Морбидно: Доктор барал на гробот да му стават прозорец и да го погребаат со ѕвонче (ВИДЕО)

Гробот на докторот Тимоти Кларк Смит, кој се наоѓа во Њу Хевен, во американската сојузна држава Вермонт, го привлекува вниманието на љубопитните веќе 130 години.

Местото каде што почива е уникатно поради еден необичен детал - прозорец на надгробната плоча.

Зошто Смит (1821-1893) побарал да биде погребан во гроб со прозорец?

Се верува дека причината се крие во тафофобијата, односно психопатолошкиот страв да не биде жив закопан, пренесува LadBible.

Докторот живеел во САД во 19 век и очигледно не сакал да ризикува.

Не само што дизајнирал специјален ковчег и надгробен споменик, туку е поставено и ѕвоно кое можело да се активира однатре.

Поставена е и цевка за дишење, која ќе му овозможи на Смит мирно да ги чека спасувачите.

Љубопитните луѓе и денес го посетуваат необичниот гроб, но ништо не можат да видат. Причината? Кондензација (најверојатно предизвикана од распаѓање на телото на починатиот) целосно го замаглила стаклото.

Најмалата чанта на светот е продадена за астрономска сума, помала е од зрно сол (ФОТО)

Поседувањето на одредено парче од добро познат и скап бренд за некои е вистинско уживање.

За некои работи треба да се чека со години, откако ќе се нарача, па кога ќе стигнат, на среќата ѝ нема крај.

Така, престижниот бренд Луј Витон направи промена меѓу своите производи. Имено, тие направиле чанта, и тоа не било каква - туку микроскопска, односно помала од зрно сол. И нема да верувате дека чини незамисливи 63.000 долари, пишува „Market Realist“.

Она што е уште поинтересно е што доаѓа „во пакет“ со микроскоп (?!) кој има дигитален дисплеј за да може да се види што поседува. Нејзините димензии се 657 x 222 x 700 микрони, или помалку од 0,7 сантиметри, а создадена е од уметнички колектив од Бруклин, MSCHF, кој инаку е познат по своите извонредни контроверзни дизајни.

За да ви даде претстава за нејзините димензии, торбичката е доволно мала за да се вклопи низ окце на иглата низ која минува конец. Затоа е потребен микроскоп за да се види. Интересно е што на чантата има монограм со потпис „LV“. Има флуоресцентно зелена боја, со малку проѕирна текстура, која е избрана со цел да биде повидлива.

MSCHF е познат по неколку контроверзни дизајни, вклучувајќи чевли кои содржат човечка крв, патики со света вода, колонска вода што мириса на популарно моторно масло.

Драма на лет на Луфтханза за Франкфурт- во силните турбуленции се повредени 11 патници

11 лица се повредени во авионот на германската компанија Луфтханза на релација Буенос Аирес - Франкфурт, кој влетал во поле на многу силни воздушни турбуленции.

Боингот 747-8 прелетал во краток период на многу силни воздушни турбуленции над Атлантикот, а портпаролката на германската авиокомпанија изјавила дека „турбуленциите биле предизвикани од тропските воздушни струи“ и потврдила дека се повредени пет патници и шест членови на екипажот , пренесува Ројтерс.

Според портпаролката на Луфтханза, во моментот на инцидентот, авионот летал во т.н. зона на внатрешна тропска конвергенција, т.е. екваторијално атмосферско поле со низок притисок.

„Тоа значи дека има воздушни струи во ова поле со низок воздушен притисок што може да доведе до силни турбуленции“, прецизираше портпаролката на германската авиокомпанија.

Мицкоски: Крчма од државните и национални интереси нема да правам

Премиерот Хриостијан Мицкоски вечерва се обрати на свеченоста „Скопје се буди“ по повод 80 годишнината од ослободувањето на Скопје.

Состојбата во Скопје е таква со аерозагаденоста поради немање решенија во последните 30 години, рече Мицкоски и додаде дека Владата ќе донесе големи вложувања и мерки како стратешки инвестиции за намалување на загадувањето. Мицкоски вети промени и субвенции за граѓаните кои користат еколошки извори на енергија. На Скопје му фалат неколку гасни централи, рече Мицкоски и смета дека е на добар пат за такви резултати, зашто нема инстант решенија.

На политички план , рече дека се преземаат мерки за решавање на проблемот со источниот сосед. Додека опозицијата шпекулира за начините на кои ќе се реши проблемот, настојувам да се дојде до фер и достоинствено решение. Тие гледаат дека има влада која ги штити националните интереси и настојувам Европа да ги слушне нашите аргументи во врска со предлогот на Макрон.

Сигурно дека е тешко, не сум сигурен дека ќе успееме , но сигурен сум дека нема ништо да прифатиме за да ве засрамам вас, народот а пред и над сѐ Македонија. Крчма од државните интереси нема да правам ,а во меѓувреме меѓу две паузи кога СДСМ сака да ни сервира од некоја кујна во Дубаи, порачувам дека нема да има толеранција кон корупцијата. Таа сила и таа енергија нема да дозволам да згаснат во борбата против корупцијата. Но ние сме подготвени.

притисни ентер