Се сликаше од болничкиот кревет и рече: „Добро, тука сум. Ќе влезам и ќе се ослободам од последниот мртов тумор. Бидејќи нема повеќе клетки на рак во моето тело, претпоставувам дека ќе бидам без рак и со нетрпение ја очекувам оваа процедура, правам аблација на белите дробови.“
„Благодарен сум и возбуден за сè што доаѓа. Ви благодарам на сите за поддршката. Тоа беше тешко патување и навистина ме научи да живеам во моментот и да уживам во секој момент од мојот живот“, додаде тој.
Долф ја откри својата дијагноза пред обожавателите во мај. Тогаш рекол дека првиот тумор бил пронајден во неговиот бубрег пред осум години и потоа успешно бил отстранет. Меѓутоа, во 2020 година, ракот се проширил на неговите бели дробови, 'рбетот, црниот дроб и стомакот. Прогнозата не била добра, а еден лекар му рекол на Долф дека му остануваат само уште две до три години живот.
„Го прашав колку ми останало, мислам дека рече две или три години, но по гласот можев да забележам дека е помалку. Мислев дека мора да е тоа. Имав е*ано одличен живот. Живеев пет животи наеднаш, така што не бев огорчен поради тоа“, рече Лундгрен еднаш. Потоа побарал дополнително мислење од онколог во медицинскиот центар UCLA. Понатамошните третмани биле ефективни и актерот сега закрепнал.
Да потсетиме, актерот роден во Стокхолм со поранешната сопруга Анет Квиберг има две ќерки Ајда Сигрид (28) и Грета Евелин (23). Сега е во брак со 28-годишната Ема Крокдал.
Актерот го имаше своето деби во 1985 година со помала улога во A View to Kill, филм од серијата филмови за Џејмс Бонд. Сепак, тој направи голем пробив со филмот Роки 4, каде глумеше со Силвестер Сталоне.
По неговиот пробив во филмскиот свет, тој замина во Лос Анџелес, каде што сними голем број филмови. Од средината на 90-тите неговата кариера е во надолна линија, а новото враќање на големото платно доживеа во 2010 година во филмот Платеници, каде глумеше покрај Силвестер Сталоне, Џејсон Статам, Мики Рурк и Џет Ли.