Скопјани порано од очекуваното добиваат вода

Скопјани порано од очекуваното добиваат вода. На екипите на водовод им беа потреби само неколку часа да ги завршат предвидените поправки, со кои долгорочно ќе се стабилизира и подобри водоснабувањето на главниот град. Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Германските имиграциски власти предупредувале за осомничениот од Магдебург

 Германската федерална канцеларија за миграција и бегалци соопшти дека минатата година добила дојави за човекот обвинет за нападот на божиќниот пазар во Магдебург во кој загинаа пет лица, јави ДПА.

-Предупредувањето дојде преку социјалните мрежи на крајот на 2023 година, напиша сервисот во „Х“. „Ова, покрај многу други укажувања, е сфатено сериозно“, велат тие.

Бидејќи канцеларијата за имиграција не е истражна агенција, информациите биле проследени до соодветните органи, се вели во публикацијата.

На интернет кружат слики од екранот на кои се прикажани пораки во кои одредено лице ја предупредува Канцеларијата за наводниот сторител, Талеб А.

Талеб А., чиј целосен идентитет не е објавен поради германските закони за приватност, претходно денеска беше обвинет за убиство со умисла, обид за убиство со умисла и други кривични дела.

Во нападот во петокот вечерта загинаа пет лица, а 200 се повредени.

Мицкоски: Не би шпекулирал дали Груби е во Албанија или во Косово, факт е дека не бил чист

Не би шпекулирал дали Груби е во Албанија или во Косово, факт е дека не бил чист како солза.

Не би шпекулирал дали поранешниот вицепремиер Артан Груби е во Албанија или во Косово, но факт е дека не бил чист како солза. Ако бил чист како солза, немало да има потреба да биде бегалец од правдата, туку ќе дојде тука и ќе ја брани својата невиност, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Тој денеска за време на неговата посета во Гевгелија, одговорајќи на новинарско прашање, посочи оти смета дека пораките кои ги испраќаат СДСМ и ДУИ не се пораки во насока на одлучна борба против криминалот и корупцијата.

Мицкоски потенцира дека коалицијата СДСМ и ДУИ беше заштитник не само на политичките криминалци, туку и на вистинските криминалци.

-Пораките кои што ги испраќаат во јавноста во врска со бегството на Груби, не се пораки во насока на одлучна борба против криминалот и корупцијата. Ние за ова алармиравме многу пати во минатото. Оваа коалиција која што функционираше беше навистина голем заштитник, не само на политичките криминалци, туку и на вистинските криминалци, рече Мицкоски.

Тој подвлече дека МВР, Бирото за јавна безбедност и СВР Скопје работат во насока на разбивање на една криминална група на подрачјето на градот Скопје, која што години наназад беше недопирлива за овие институции.

-Сведоци сме на една робусна акција на МВР, на Бирото за јавна безбедност и на СВР Скопје, во насока на разбивање на една криминална група на подрачјето на градот, која што години наназад беше недопирлива за овие институции. Но, она кое што го направија овие институции претставува исклучително значајно, затоа што само пред два дена се најдени околу 200 грама експлозив кои се доволни да кренат во воздух која било поголема зграда на Влада, на Парламент, рече Мицкоски.

Најави дека ќе продолжат во битката против сузбивање на криминалните структури, но и на повикување на одговорност на политичките криминалци.

-Со оваа влада граѓаните можат да бидат безбедни. Продолжуваме во нашата одлучна битка против сузбивање на ваков тип на криминални структури, но и на повикување на одговорност на политички криминалци кои што во изминатите седум години ја пустошеа Македонија. Повикувам граѓаните да бидат, мирни, спокојни и да знаат дека оваа Влада буквално води сметка за се она кое што треба да ја гарантира нивната безбедност, рече Мицкоски.

Мицкоски: Ќе продолжиме со борбата против криминалот и корупцијата, се останато е празна политика.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, но и самата влада која што ја предводам прави се што може да испорача резултати. Ќе продолжиме со борбата против криминалот и корупцијата, затоа што само така можеме да ја вратиме надежта кај граѓаните, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски од Гевгелија, прашан за коментар во врска со бројките од последните анкети.

Се останато, потенцираше, е само гола и празна политика, која не носи додадена вредност.

-ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и коалицијата но и самата влада која што ја предводам, прави се што може во овој момент да испорача резултати, да покажеме дека не сме исти како другите. Јавноста е објективна и таа преку ваков тип на јавно мерење кажува реално какви се состојбите во државата. Задоволен сум, но секогаш може подобро. Ќе работиме жестоко, немаме друг избор, рече Мицкоски.

Тој појасни дека првичната цел беше да го сопрат слободниот пад и да ја консолидираат состојбата во државата. Како што рече, очекува на пролет да дојдеме до точка нула и да почне да се развива државата.

-Првична наша главна цел беше да го сопреме слободниот пад, по што успеавме. Ја консолидиравме состојбата. Уште не сме дојдени до точка нула, очекувам на пролет, месец март или април, да дојдеме до точка нула и потоа да почнеме да ја развиваме државата онака како што имаме намера. Жестоко ќе работиме како влада, напорно и чесно, за да покажеме дека може да биде поинаку, додаде Мицкоски.

Мелони: ЕУ нема да дозволи Русија или некој друг да ја загрозува нејзината безбедност преку миг

Илегалната миграција е безбедносна закана за Европската унија и унијата мора да ги заштити своите граници од заканите во овој поглед кои доаѓаат од Русија и криминалните организации, изјави денеска италијанската премиерка Џорџа Мелони.

-Мислам дека беше грешка да се справиме со илегалната миграција на дебата еден на еден, рече Мелони на прес-конференција по самитот за безбедност на ЕУ во Финска.

„Како резултат на тоа, не успеавме да ги заштитиме нашите граници. Сакаме да ги заштитиме нашите надворешни граници и нема да дозволиме Русија или криминалните организации да ја поткопаат нашата безбедност“, додаде таа.

Премиерката додаде дека е задоволна со актуелниот министер за внатрешни работи, Матео Пјантедоси, откако судската одлука му го расчисти патот на вицепремиерот Матео Салвини потенцијално да ја преземе функцијата. Во петокот, судот го ослободи Салвини од обвиненијата за „грабнување и несовесно извршување на должноста“, поврзани со блокирање на спасувачки брод со мигранти. Случајот датира од август 2019 година.

Казната значи дека Салвини, моментално министер за транспорт на Италија, може да се врати на функцијата министер за внатрешни работи.

-И Матео Салвини и јас сме задоволни од одличната работа на нашиот сегашен министер за внатрешни работи, нагласи Мелони.

притисни ентер