Таравари:Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни за квалитетен живот

Секој граѓанин заслужува пристап до лековите што му се потребни за квалитетен живот, порачаа премиерот Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари.

Како што истакнаа Мицкоски и Таравари во обраќањата на настанот по повод здравствените политики, мора јасно и транспарентно да се посочат предизвиците со кои се соочуваат институциите, а следниот клучен чекор е оптимизирање на финансирањето за проширување на позитивната листа.

Златно славејче 2024

Детски песни нека ви го разубават првиот ден од новата година!

Пејте и играјте заедно со златните славејчиња и нивните гости!

Иииии радувајте се и смејте се со нивнот нов другар Сашко Коцев .... и неговите досетки.

54 (педесет и четвртото) издание на фестивалот Златно славејче, на први јануари во 10 часот.

Придружете ни се на ова шарено музичко другарување, на Канал 5!

Сергеј Лавров: Башар ал-Асад не успеа да ги исполни основните потреби на народот

- Веќе можеме да констатираме дека една од причините за деградацијата на состојбата беше неспособноста на претходното раководство да ги задоволи основните потреби на населението во услови на долготраен граѓански конфликт, изјави Лавров.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се должи на неговата неспособност да ги исполни основните потреби на народот и да постигне компромис со бунтовничките групи.

- Веќе можеме да констатираме дека една од причините за деградацијата на состојбата беше неспособноста на претходното раководство да ги задоволи основните потреби на населението во услови на долготраен граѓански конфликт, изјави Лавров.

Тој тврди дека и САД имале деструктивната улога во ситуацијата, додавајќи дека надежите на сирискиот народ за подобар живот по успешната борба против меѓународниот тероризам не се оствариле.

Сега руската страна „будно го следи развојот на ситуацијата во Сирија, но рано е да се извлечат далекусежни заклучоци за настаните што се случуваат таму“, изјави Лавров.

Диди доживеал нервен слом во притвор!?

Откако сфатил дека нема да излезе од притвор за празниците, контроверзниот музичар Паф Диди доживеал нервен слом?

Контроверзниот рапер Шон Диди Комбс кој беше уапсен во средината на септември, а Божиќ го помина зад решетки оваа година е во хаос. Тоа што празниците ги поминал во притвор наводно му било многу тешко и како што пренесува Мирор доживеал „нервен слом“.

Диди е во притвор во Њујорк, обвинет за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и злосторства поврзани со проституција. Освен тоа, неколку лица го обвинија за физичко и сексуално насилство. Се очекува раперот да го чека во притвор неговото судење закажано за 5 мај 2025 година, со оглед на тоа што веќе три пати му била одбиена кауција.

Откако сфатил дека нема да биде надвор од притвор за Божиќ, доживеал нервен слом и ги молел чуварите да го однесат на преглед во затворската болница, што тие го одбиле.

Извори за медиумите изјавија дека Диди верувал дека ќе може да излезе со кауција бидејќи со себе имал „силен правен тим“, што не се случило.

притисни ентер