Стапуваат во сила нови правила на ЕУ за социјалните мрежи и онлајн платформи

Станува збор за интернет платформи, кои според статитичките податоци, месечно ги посетуваат над 45 милиони Европејци.

Вкупно 19 големи онлајн платформите и пребарувачи од утре ќе мора да се усогласат со новите правила за интерент содржини на ЕУ, затоа што стапува во сила Законот за дигитални услуги, усвоен во 2022 година, кој има за цел да ги сузбие „нелегалните и штетни дигитални содржини“.

Новите правила се однесуваат на социјални мрежи се Фејсбук, Инстаграм, ТикТок, Икс (поранешен Твитер), Јутјуб, Снепчет, Линкедин и Пинтерест, но и на Амазон, Букинг, АлиЕкспрес, Заландо, Гугл Шопинг, Гугл Срч, Гугл Мапс, Бинг, Википедија, како и на онлајн продавниците за апликации на Гугл и Епл. Станува збор за интернет платформи, кои според статитичките податоци, месечно ги посетуваат над 45 милиони Европејци.

Согласно новите правила, како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, социјалните мрежи и платформите ќе мора веднаш да ги отстранат содржините кои со европските и националните законодавства на членките на ЕУ се оквалификувани како „нелегални“, на пример фотографии од сексуална злоупотреба на деца, а ќе можат и да ги блокираат корисниците кои често објавуваат нелегални содржини. Дополнително, онлајн продавниците ќе треба да „направат најдобри напори“ за да спречат продажба на фалсификувани луксузни марки и опасни играчки за деца.

Компаниите ќе мора да проценат и да предложат конкретни мерки за „справување со можните ризици што платформите ги претставуваат за општеството“, меѓу кои и ширењето дезинформации и онлајн малтретирање. Социјални медиуми и пребарувачите ќе мора да ги приспособат своите услуги за да спречат ширењето на лажни вести во случаи на елементарни непогоди, војни или пандемии.

За таа цел тие ќе треба до Комисијата да достават детален годишен извештај за т.н. „системски ризици што ги претставуваат за Европејците“, како и да преземат мерки за ограничување на идентификуваните ризици, преку прилагодување на нивните алгоритми, создавање алатки што ќе им овозможат на родителите да контролираат што гледаат нивните деца, воведување инструменти за потврдување на возраста на корисниците, како и јасно назначување на содржините, како фотографии или видеа, генерирани од алатки за вештачка интелигенција.

Во случај на блокада или суспензија на корисник или отстранување на некоја негова содржина, социјалните мрежи ќе мора му ги образложат причините за таквата одлука, при што корисниците ќе имаат право да ги оспоруваат одлуките на платформите преку вонсудски тела, а во крајна инстанца и на суд.

Дополнително на платформите ќе им биде забрането да таргетираат луѓе со онлајн реклами засновани на нивните лични податоци, како верска припадност, сексуални преференци, здравствени информации и политички убедувања, како и да собираат лични податоци на деца и тинејџери.

Онлајн компаниите ќе мора да бидат потранспарентни за начинот на нивното функционирање, преку објавање на своите и ревизорските извештаи за проценка на нивните ризици по општеството, вклучително и за закани за слободата на говорот, јавното здравје и изборните процеси, а регулаторните тела ќе имаат право на пристап до податоците и алгоритмите на компаниите и до нивните деловни документи.

Со Законот, за непочитување на утврдените правила, Европската комисија ќе може да изрекува казни во висина до 6 отсто од годишниот глобален приход на компанијата, но ќе може и времено да ја забрани работата на одредена социјална мрежа, платформа или пребаравач во блокот во случаи на „сериозна неусогласеност“. Големите онлајн платформи и пребарувачи, исто така, ќе мора да плаќаат и такса во износ од 0,05 отсто од нивните глобални приходи за финансирање на извршната работа на Комисијата. /МИА

Фото: Карлеуша во мини фустан на концерт

Контроверзната пејачка Јелена Карлеуша повторно ги запали социјалните мрежи.

Карлеуша синоќа настапи во Кикинда, на манифестацијата „Луди денови“.

Атрактивната пејачка на концертот ги воодушеви присутните со својот стајлинг.

Русокосата пејачка на бината се појави во блескав сребрен мини фустан кој имаше проблем да го сокрие нејзиниот буен задник.

Карлеуша на сцената блесна во сребрен фустан од Версаче и соодветни чизми од Ив Сен Лоран.

Во „Триаголникот на Алјаска“ исчезнале повеќе од 20.000 луѓе

Во светот скоро сите слушнале или знаат за „страшниот“Бермудскиот триаголник, но малкумина знаат за „опасниот триаголник на Алјаска.

Кој се нарекува и Бермудски триаголник на Алјаска, непристапна и ненаселена област што ги поврзува Енкориџ, Џуно на југ и Уткијагвик.
Таму има повеќе нерешени случаи на исчезнати лица отколку на кое било друго место во светот, помеѓу 500 и 2.250 луѓе годишно.

Всушност, од раните 1970-ти, повеќе од 20.000 луѓе исчезнале во овој огромниот триаголник, и во област која е ретко населена.

Статистиката покажува дека на Алјаска годишно исчезнуваат околу 2.250 луѓе, пренесува РТС.

Меѓу познатите личности кои исчезнале во овој чуден триаголник во минатото се и двајца политичари: лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом на САД, Томас Хејли Богс и конгресменот од Алјаска, Ник Бегич.

Алјаска е најголемата држава во САД, но само една дваесетина од територијата е населена, околу 730.000 луѓе живеат во област која зафаќа 1067.478 квадратни километри.

Електронските отчитувања на Алјаска открија значителни концентрации на магнетни аномалии, од кои некои го вознемириле компасот до тој степен што ја поместиле скалата за 30 степени. Покрај тоа, некои членови на спасувачките мисии доживеале аудитивни халуцинации, дезориентација и вртоглавица.

Не е сигурно дали овие магнетни вртлози постојат, во секој случај, и покрај предупредувањата на властите за временските услови, дивиот свет и суровите области, стотици туристи ја посетуваат Алјаска за да ја искусат оваа недопрена природа, од кои многумина се целосно неподготвени за такви области и временските услови.

Многу од овие луѓе веројатно се изгубени среде оваа катастрофа, поради што секоја година се започнуваат бројни операции за пребарување и спасување.

Руски град воведе „вонредна состојба“ по украински напад со дрон

 Руските власти денеска воведоа „локална вонредна ситуација“ во јужниот град Тихорецк, откако наредија евакуација по нападот на украинско беспилотно летало за кој Киев рече дека погодил складиште за оружје.

Гувернерот на регионот Краснодар, Вениамин Кондратиев, на социјалните мрежи објави дека „воведен е локален режим на вонредна ситуација за да се организира помош за луѓето и навремено да се решат сите прашања поврзани со инцидентот“.

притисни ентер