Русија протерува двајца новинари на германската телевизија А-Ер-Де

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе протера дописник и снимател од германската телевизија А-Ер-Де (АРД) како одговор на дејствијата на германските власти против рускиот Канал 1, пренесоа британските медиуми.

Претходно беше објавено дека Германија го затвора руското биро за медиуми во Берлин и дека на двајца руски новинари кои работат за него - дописник и снимател - им било наредено да ја напуштат земјата од безбедносни причини./МИА

До смрт е претепан средношколец во Лесковац

Ученикот А.И. (16), кој денеска беше претепан пред Хемиското училиште во Лесковац, им подлегнал на повредите, потврдија во лесковачката општа болница, јави дописникот на МИА од Белград.

- Донесен е без свест, со широки зеници, бледа кожа и слузокожа, без пулс и немерлив притисок, изјави директорот на Општата болница Лесковац, Небојша Димитријевиќ, додавајќи дека реанимацијата била веднаш започната, но за жал неуспешно. Тој рече дека точната причина за смртта ќе ја утврди обдукцијата.

Како што објавија српските медиуми, А.И. бил ученик во трета година во Текстилното училиште. Враќајќи се дома, бил нападнат со метални прачки од две млади момчиња на скутер кои по тепањето избегале.

Поради истрагата која е во тек, полицијата се уште нема излезено со детали.

Според директорот на Центарот за социјална работа, Предраг Момчиловиќ, шеснаесетгодишното момче А.И. десет години било во згрижувачко семејство во Лесковац, а инаку е од околината на Лесковац.

Ранет елен му се одмазди на ловецот, едвај извлече жива глава (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружи драматично видео, снимено во Република Саха, која ја зафаќа целата област на Источен Сибир.

Во главните улоги се ловец и ранет елен, подготвен за брутална одмазда.

На почетокот гледаме човек со пушка како се приближува до големото животно и пука, но не го убива. Неколку секунди подоцна следува жесток контранапад, пишува Дејли мејл.

Еленот го удрил ловецот со рогови и го соборил на земја, во непосредна близина на автомобилот во кој биле двајца негови (вооружени) колеги. Животното продолжило да го гази беспомошниот човек кој се обидувал да се спаси.

Останува нејасно зошто другите ловџии не пукале, додека камерманот се обидел да го исплаши бесното животно. Локалните медиуми јавуваат дека инцидентот се случил претходно овој месец.

Засега не се знае дали ловецот се здобил со сериозни повреди по нападот, ниту пак му била укажана лекарска помош.

Вапити (Cervus canadensis) е преживар од семејството на елени. Тој е најголемиот вид по лос, а живее во шумите на Северна Америка и Источна Азија, додека успешно е колонизиран во Аргентина и Нов Зеланд.

Германија негира дека го затворила бирото на руската телевизија Канал 1 во Берлин

„Руските новинари можат слободно и непречено да известуваат за вести во Германија. “

Германија не ја затвори канцеларијата на руската телевизија Канал 1, а двајцата новинари на кои им беше наредено да ја напуштат земјата не ги исполнувале законските услови за престој во земјата, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, цитиран од ДПА.

-Руските новинари можат слободно и непречено да известуваат за вести во Германија. Голем број руски новинари се акредитирани од Федералната канцеларија за печат и информации, рече портпаролот. Тој нагласи дека канцеларијата за медиуми во Берлин не е затворена.

Претходно денеска руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе протера дописник и снимател од германската телевизија А-Ер-Де како одмазда за затворањето на канцеларијата на Канал 1 во Берлин и протерувањето на двајца руски новинари.

Портпаролот на германската влада посочи дека правото на престој во земјата е работа со која се занимаваат државните органи.

-Работата како новинар не ви прави ништо добро ако не ги исполнувате условите за престој, додаде тој.

Германското Министерство за надворешни работи останува во близок контакт со германските новинари во Москва поради загриженоста дека Русија презема многу „тешки акции“ против претставниците на медиумите, рече портпаролот на Министерството. /МИА

притисни ентер