Талевски: СДСМ гради за иднината, ИКТ центар во Прилеп за заштита на податоците на граѓаните

СДСМ гради современа инфраструктура за иднината.

Во Прилеп го реализиравме еден од нашите најзначајни инфраструктурни капитални проекти – ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи.

Овој капитален објект вреден 11,5 милиони евра е од витално значење за државата.

Се работи за современ објект со најсофистицирана опрема, по највисоки безбедносни стандарди, што го прави овој ИКТ Центар прв од ваков вид во регионот.

Со ИКТ центарот СДСМ обезбедува долгорочна заштита на податоците на граѓаните, а со тоа и трајна заштита на нашиот безбедносен систем.

Проектот е финансиран со средства од ЕУ односно преку ИПА програмата и дополнително буџетски средства.

Вкупната инвестиција до целосна функционалност на објектот изнесува 11,5 милиони евра.

Но не само во стратешки и важни проекти, СДСМ инвестира и гради насекаде низ државата, во секоја општина, а Прилеп е пример за тоа.

Во изминатите неколку години реализиравме бројни проекти важни за прилепчани. СДСМ го направи патот кон езерото, патот кон Тополчани, патот кај Плетвар, кон Мариово, патот кон манастирот во с.Прилепец. СДСМ изгради клучка кај ТИРЗ зоната. СДСМ изгради нова градинка во населбата Точила за згрижување на 252 дечиња. Веже 2 години чекаме актуелниот градоначалник од ДПМНЕ да ја стави во функција. СДСМ изгради многу, го изгради спортско рекреативниот центар кај вештачкото езеро.

Веќе е одоброен големиот инфраструктурен проект во должина до 29 километри за изградба на автопатот Прилеп – Битола.

Во тек е реконструкцијата на улицата „Леце Котески“ како дел од проектот „Поврзување со локални патишта во општините” за што се инвестирани 70 милиони евра.

Владата на СДСМ ја обнови и улицата „Мице Козар“.

СДСМ продолжува со инвестиции во Прилеп,во интерес на граѓаните. Затоа што развиени општини значат силна економија.

Прес-конференција, Миле Талевски, пратеник на СДСМ

Скопје, 21 ноември 2023

СДСМ

Турција очекува да го ратификува приемот на Шведска во НАТО до крајот на годинава

Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром изјави дека неговиот турски колега Хакан Фидан му рекол дека ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО може да се случи „во рок од неколку недели“.

-Го чекаме спроведувањето на ратификацијата. Вчера имав билатерална средба со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, на која тој изјави дека очекува ратификацијата да се случи во наредните недели, рече Билстром.

Изјавата на шведскиот министер ги потврдува зборовите на висок функционер на Стејт департментот, според кои турскиот министер за надворешни работи вчера на своите колеги од НАТО им рекол дека напорно работи на ратификацијата на приемот на Шведска во алијансата и посочил како веројатен период до крајот на годината.

Независните пратеници кои ја напуштија СИРИЗА формираат пратеничка група

Единаесетмина пратениците, меѓу кои и поранешни министри, кои во изминатиот период ја напуштија грчката опозициска партија СИРИЗА формираат пратеничка група во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратениците доцна синоќа одржаа состанок и како што беше очекувано и се најавуваше, се договорија да формираат нова пратеничка група за која го имаат доволниот број, со оглед на тоа дека за формирање потребни се најмалку десет пратеници.

Новата пратеничката група, официјално ќе биде промовирана в понеделник кога ќе биде соопштено и името, додека пак претседател ќе биде поранешниот министер Алексис Харицис.

Станува збор за пратеници од две фракции, кои си заминаа од СИРИЗА поради несогласувањата со новиот партиски лидер Стефанос Каселакис.

Приведен жител од М. Речица, осомничен дека поставил знаме на Албанија на манастирот на П.Шапка

Приведено е едно лице од Мала Речица, кое се сомничи дека вчеравечер поставил знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер, околу 23:30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија, информираат од МВР.

По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Стојанче Ангелов на неговиот фејсбук профил меѓу другото напиша дека брзата реакција на институциите, но и јавниот притисок можат да ги намалат провокациите кои ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост.

- Провокациите никако не треба да се премолчуваат туку на нив треба жестоко да се реагира. Само така ќе се обесхрабрат идните потенцијални провокатори. Реакцијата на општеството на вакви провокации треба да биде обединета и единствена без разлика на етничка, верска, политичка или било каква друга припадност. Верувам дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме. Единствено не видов претставник на албанските политички фактори во Македонија да излезе со јавна осуда на овој чин. А треба, напиша Ангелов.

Тој преку фејсбук го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети јавно да го осуди овој провокативен вандалски чин

МИА вчера објави дека две маскирани лица го симнале знамето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија од јарбол пред храмот Свети Наум Охридски, по што е поставено знаме на Албанија. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово. Настанот е евидентиран преку камери за видео надзор.

-Во 18.05 часот во СВР Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија, информира вчера Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

притисни ентер