Трет ден активен шумскиот пожар на грчкиот полуостров Пелопонез

Подобрена е рано утрово ситуацијата со пожарот во северниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез во близина на градот Ксилокастро.

Подобрена е рано утрово ситуацијата со пожарот во северниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез во близина на градот Ксилокастро, откако противпожарните сили цела ноќ се бореа со огнените јазици, евакуирани беа низа населени места, додека пак синоќа превентивно беше затворен автопатот кон и од Атина и кон и од Патра, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот е активен веќе трет ден, доцна синоќа имаше нови и опасни разорувања, а според медиумите во Грција, огнените јазици се протегаат на должина од над 32 километри.

Рано утрово беше испратена порака од бројот 112 за итни случаи за превентивна евакуација на уште едно село во близина на пожарот, додека во текот на вчерашниот ден беа испратени неколку пораки до жителите и оние кои се во близина на седум населени места, исто така за евакуација.

Во гаснењето и интервенираат над 400 пожарникари со 16 пешадиски тима, 123 возила, како и три авиони и пет хеликоптери, а помагаат и волонтери и цистерни од општините.

Во пожарот вчера животот го загубија две лица, двајца мажи на возраст од 35 и 40 години, во обид да му помогнат на пријател, додека пак според грчките медиуми, повредени се и двајца пожарникари.

Министерот за цивилна заштита и климатски кризи на Грција Василис Кикиљас преку социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата на двајцата загинати и апелираше до граѓаните да ги почитуваат пораките од бројот 112 и да ги следат упатствата на пожарникарите и полицијата и порача дека „шумските пожари се исклучително опасни не само за имотите, туку и за животите на луѓето“.

Пожарот е во северниот дел на полуостровот Пелопонез во близина на градот Ксилокастро меѓу Коринт и Патра.

Во пожарот изгоре огромна шумска површина, која дополнително ќе се проценува, а материјална штета е предизвикана и на куќи.

Андоновски од министерска конференција во Скопје

Дигиталните вештини и иновации се клучни за напредокот на нашето општество и економија.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Скопје имаше поздравно обраќање на министерска конференција на Управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука и истражување и иновации, во организација на делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

Во своето обраќање, министерот Андоновски ја истакна важноста на дигиталната трансформација за напредокот на Македонија и регионот. "Денес дигиталните вештини и иновации се клучни за напредокот на нашето општество и економија“.

Министерот Андоновски ги презентираше плановите на Република Македонија во областа на градењето на дигиталните вештини, истакнувајќи: "Наша цел е до 2030 година, најмалку 80% од возрасното население да поседува основни дигитални вештини. Исто така, се стремиме значително да го зголемиме бројот на ИКТ професионалци, со посебен фокус на зголемување на учеството на жените во оваа област."

Агендата за иновации, истражување, образование, култура, млади и спорт го става регионот во добра насока за подлабока соработка со ЕУ и Министерскиот состанок ќе се фокусира на заедничките напори за нејзино спроведување.

Министрите присутни на состанокот и сите други учесници ќе разговараат за важната улога на Европската истражувачка област и Европската агенда за иновации, во која сите партнери од Западен Балкан се целосно интегрирани.

Лонзо Бол е се поблиску до враќање на официјални натпревари

Лонзо Бол е се поблиску до враќање на официјални натпревари. Кошаркарот на Чикаго се надева дека ќе игра во првиот натпревар од сезоната 2024/25.

Лонзо Бол е се поблиску до враќање на официјални натпревари. Кошаркарот на Чикаго се надева дека ќе игра во првиот натпревар од сезоната 2024/25.

Бол не играше од јануари 2022 година поради проблеми со коленото. На кошаркарот му беа извршени неколку операции.

- Сега имам, како што може да се нарече ново колено, рече Лонзо.

Кошаркарот додаде дека во оваа фаза не е подготвен да игра два дена по ред.

Новата сезона во најсилната кошаркарска лига во светот – НБА ќе почне на 22 октомври.

