Тридневна жалост во Параќин поради смртта на петнаесеттата жртва

Дваесет и четиригодишната Радоњиќ почина вчера во Клиничкиот центар во Војводина (КЦВ), и таа е петнаесеттата жртва во несреќата во Нови Сад.

По повод трагичната смрт на Ања Радоњиќ, општина Параќин прогласи тридневна жалост. Ања Радоњиќ беше тешко повредена во несреќата по паѓањето на повеќетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, јави дописникот на МИА од Белград.

Дваесет и четиригодишната Радоњиќ почина вчера во Клиничкиот центар во Војводина (КЦВ), и таа е петнаесеттата жртва во несреќата во Нови Сад.

Лекарите од Клиничкиот центар во Војводина продолжуваат со комплексно интензивен третман со континуирано следење на виталните функции на останатите двајцата пациенти кои се примени со тешки политрауматски повреди.

-Пациентите Ц. В, роден 2006 година и М. Т, родена 2000 година се наоѓаат во многу тешка здравствена состојба. Мултидисциплинарен конзилијарен тим од лекари секојдневно донесува одлука за понатамошно лекување, изјавија од Службата за односи со јавноста на КЦВ.

Новосадската опозиција поднесе барање за разрешување на градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Во уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 15 лица, додека двајца се борат за живот.

Оставката на Ѓуриќ е едно од барањата од серијата протести кои беа покренати по трагедијата.

„Гответе со Дракче“ - Мексикански шпагети

Во четврток (21.11.2024) во емисијата гостин ни беше Мелита Ракичевиќ

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче шпагети

300 гр. мелено месо

1 главица кромид

1 пиперка

200 гр. доматен сос

2 чили пиперчиња

1 лажица сусам

2 - 3 ловорови листови

прилог: лут чипс

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Божиновска: Инженерите – клучни партнери за енергетската иднина на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска се обрати на свеченото одбележување на 30-годишнината од основањето на македонскиот национален комитет на CIGRE – МАКО СИГРЕ. 

Настанот, кој ги собра водечките имиња од инженерската и академската заедница, го истакна значењето на македонските инженери во развојот на енергетските системи, информираат денеска од Министерството.

Во обраќањето, министерката нагласила дека инженерската професија е основен двигател на економскиот и технолошкиот напредок.

-Успехот на нашата работа понекогаш не се гледа веднаш, но, ние знаеме дека градиме нешто што ќе го наследат идните генерации. МАКО СИГРЕ е семејство на професионалци, мост помеѓу генерации инженери, кој гарантира континуитет во преносот на знаење. Иднината е во рацете на младите инженери, но за да успеат, потребна им е поддршката и знаењето што само искусните професионалци можат да го понудат, истакнала Божиновска.

Министерката ја потенцирала важноста на придонесот на македонските инженери во меѓународните организации како CIGRE, кои ја позиционираат Македонија како важен партнер на глобалната сцена. Вашата работа е гордост за нашата држава и пример за тоа како се надминуваат границите на знаењето и технологијата, истакнала Божиновска.

МАКО СИГРЕ, со повеќе од 100 членови – вклучувајќи водечки енергетски компании и универзитети – е значаен партнер во унапредување на енергетските политики и воведување иновации. Божиновска најавила засилена соработка со здружението, особено во примена на нови технологии и поддршка за младите инженери, поттикнувајќи ги да изберат технички професии и да дадат свој придонес во националните проекти.

-Со обединување на стручниот потенцијал, ќе создадеме средина каде што професионализмот и одговорноста се ценат, инженерските идеи се реализираат, а младите инженери го добиваат заслужениот простор за напредок. Вашата работа е основа за иднината на енергетскиот сектор, и Ви благодарам за сè што правите и ќе продолжите да правите, порачала министерката Божиновска.

На настанот присуствувале истакнати личности од инженерската и академската заедница, меѓу кои и претседателот на CIGRE, проф. Константин Папаилиу, генералниот секретар на CIGRE, г. Филип Адам, и претседателот на националниот комитет на CIGRE, г. Сашо Салтировски, со кои министерката Божиновска претходно оствари и директна средба во просториите на министерството, на која им посочи дека Министерството останува посветено на развој на енергетската инфраструктура, унапредување на иновациите како и зајакнување на соработката со стручната и академската заедница за изградба на одржлива енергетска иднина.

Османи: Албанскиот јазик е еден од најважните елементи на Рамковниот договор

Едногласно да дадеме порака дека албанскиот јазик е линијата што не смее да се пречекори, во овие политички битки за демонтирање на Рамковниот договор. 

Ова го подвлече Бујар Османи, потпретседател на Демократската унија за интеграција, кој е еден од учесниците на дебатата „Службен албански јазик - столб на Охридскиот договор“.

Настанот е по повод 22 ноември, Денот на албанската азбука, во организација на Аналитички истражувачки центар на Демократската унија за интеграција „Абдилаќим Адеми“.

- Денешниот настан е значаен, како прво, бидејќи се случува на важна годишнина, Денот на албанската азбука. Меѓутоа, сметаме дека овој важен ден не треба да се посвети само од историски контекст, туку и од аспект на предизвиците што денеска ги има албанскиот јазик. А, посебно поради фактот што се предизвикува официјалноста на јазикот преку иницијативите поднесени пред Уставен суд од политичари и политички партии. Ние сметаме дека официјалниот албански јазик е еден од најважните елементи на Рамковниот договор, рече Османи.

Османи оцени дека Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан.

- Тој е столбот на кохезијата, меѓуетничката хармонија во Република Македонија и сакаме оттука од еден мултиетнички панел, едногласно да дадеме порака дека албанскиот јазик е линијата што не смее да се пречекори, во овие политички битки за демонтирање на Рамковниот договор, додаде Османи.

Како што е најавено, дебатата ќе се фокусира на тековните предизвици и закани со кои се соочува Охридскиот мировен договор, неговото значење за стабилноста и развојот на нашата држава, како и идните чекори за негово зачувување и унапредување.

Освен Османи, на панелот говорат и Никица Корубин, поранешна пратеничка и политички аналитичар, Агим Нухиу, универзитетски професор, како и Ивон Величковски, политички лидер на Движењето за Нова Република.

Според организаторот, станува збор за клучна тема за општеството во Македонија.

притисни ентер