Суд во Рим донел одлука имигранти од кампот во Албанија да се вратат во Италија

Суд во Рим донел одлука со која се наложува имигрантите кои пред два дена беа префрлени во кампот во Ѓадар, Албанија, да се вратат назад во Италија.

-Дванаесетте имигранти донесени во Албанија мора да се вратат во Италија. Вака одлучи Судот во Рим денеска. Според одлуката двете земји од каде доаѓаат тие, Бангладеш и Египет, се сметаат за небезбедни земји и затоа имигрантите мора да останат во Италија, пренесуваат албанските медиуми, повикувајќи се на „Ла Република“.

Се подготвува нивен трансфер од кампот Ѓадр до пристаништето Валона, за да заминат во Италија.

Според медиумите таа одлука на италијанскиот суд ја нагласува важноста на заштитата на човековите права на имигрантите, особено на оние од земји кои се сметаат за небезбедни како Бангладеш и Египет.

Брод „Либра“ на италијанската крајбрежна стража пред два дена вплови во албанското пристаниште Шнѓин со првата група од 16 мигранти, 10 државјани на Бангладеш и шест Египќани кои биле спасени од чамци што пловеле од Либија.

При контролата во Шенѓин било констатирано дека двајца од имигрантите се малолетници, додека други двајца во тешка здравствена состојба и беа вратени назад. Останатите 10 беа сместени во кампот во Ѓадр.

Кралот Чарлс пристигна во Австралија, операта во Сиднеј е осветлена во негова чест

Едрата на легендарната опера во Сиднеј денеска беа осветлени со фотографија во знак на почит за добредојде на кралот Чарлс и кралицата Камила, на првата посета на британскиот монарх на Австралија по 13 години.

Кралската двојка пристигна во Сиднеј со авион на кралското австралиско воено воздухопловство вечерва, а на пистата беа пречекани од премиерот Ентони Албанес, австралискиот генерален гувернер Сем Мостин и премиерот на Нов Јужен Велс, Крис Минс.

Двојката подоцна се сретна со Албанес и неговата партнерка Џоди Хејдон во Адмиралитет Хаус, историска владина резиденција со поглед на пристаништето во Сиднеј и Операта, каде што ќе престојуваат.

„Нивното височество имаат длабока почит кон Австралија и оваа посета е можност да се прикаже најдоброто од нашата модерна и динамична нација“, напиша Албанес на социјалните мрежи X, покрај фотографијата од Адмиралитетот.

Операта во Сиднеј изложи фотографски колаж од претходните посети на кралот Чарлс на Австралија, каде што тој одеше на училиште шест месеци како тинејџер и се врати повеќе од десетина пати.

Кралот Чарлс е во својата инаугуративна посета на странство како монарх, неговото прво големо патување во странство откако му беше дијагностициран рак.

Поради третманот на кралот и посветеноста на неговиот медицински тим на неговото здравје, нивното патување ќе биде пократко и помалку обемно од вообичаеното за кралските тури.

Двојката ќе ги посети Сиднеј и Канбера во текот на шест дена, пред да отпатува за Самоа на владиниот состанок на лидерите на Комонвелтот.

Македонија добива трет мобилен оператор

Унгарската телекомуникациска компанија „4иГ“ формираше своја фирма во земјава со што ја почна постапката да стане трет мобилен оператор, соопшти компанијата. 

Регистрацијата на фирмата „Оne Macedonia Telecommunication“ е завршена, а целта, како што велат од унгарската компанија, е да влезе што поскоро на телекомуникацискиот пазар во Македонија.

Веќе се започнати консултации со Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) како регулаторно тело и избрани се локални и меѓународни консултантски фирми за поддршка на имплементација на стратегијата на групацијата во земјата.

„Посветени сме да влеземе на македонскиот телекомуникациски пазар со истата посветеност и иновациите што ги донесовме во Албанија и Црна Гора. Основањето на ‘Оне Македонија Телекомуникејшн‘ е нашиот прв значаен и опиплив чекор кон станување главен телекомуникациски провајдер во Северна Македонија“, вели Тамаш Табори, извршен директор на „Оне Македонија Телекомуникејшн и заменик-извршен директор одговорен за телекомуникациска стратегија во „4иГ“.

Од Групацијата велат дека ја имаат поддршката од македонската Влада, којашто очекува со доаѓањето на нов оператор да се зголеми пазарната конкуренција, да го подобри квалитетот на телекомуникациските мрежи, и со тоа да се забрза дигитализацијата на земјата.

Владата на 4 август соопшти дека „4иГ“ е заинтересирана да влезе на македонскиот телекомуникациски пазар и доставила писмо со намери. Премиертот Христијан Мицскоски подоцна изјави дека за избор на трет мобилен оператор ќе има јавен повик, но не прецизираше кога ќе се објави.

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски неколкупати во своите изјави кажа дека Владата ќе воведе трет мобилен оператор за да се укине монополот што сега го имаат „Телеком“ и „А1 Македонија“. Тој на 1 август објави дека во рамките на официјалната посетна на Унгарија се сретнал со претедателот на „4иГ“ Групацијата Гелерт Jaсаи.

Деловниот опсег на „Оне Македонија Телекомуникејшн“ опфаќа мобилни, фиксни и сателитски телекомуникациски услуги, трговија на големо и мало со телекомуникациски и ИТ производи, како и деловни консултантски услуги.

Над 500 години затвор за медицински лица - предизвикале смрт на новороденчиња вo Турција(ВИДЕО)

Турскиот обвинител побара повеќе од 500 години затвор за наводни водачи на криминална група обвинета за смрт на бебиња, откако ги сместувале новороденчиња на оддели за интензивна нега заради финансиска корист, јави ДПА.

Обвинението на 494 страници против 47 осомничени, вклучително и здравствени службеници, откри дека новороденчињата наместо во здравствени установи, во одредени болници во Истанбул биле префрлани во одредени болници, каде што би добиле соодветна нега.

Дваесет и двајца осомничени веќе се уапсени.

Се верува дека бандата го користела тој метод за да добијат повеќе средства од турскиот систем за социјално осигурување заради поскапиот третман.

Наводната измама предизвикала смрт на најмалку 12 бебиња како резултат на подолг престој во единиците за интензивна нега за новороденчиња или инфекции. Членовите на групата, вклучувајќи медицински сестри и лекари, потоа го делеле профитот.

Властите открија дека прислушуваните телефонски повици и пораки покажуваат дека инволвираните здравствени службеници, исто така, фалсификувале медицински досиеја и спроведувале лажен третман на некои бебиња.

Обвинителот бара повеќе од 589 години затвор за еден од осомничените, кој е обвинет за убиство со умисла, водење криминална група и фалсификување службени документи.

За уште двајца членови на групата, обвинителот побара казна затвор до 582 години.

притисни ентер