Со „Мала Англија“ во Кинотека започнува серијата проекции на грчки филмови

Со „Мала Англија“ во Кинотека започнува серијата проекции на грчки филмови „Ајде да се запознаеме“.

Амбасадата на Грција во Македонија започнува серија проекции на грчки филмови со наслов „Ајде да се запознаеме“. Целта на проекциите, како што нагласуваат од амбасадата, е да се претстават современите грчки филмови кои се многу сакани во Грција, но и во странство.

Серијата на проекции „Ајде да се запознаеме“ ќе започне со повеќепати наградуваниот филм „Мала Англија“ (2013, 2h12) на Пантелис Вулгарис, еден од најзначајните грчки режисери, кој заедно со Теодорос Ангелопулос беа главните претставници на трендот на Новата грчка кинематографија, која стана светски позната во 70-тите.

Филмот „Мала Англија“ е романтична драма, која се врти околу тоа како договорениот брак ќе го размрда животот на едно семејство во периодот помеѓу 30-тите и 50-тите години. Дејството на филмот се одвива на островот Андрос, наречен Мала Англија поради финансиската моќ на неговите жители. Филмот „Мала Англија“ е производ на соработката на режисерот Панделис Вулагарис и истакнатата грчка писателка Јоана Каристианис и постигна голем успех од уметнички но и од комерцијален аспект. Доби 6 признанија од Грчката Филмска Академија и награда за најдобар филм на 17. Меѓународен филмски фестивал во Шангај.

Проекцијата на „Мала Англија“ ќе се одржи во Кинотека, во среда во 19:00 часот. Влезот е бесплатен.

Мицкоски: Постигнавме историски договор со банките за унгарскиот кредит

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека е постигнат договор со банките за унгарскиот кредит од 250 милиони евра и очекува дека од понеделник партите да им бидат доделени на ониое на кои им се потребни.

Мицскоски рече дека со банките е постигнат договор за каматна стапка од 1,95% , до три години грејс период и до 15 години рок на отплата во зависност од потребите на компаниите.

„Ценам дека ова е исторски договор со историски најниска каматна стапка , рече Мицскоски и додаде дека условите се да се има минимум 20% сопствено учество, што значи дека ќе имаме инвестициски бран од 300 милиони евра.“, рече Мицскоски.

Зејн Малик ја расплака публиката на концерт, му оддаде почит на Лиам Пејн

Откако одложи неколку свои закажани настапи и ги загрижи своите обожаватели, Зејн Малик навистина одржа концерт во Лидс, Англија.

Тој ги расплака сите присутни на самиот крај од настапот кога му оддаде почит на трагично починатиот Лиам Пејн со кого пееја во популарниот бој бенд One Direction.

За време на изведбата на Зејн на Stardust, на екранот зад него се појави голем знак: „Лиам Пејн 1993-2024. Те сакам брат“.

„Плачев кога го видов ова“, „Честитки Зејн, ова ни требаше“, напишаа неговите фанови на социјалната мрежа Х.

Инаку, Зејн и Лиам беа членови на One Direction, заедно со Ниал Хоран, Луис Томлинсон и Хари Стајлс. Тие брзо постигнаа глобален успех и станаа еден од најпродаваните бендови на деценијата. Членовите на бендот направија пауза во 2015 година, но никогаш не се вратија заедно после тоа.

Потсетуваме, 31-годишниот Лиам Пејн трагично загина на 16 октомври, паѓајќи од балкон на хотел во Буенос Аирес. На 20 ноември се одржа погреб во неговиот роден Вулверхемптон. Покрај семејството и пријателите, се собраа сите членови на One Direction, а се појави и Сајмон Кауел, човекот кој го собра популарниот бој-бенд.

Јанчев: Наскоро ги очекуваме сите вљубеници на скијањето во Михајлово

Наскоро ги очекуваме сите вљубеници на скијањето, во Михајлово, за заедно да го прославиме почетокот на оваа зимска сезона!

Имено, веќе се во завршна фаза активностите за изградба на скијачкиот центар во Михајлово!

Деновиве следува монтажа на геоплатно и церада за акумулација на вода за вештачки снег со капацитет од 3200 м3.

Инаку, овој скијачки центар ќе располага со:

Ски лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на 1 час

Скијачки појас со капацитет од 800 лица

Четири сезонски вртелешки

Мобилна пумпа

Црево со висок притисок 5 броја по 20 метри мах 20 бар

Филтри 4 броја

Хидрант 4 броја

Снежни топови 2 броја

Заштитна мрежа 20 броја

Комплетната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија, која се очекува доколку дозволат временските услови да се монтира на крајот на овој месец. Инвестицијата вредна околу 240 илјади евра е донација, дел од Кожувчанка, дел од Комерцијална банка, додека градежните активности се донација од општествено одговорната компанија ЈА-МИ во висина од 50.000 евра.

Ги очекуваме сите љубители на снег и планина да ни се придружат и уживаат во преубавиот амбиент кој ни го нуди Кожуф планина.

Кавадарци за сите, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

притисни ентер