Промената на секојдневните навики може да се исплати по неколку недели, а еве во што е трикот!
Ако страдате од несоница или некое друго нарушување на спиењето, клучна работа е да го истренирате мозокот и по секоја цена да се придржувате до истото време на будење и легнување во кревет. Стефани Ромижевска е стручњак за спиење и вели дека е потребно трпение за ова да функционира.
- Без разлика колку сте уморни или колку сте спиеле претходниот ден, важно е да се придржувате до истиот распоред. Дури и ако имате слободен викенд, сепак треба да станете и да легнете во истото време. Зашто, ако го поместите времето на будење за неколку часа, ќе го збуните мозокот - тврди Ромижевска.
Таа, исто така, забележува дека е голема заблуда оти спиењето помага во закрепнувањето и дека, всушност, тоа придонесува да се чувствуваме инертни и зашеметени подолго време.
– Ако одите во кревет кога навистина сте уморни и поспани, и се придржувате до истиот распоред, по две недели ќе забележите дека вашата поспаност станува предвидлива – вели таа.
Стефани има интересен предлог за луѓето кои работат ноќе.
- Кога наутро ќе се враќате дома од ноќна смена, одлична идеја е да носите очила за сонце. Зашто, кога сакате да дремнете, дури и напладне, важно е да сте во затемнета просторија. Ако сè уште можете да ги видите предметите во собата, не сте ја затемниле доволно - објаснува Стефани.
Секако, ништо од ова нема да има ефект ако не го решиме „проблемот“ со мобилните телефони. Да, ова ги ужаснува повеќето луѓе, да се одвојат од своите телефони. Но, за да имаат здрав сон, тоа е една од клучните работи.
Пет златни правила:
Полнете го мобилниот телефон подалеку од креветот
Ставете го телефонот во тивок режим
Блокирајте ги апликациите
Користете црвен филтер
Поставете аларм за будење
Стефани потсетува дека идеалната температура за спиење е меѓу 18 и 20 степени Целзиусови, а пренесува Мирор.