Учебната година во Белгија продолжува со најави за штрајкови и протести

Според синдикатите на образованието, до крајот на месецов се планирани дводневен штрајк и серија протестни акции, што се очекува да донесе социјално турбулентен јануари во белгискиот образовен систем. 

По божиќните и новогодишните празници учениците во Белгија од денеска се враќаат во училишните клупи, но второто полугодие започнува со најави за штрајкови на наставниот кадар во средните и основните училишта во кои наставата се одвива на француски јазик.

Според синдикатите на образованието, до крајот на месецов се планирани дводневен штрајк и серија протестни акции, што се очекува да донесе социјално турбулентен јануари во белгискиот образовен систем.

Целта на овие протести е да се изрази незадоволство од најавите на новите влади во франкофонскиот регион Валонија и во Брисел за планови за штедење и за реформи во образованието. Според синдикатите, со мерките за штедење во прашање се доведуваат околу 500 работни места.

Заедничкиот синдикален фронт на наставниците кон крајот на ноември веќе организираше демонстрации поради мерките на штедење со кои се предвидени помалку средства за техничкото и стручното образование.

Но, властите не отстапија пред синдикалните барање, па сега синдикатите најавуваат генерален штрајк во образованието за 27 и 28 јануари. Предвидено е во текот на двата дена од штрајкот на 27 јануари да се одржат улични протести во Брисел, што ќе започнат некаде пред пладне, а за следниот ден се предвидени демонстрации на повеќе различни места.

По повеќе години ова би било прв прекин на работата на наставниот кадар во Валонија и Брисел, што би траел подолго од 24 часа.

Овој дводневен генерален штрајк треба да претставува само кулминација протестите, по повеќето протестни акции што се предвидени да почнат следната недела.

Генералниот секретар на Конфедерацијата на христијански синдикати - Образование (ЦСЦ-Е), Ролан Лаје за весникот „Соар“ изјави дека целта на протестите е да и укажат на јавноста за „загубите на работни места што ќе ги предизвикаат овие заштеди“, најавувајќи дека првата протестна акција ќе се одржи на 15 јануари.

По ова од 20 јануари се планирани и други активности за „подигање на свеста“ на јавноста за планираните реформи во образованието и со барање во иднина сите наставници да добиваат договори за работа на неопределено време.

Најавите за нови мерки за штедење и реформи, дополнително го зголемија незадоволството на наставниот кадар, кој во претходните шест месеци одржа повеќе протести изразувајќи незадоволство од „Пактот за извонредност“, сеопфатен пакет на реформи во образовниот систем што треба етапно да се спроведат до 2030 година, како и од новата процедура за евалуација на наставниците. /МИА

Араухо би можел да замине на позајмица во Јувентус

Одбранбениот фудбалер на Барселона, Роналд Араухо може да се пресели во Јувентус на позајмица, пренесува „La Gazzetta dello Sport“.

Според италијанскиот весник, 25-годишниот Уругваец веќе се согласил на трансферот за да добие поголема минутажа на натпреварите.

Барселона сè уште не ја прифатила понудата на торинскиот тим, но може да се согласи поради високата плата на дефанзивецот.

Араухо се пресели во Барселона во 2018 година. Сезонава поради повреда одигра само еден натпревар за Каталонците во Купот на Шпанија, постигнувајќи една асистенција.

Вредноста на Араухо на порталот „Трансфермаркт“ се проценува на 55 милиони евра. Неговиот договор со Барселона е до летото 2026 година. /МИА

И 23 години по воведување на еврото, се уште не се разменети 12 милијарди германски марки

Речиси четврт век по воведување на еврото, Германците сè уште разменуваат големи суми од нивната поранешна валута.

Германската централна банка соопшти дека во 2024 година размените биле околу 53 милиони марки, вредни околу 27,2 милиони евра.

Еврото беше официјално воведено на 1 јануари 2002 година, а 23 години подоцна, Германската централна банка проценува дека околу 12 милијарди марки сè уште не се разменети.

Според соопштението на бундесбанк, дел од парите најверојатно биле скриени, а потоа заборавени или на друг начин уништени, но се сомневаат дека дел од оваа сума веројатно се чува намерно, вклучително и во странство. Според германските закони, бундесбанката сè уште е обврзана бесплатно да ги заменува марките - без временско или ограничување на сумата.

Трамп не се откажува од спојување на Канада и САД

„Заедно - каква голема нација би била тоа“, дополни Трамп.

Доколку канада се спои со САД, немаше да има царини, даноците значително ќе се намалат и тие ќе бидат целосно безбедни од заканата на руските и кинеските бродови кои постојано ги опкружуваат“, напиша Доналд Трамп на својот онлајн сервис Truth Social.

„Заедно - каква голема нација би била тоа“, дополни Трамп.

Објавата дојде само неколку часа откако 53-годишниот премиер на Канада, Џастин Трудо ја најави својата оставка поради високата инфлација во земјата, кризата на станбениот пазар и јавните услуги.

Претходно, Трамп најави дека ќе воведе царина од 25 проценти за увоз од Канада. По средбата со трудо во неговата приватна резиденција во Флорида, Фокс Њуз објави дека трамп му рекол на канадскиот лидер дека неговата земја треба да стане 51-та американска држава доколку не може да се справи со зголемените царини.

Трамп сака да го купи и островот Гренланд, кои припаѓа на Данска, а се закани и дека ќе го врати панамскиот канал под контрола на САД.

притисни ентер