Трамп разговарал со Абаз: Ќе работам на прекин на војната на Блискиот Исток

Победникот на изборите во САД, Доналд Трамп, вечерва му рекол на лидерот на палестинската управа (ПА) Махмуд Абас дека ќе работи на запирање на војната, соопштија од кабинетот на палестинскиот претседател.

Абас му честиташе на Трамп за изборната победа оваа недела и му посака среќа додека се подготвува за неговиот втор мандат во Белата куќа, објави Анадолија.

Тој ја изрази својата подготвеност да „соработува со претседателот Трамп со цел да се постигне праведен и сеопфатен мир заснован на меѓународен легитимитет“, се вели во соопштението на ПС.

Во телефонскиот разговор Трамп, исто така, рекол дека со нетрпение очекува да работи со палестинскиот лидер и сите заинтересирани страни за „промовирање на мирот на Блискиот Исток“.

Бишара Бахбах, кој беше национален претседавач на Арапските Американци за Трамп, изјави за Тајмс оф Израел дека разговарал со Абас веднаш по повикот и дека палестинскиот претседател го опишал разговорот како „извонреден“.

„Тие разговараа за прашањето за мирот и потребата од итен прекин на конфликтот“, рече Бахбах.

Бахбах инсистираше на тоа дека Абас сака да работи со Трамп, и покрај многу лошите односи за време на првиот мандат на новоизбраниот претседател на САД, кога палестинските власти ги прекинаа врските со САД откако Вашингтон го призна Ерусалим како главен град на Израел.

„Сега е поинаква година. Сите ние се движиме од позициите што ги зазедовме претходно. Неопходно е веднаш да се прекинат конфликтите и да се вратиме на преговарачката маса за да се постигне траен мир“, вели Бахбах.

Морбидно: Доктор барал на гробот да му стават прозорец и да го погребаат со ѕвонче (ВИДЕО)

Гробот на докторот Тимоти Кларк Смит, кој се наоѓа во Њу Хевен, во американската сојузна држава Вермонт, го привлекува вниманието на љубопитните веќе 130 години.

Местото каде што почива е уникатно поради еден необичен детал - прозорец на надгробната плоча.

Зошто Смит (1821-1893) побарал да биде погребан во гроб со прозорец?

Се верува дека причината се крие во тафофобијата, односно психопатолошкиот страв да не биде жив закопан, пренесува LadBible.

Докторот живеел во САД во 19 век и очигледно не сакал да ризикува.

Не само што дизајнирал специјален ковчег и надгробен споменик, туку е поставено и ѕвоно кое можело да се активира однатре.

Поставена е и цевка за дишење, која ќе му овозможи на Смит мирно да ги чека спасувачите.

Љубопитните луѓе и денес го посетуваат необичниот гроб, но ништо не можат да видат. Причината? Кондензација (најверојатно предизвикана од распаѓање на телото на починатиот) целосно го замаглила стаклото.

Јужнокорејскиот претседател во обраќање се извини поради скандалите на сопругата

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол се извини за низата скандали поврзани со неговата сопруга, вклучително и наводното прифаќање на луксузна чанта на Диор и манипулација со акции.

Во телевизиско обраќање до нацијата, претседателот призна дека неговата сопруга Ким Кеон-хи требало подобро да се однесува, но нагласи дека некои од обвинувањата против неа се „претерани“. Јун Сук Јеол најави дека ќе формира канцеларија која ќе ги надгледува службените должности на првата дама, но ги одби повиците да ги истражи нејзините активности.

Извинувањето на јужнокорејскиот претседател доаѓа додека тој се обидува да го смени трендот на намалување на неговата популарност кај јавноста, пишува Би-Би-Си.

Кон крајот на 2023 година, левичарскиот канал на Јутјуб „Гласот на Сеул“ објави видео од септември 2022 година на кое наводно се гледа како првата дама Ким прифаќа чанта Диор вредна 2.000 евра од свештеник кој ја снимил целата работа користејќи камера скриена во неговиот часовник.

Јун Сук Јеол во февруари изјави дека видеото е објавено како „политички маневар“ и не се извини. Демократската партија на Јужна Кореја, опозиција на конзервативната Партија на народна моќ на Јун, тогаш изјави дека таквиот став е „бесрамен и безнадежен“. Исто така, опозицијата долго време ја обвинуваше првата дама дека е вмешана во манипулации со цените на акциите.

Претходно оваа година, Јун стави вето на нацрт-законот со кој се бара неговата сопруга да биде под истрага поради обвинувањата. Скандалот предизвика и поделби во партијата на Јун, при што еден функционер ја спореди првата дама со Марија Антоанета, француската кралица озлогласена по нејзиниот екстравагантен начин на живот.

Алармнантни податоци во Италија: Секој ден се регистрираат над 1.000 болни од рак

Секој ден во Италија на над 1.000 нови пациенти им се дијагностицира рак, а тој број се очекува да расте за еден процент годишно, изјави денеска претседателот на италијанското здружение за медицинска онкологија (АИОМ), Франческо Пероне.

Тој посочи дека одделенијата за онкологија се во состојба на криза, бидејќи бројот на кревети за болните од рак во италијанските болници за 10 години е намален за 1.103, пренесува Анса.

Пероне предупреди дека е особено загрижувачко што на национално ниво се намалува бројот на онколози и онколошки медицински сестри.

притисни ентер