Стојанче Aнгелов „На кавга со Иван“

Понеделник, 23.00 час, Канал 5 ТВ.

Понеделник, 23.00 час , Канал 5 ТВ

НА КАВГА СО ИВАН

гостин : Стојанче АНГЕЛОВ

Стана ли Стојанче македонскиот “прелетачевиќ”? Дали се со Павле Трајанов во фото финиш при шалтање од лева во десна “трака” и обратно?

Зошто после одбивањето на барањето за референдум во 2013 год во кое сметаше дека екс борците на УЧК не смеат да имаат јавни функции, продолжи да соработува со истите?

Како му успева секогаш да е на 15мин до оние кои се во опасност па потоа истите и ги спасува?

Ќе го видите ли за првпат изнервиран Стојанче Ангелов?

Понеделник, 23 септември,23час. Канал 5 ТВ

21.30 youtube Канал 5 ТВ - 5CAST

Ааааа, да не заборавам…ќе го објавам и Ку Ку Президентот кој е кидавела од мене…ќе се изненадите кој е херојот што не смее ниту на порака да одговори😂

Фото: Бугарската пејачка Камелија за забавата со Ѓоковиќ и Димитров: Епско искуство!!!

Најдобриот светски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ уживаше во Софија, на егзибициски меч против најдобриот бугарски тенисер неговиот голем пријател Григор Димитров.

Уживаше во Ноле на теренот, но уживаше и надвор од него на забава која беше организирана во една од дискотеките во Софија.

Мегапопуларниот Ноле полн со впечатоци се врати од Софија во Белград. Тој одигра егзибиција со Григор Димитров во Бугарија и одлично се забавуваше не само на теренот, туку и надвор од него.

По одигрувањето на егзибицијата, Ѓоковиќ и Димитров заминаа во ноќен клуб во Софија, а таа вечер сè им беше подредено на двајцата тенисери.

Вирално стана видеото на кое Ѓоковиќ бара од диџејот на да ја пушти песната „Луда за тобом“, која тој ја вежбал, но желбата не му се исполнила, па мораше сам да ја отпее со помош на публиката.

На егзибицијата Ноле ја воодушеви публиката и со стриптиз на теренот, кој потоа мораше да го направи и Димитров.

Во дискотеката истата нумера му ја исполни пејачката која беше задолжена за забава, атрактивната Камелија, која само за Новак го отпеа добро познат хит.

Бугарската музичка ѕвезда имала подготвено и подарок за двајцата тенисери. На новак и Григор убавата Камелија подарила рачно ткаена табла од училиштето Чипровак.

Таа сподели и фотографија со тенисерите со опис:

- Тоа беше епско искуство. Ви благодарам момци. Овие панели нека бидат потсетник за Бугарија, каде и да сте во светот. Бидете здрави и грижете се за себе.

Норис ја освои пол-позицијата во Сингапур

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои пол-позицијата на Големата награда на Сингапур.

Во квалификациите попладнево тој го извозе најбрзиот круг за 1 минута 29,525 секунди.

Возачот на Ред Бул и актуелен светски шампион Макс Верстапен имаше второто време (+0,203 секунди), додека трет беше Луис Хамилтон од Мерцедес (+0,316).

Пилотот на Ферари, Карлос Сајнц доживеа несреќа во третиот сегмент, па квалификациите беа во прекин со црвени знамиња. Шпанецот не доби време и заврши на 10. место. Шарл Леклер го ресетираше времето на кругот поради прекршување на границите на патеката во вториот свиок, заврши 9-ти.

Главната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Сингапур ќе се вози утре со почеток во 14 часот.

Фото: Холивудска убавица во необичен фустан за црвениот тепих

Холивудската заводничка, актерката Скарлет Јохансон присуствуваше на промоцијата на нејзиниот нов филм „Transformers One“ во Лондон.

На лондонската промоција на нејзиниот нов филм „Transformers One“, во кој игра со Крис Хемсворт, убавата Скарлет Јохансон се појави во прекрасен фустан без прерамки и покажа зошто е една од најбараните холивудски актерки.

Една од омилените холивудски ѕвезди за оваа промоција носеше фустан во најпопуларната боја - бордо, а нејзината шминка се совпадна со овој аутфит, а имаше „зачадени“ очи и нагласени усни.

притисни ентер