Усвоен нацрт-закон за Медитеранските игри „Приштина 2030“

„Со усвојувањето на овој нацрт-закон, Медитеранските игри се прогласени за прашање од посебен интерес за Република Косово, одразувајќи го стратешкото значење што овој проект го има за нашата земја“, рече Османи.

Владата на Косово го усвои денеска Нацрт-законот за Медитеранските игри кои ќе се организираат во косовската престолнина во 2030 година, со кој се предвидува организирањето на тој спортски настан да биде прогласено за прашање од особено значење за државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Заменичката-министер за спорт, Даулина Османи, претставувајќи го нацрт-законот рече дека тој доаѓа како „резултат на длабока анализа на локалната правна рамка и меѓународните практики на организирање слични мултиспортски настани“.

„Со усвојувањето на овој нацрт-закон, Медитеранските игри се прогласени за прашање од посебен интерес за Република Косово, одразувајќи го стратешкото значење што овој проект го има за нашата земја“, рече Османи.

Со нацрт-законот се формира Организациски комитет на Медитеранските игри 2030, како независна структура со статус на невладина фондација задолжена да ја води активноста.

Претседател на Комитетот ќе биде косовскиот премиер, Албин Курти, кој рече дека преку организацијата на овој настан Косово ќе добие модерна спортска инфраструктура, но и ќе се промовира на меѓународната сцена.

„Медитеранските игри 'Приштина 2030' се најголемиот спортски настан во земјата и регионот и преку инвестиции директно ќе придонесе за подобрување и унапредување на спортската инфраструктура, додека преку гостопримството ќе придонесе за меѓународно претставување и промоција на нашата република“, рече Курти.

Приштина го доби правото да ги организира Медитеранските игри на Генералното собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри што се одржа во Грција во септември минатата година.

ВМРО-ДПМНЕ: Кумата на хаосот на јавниот превоз Арсовска, го доведе Скопје на раб на колапс

Самопрогласенаата „реформаторка“ на јавниот сообраќај, повторно успеа да го доведе Скопје на раб на колапс.

Неспособната Арсовска кој ае и кума на хаосот со јавниот превоз глуми загриженост за проблемите што сама ги создаде, додека граѓаните, се сведени на улога на пасивни спонзори на проектот „Како да се троши без отчетност?“

Наместо да излезе пред советниците со план за набавка на нови автобуси, таа повторно магично исчезна.

Каде се парите од Град Скопје? Каде се ветените решенија? Одговорите остануваат зад затворени врати каде што се носат одлуките.

Арсовска ако воопшто има некаква грижа на совест за граѓаните, треба конечно да покаже вистинска отчетност. Доколку таа е подготвена на тоа, тогаш советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје се подготвени да го поддржат предлогот за нови автобуси.

Во спротивно ова апокалиптично сценарио на коешто скопјани се принудени да се адаптираат секојдневно, ќе продолжи. Пешачење со километри, доцнење на работа стана секојдневие затоа што неспособноста на Арсовска го сведе јавниот превоз да стане мисловна именка, се наведува во партиското соопштение.

Русија протерува двајца новинари на германската телевизија А-Ер-Де

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе протера дописник и снимател од германската телевизија А-Ер-Де (АРД) како одговор на дејствијата на германските власти против рускиот Канал 1, пренесоа британските медиуми.

Претходно беше објавено дека Германија го затвора руското биро за медиуми во Берлин и дека на двајца руски новинари кои работат за него - дописник и снимател - им било наредено да ја напуштат земјата од безбедносни причини./МИА

Си-Ен-Ен: САД и Кина разменија затвореници

Тројца американски затвореници беа ослободени од кинески притвор, а неодреден број кинески затвореници беа ослободени од американски притвор, како дел од размената на затвореници меѓу Вашингтон и Пекинг.

„Со задоволство можеме да кажеме дека Марк Свидан, Каи Ли и Џон Леунг се ослободени од притвор во Народна Република Кина. Тие наскоро ќе се вратат и ќе се обединат со своите семејства за првпат по многу години“, рече портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, пренесува Си-Ен-Ен.

Тие беа ослободени во замена за неодреден број кинески затвореници во САД. „Благодарение на напорите на оваа администрација и дипломатијата со Кина, сите неправедно приведени Американци во Кина се дома“, рече портпаролот на Советот.

Ли и Свидан се водеа како незаконски приведени од американскиот Стејт департмент. Свидан беше уапсен во 2012 година под обвиненија поврзани со дрога и помина повеќе од една деценија во затвор, додека Ли е во притвор од 2016 година под обвинение за шпионажа. Леунг беше уапсен во 2021 година и осуден на доживотен затвор во 2023 година под обвинение за шпионажа. /МИА

притисни ентер