Алармнантни податоци во Италија: Секој ден се регистрираат над 1.000 болни од рак

Секој ден во Италија на над 1.000 нови пациенти им се дијагностицира рак, а тој број се очекува да расте за еден процент годишно, изјави денеска претседателот на италијанското здружение за медицинска онкологија (АИОМ), Франческо Пероне.

Тој посочи дека одделенијата за онкологија се во состојба на криза, бидејќи бројот на кревети за болните од рак во италијанските болници за 10 години е намален за 1.103, пренесува Анса.

Пероне предупреди дека е особено загрижувачко што на национално ниво се намалува бројот на онколози и онколошки медицински сестри.

Водата во Берово не е за пиење, само за техничка употреба

Водата од водоводната мрежа во Берово може да се користи само за техничка употреба, соопштија од Јавното претпријатие за комунални работи Услуга - Берово. 

Во соопштението до граѓаните тие го пренесоа известувањето од Агенција за храна и ветеринарство – Сектор за инспекциски надзор ПЕ – Берово кои донесоа Решение заведено под број бр.26-772 од 12.11.2024 година.

-Се забранува на ЈПКР „Услуга“ Берово - водата од водоводната мрежа во Берово да се користи за пиење и готвење, се додека не се доведе во безбедна состојба, односно може да се користи само како техничка вода. Исто така се наредува на ЈПКР „Услуга“ Берово да се изврши соодветна преработка за да може да се користи водата како вода за пиење, се вели во соопштението од АХВ.

Согласно наведеното Решение бр.26-772 од 12.11.2024 година, се известуваат граѓаните од Берово дека водата од водоснабдителната мрежа поради отстапување од вредностите и стандардите за квалитет во однос на физичко хемиската анализа (зголемена концентрација на манган) во согласност со Правилникот за вода за пиење, не смее да се употребува за пиење и готвење. Водата може да се користи исклучиво само како техничка вода

-Ве известуваме во наредниот период водата да се користи само како техничка вода. Состојбата ќе трае се додека квалитетот на водата не се усогласи во границите кои ги пропишува Правилникот за вода за пиење и додека резултатите од лабораториските анализи направени од акредитирана лабораторија бидат согласно наведениот правилник, стои во соопштение од Агенцијата за храна и ветеринарство – Сектор за инспекциски надзор ПЕ – Берово.

Најмалата чанта на светот е продадена за астрономска сума, помала е од зрно сол (ФОТО)

Поседувањето на одредено парче од добро познат и скап бренд за некои е вистинско уживање.

За некои работи треба да се чека со години, откако ќе се нарача, па кога ќе стигнат, на среќата ѝ нема крај.

Така, престижниот бренд Луј Витон направи промена меѓу своите производи. Имено, тие направиле чанта, и тоа не било каква - туку микроскопска, односно помала од зрно сол. И нема да верувате дека чини незамисливи 63.000 долари, пишува „Market Realist“.

Она што е уште поинтересно е што доаѓа „во пакет“ со микроскоп (?!) кој има дигитален дисплеј за да може да се види што поседува. Нејзините димензии се 657 x 222 x 700 микрони, или помалку од 0,7 сантиметри, а создадена е од уметнички колектив од Бруклин, MSCHF, кој инаку е познат по своите извонредни контроверзни дизајни.

За да ви даде претстава за нејзините димензии, торбичката е доволно мала за да се вклопи низ окце на иглата низ која минува конец. Затоа е потребен микроскоп за да се види. Интересно е што на чантата има монограм со потпис „LV“. Има флуоресцентно зелена боја, со малку проѕирна текстура, која е избрана со цел да биде повидлива.

MSCHF е познат по неколку контроверзни дизајни, вклучувајќи чевли кои содржат човечка крв, патики со света вода, колонска вода што мириса на популарно моторно масло.

Драма на лет на Луфтханза за Франкфурт- во силните турбуленции се повредени 11 патници

11 лица се повредени во авионот на германската компанија Луфтханза на релација Буенос Аирес - Франкфурт, кој влетал во поле на многу силни воздушни турбуленции.

Боингот 747-8 прелетал во краток период на многу силни воздушни турбуленции над Атлантикот, а портпаролката на германската авиокомпанија изјавила дека „турбуленциите биле предизвикани од тропските воздушни струи“ и потврдила дека се повредени пет патници и шест членови на екипажот , пренесува Ројтерс.

Според портпаролката на Луфтханза, во моментот на инцидентот, авионот летал во т.н. зона на внатрешна тропска конвергенција, т.е. екваторијално атмосферско поле со низок притисок.

„Тоа значи дека има воздушни струи во ова поле со низок воздушен притисок што може да доведе до силни турбуленции“, прецизираше портпаролката на германската авиокомпанија.

притисни ентер