Започнува со работа терминалот за течен природен гас во Александруполи

Терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкиот град Александруполи од денеска започнува со комерцијална работа, преку кој низа земји од југоисточна и централна Европа, меѓу кои и Македонија ќе се снабдуваат со природен гас.

Терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во грчкиот град Александруполи од денеска започнува со комерцијална работа, преку кој низа земји од југоисточна и централна Европа, меѓу кои и Македонија ќе се снабдуваат со природен гас, јави дописничката на МИА од Атина.

Од „Гастрејд“, компанијата-оператор велат дека станува збор за еден од наважните енергетски проекти на европско, регионално, национално и локално ниво и ќе придонесе за енергетската безбедност и развој, за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со енергија на Југоисточна и Централна Европа, „надградувајќи ја улогата и важноста на Грција на модерната енергетска карта на Европа, што ја прави енергетска порта за повеќе од девет земји“.

-Терминалот за ЛНГ Александруполи, освен од пловната единица за складирање и регасификација (FSRU), се состои и од подморски и копнен гасовод за пренос на природен гас, кој го поврзува FSRU со грчкиот преносен систем и преку него ќе испорачува природен гас надвор од Грција и до Бугарија, Романија, Македонија, Србија, на исток до Молдавија и Украина, како и до Унгарија и Словачка на запад. Пловната единица, „АЛЕКСАНДРОУПОЛИС“ именувана во чест на градот и неговите жители, кои го прифатија овој амбициозен проект од самиот почеток, располага со најсовремена технологија, со максимален капацитет за регасификација од 5,5 милијарди кубни метри годишно, соопштија од „Гастрејд“.

Посочија дека веќе 14 грчки и меѓународни компании комерцијално учествуваат во проектот, искористувајќи го речиси целиот капацитет најмалку до 2030 година и додадоа дека паралелно „почетокот на комерцијалната работа на проектот го означува проширувањето на иницијативата Вертикален коридор, со што значително ја зајакнува својата динамика со цел да се создаде центар за трговија со природен гас во Централна и Југоисточна Европа“.

Имплементацијата на проектот започна да се обликува со добивањето на Конечната инвестициска одлука на 27 јануари 2022 година, потоа следеа градежните работи во Александруполи, кои напредуваа брзо, а во февруари 2023 година започна изградбата на пловната единица за складирање и регасификација на ЛНГ во Сингапур, а бродот стигна во Александруполи и се закотви на својата постојана позиција на средината на декември минатата година.

-Со успешното завршување на сите оперативни тестови и издавањето на дозволата за работа од Министерството за енергетика и животна средина минатото лето, проектот беше ставен во оперативна готовност и официјално овозможи отпочнување со комерцијална работа на проектот, соопштија од компанијата.

„Гастрејд“ е првата компанија во Грција која доби лиценца за независен систем за природен гас и го разви и ќе управува со проектот во Александруполи, што е кофинансиран од средства на Европскиот фонд за регионален развој на Европската Унија преку Оперативната програма „Конкурентност, претприемништво и Иновации“ во рамките на НСРФ 2014-2020 година.

Во мај 2022 година во присуство на тогашните премиери на Македонија, Грција, Бугарија, на претседателот на Србија, како и на претседателот на Европскиот совет во Александруполи се одржа свечена церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (LNG).

На крајот на март 2021 година, Македонија официјално стана дел од проектот за изградба на терминалот за течен природен гас, откако беа потпишани Меморандуми за соработка на АД ЕСМ и АД Национални енергетски ресурси со компании од Грција,

Тогаш, од тогашната македонска Влада соопштија дека „согласно договорот нашата земја учествува со 25 отсто во гасната централа на природен гас во Александруполи која е 800 мегавати, а проценетата инвестиција во оваа електрана е повеќе од 380 милиони евра“ и дека е предвидено учество и „со 10 проценти од вкупната вредност од 370 милиони евра во инвестицијата во гасниот терминал“.

притисни ентер