Јаневска нагласи дека секогаш е можно постојната соработка да се издигне на уште повисоко ниво, па затоа и во иднина двете страни ќе разговараат за нови заеднички иницијативи.

Францускиот амбасадор, Кристоф Ле Риголер изјави дека потпишување на Меморандумот е доказ дека соработката меѓу македонските образовни институции и Француската амбасада се продлабочува, со цел промовирање и афирмација на францускиот јазик во македонскиот образовен систем.

-Да им се заблагодариме на сите професори коишто помагаат во промовирањето на францускиот јазик и изучувањето на францускиот јазик во училиштата. Но, исто така, ова е одличен доказ дека соработката се повеќе се продлабочува меѓу МОН и македонските образовни институции, заедно со Француската амбасада и со Францускиот институс во Скопје, а се со една поголема цел - промовирање и афирмација на францускиот јазик во македонскиот образовен систем, рече амбасадорот.

притисни ентер