Диди доживеал нервен слом во притвор!?

Откако сфатил дека нема да излезе од притвор за празниците, контроверзниот музичар Паф Диди доживеал нервен слом?

Контроверзниот рапер Шон Диди Комбс кој беше уапсен во средината на септември, а Божиќ го помина зад решетки оваа година е во хаос. Тоа што празниците ги поминал во притвор наводно му било многу тешко и како што пренесува Мирор доживеал „нервен слом“.

Диди е во притвор во Њујорк, обвинет за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и злосторства поврзани со проституција. Освен тоа, неколку лица го обвинија за физичко и сексуално насилство. Се очекува раперот да го чека во притвор неговото судење закажано за 5 мај 2025 година, со оглед на тоа што веќе три пати му била одбиена кауција.

Откако сфатил дека нема да биде надвор од притвор за Божиќ, доживеал нервен слом и ги молел чуварите да го однесат на преглед во затворската болница, што тие го одбиле.

Извори за медиумите изјавија дека Диди верувал дека ќе може да излезе со кауција бидејќи со себе имал „силен правен тим“, што не се случило.

Кинески производител на автомобили гради нова фабрика- го приближува производството до Европа

Глобалното проширување на кинескиот бренд продолжува и оваа година.

Кинеската SAIC, која е сопственик на реинкарнираната MG, ја потврди претстојната изградба на нова фабрика. Кинескиот гигант потпиша договор со египетската групација Al Mansour Automotive со која се обврзува на инвестиција од 135 милиони долари.

Фабриката ќе биде лоцирана во индустриската зона New October City, нов град недалеку од Каиро. Ќе се простира на 126.000 квадратни метри и во првата фаза ќе може да произведува 50.000 возила годишно. Капацитетот последователно ќе се зголеми на 100.000 единици.

Ќе вклучува и погони од 8.000 квадратни метри, голем погон за бојадисување, собирен простор, затворено складирање и административни деловни згради. Оваа инвестиција се очекува да отвори 10.000 директни и индиректни работни места.

Како што дознава „Car News China“, првиот модел што ќе влезе во производство ќе биде седанот MG5, а потоа следуваат кросовери и SUV модели. Паралелно, МГ ќе отвори и фабрика во Шпанија каде ќе се произведуваат електрични возила.

Узунов: Буџетот за 2025 не е толку развоен како што го претставува Владата

Буџетот за 2025 и не е така развоен како што го претставува владата смета универзитетскиот професор Ванчо Узунов... 

Ќе расте ли јавниот долг, каков економски раст може да очекуваме следната година, растот на платите и пензии беа само дел од темите на кој разговаравме со професорот Узунов....

Узунов предвидува благ економски раст од 2 до 2,5% и следната 2025.

Вели дека економскиот раст не е прашање на желби, што Дедо Мраз треба да го донесе, треба фактори што може да го создадат.

Узунов за есенската и новогодишна потрошувачка кошничка смета дека овие мерки не ги дадоа ефектите што требаше да ги дадат.

Концерт Драган Мијалковски

​Бадниковата вечер нека ви ја исполнат познати звуци испеани од музичката легенда Драган Мијалковски!

Пејте ги и уживајте со незаборавните евергрини од неговата шеесетгодишна кариера.

Имајте прекрасна бадникова вечер со јубилејниот онцерт на драган Мијалковски.

6 јануари со почеток во 20 часот, само на Канал 5 телевизија

притисни ентер