Лајпциг до крајот на сезоната без Хенрикс

 Дефанзивецот на Лајпциг и германски репрезентативец Бенјамин Хенрикс ќе ги пропушти сите преостанати натпревари од оваа сезона, откако ја скина Ахиловата тетива, објави бундеслигашот.

Левиот бек на Лајпциг се повреди во петокот при поразот од минхенски Баерн со 1:5 во 15. коло од Бундес лигата.

„Бенјамин Хенрикс на натпреварот против Баерн доживеа руптура на ахиловата тетива на десната нога“, објави Лајпциг на својот профил на социјалната мрежа Икс.

Поради сериозноста на повредата Хенрикс ќе биде надвор од теренот неколку месеци, а Лајпциг најави дека во јануарскиот преоден рок ќе бара ново решение како негова замена.

Принцот Вилијам и Кејт не се појавија на традиционалниот предбожиќен ручек на кралот Чарлс

Годинава принцот Вилијам и Кејт Мидлтон не присуствуваа на традиционалниот предбожиќен ручек на британскиот крал Чарлс III во палатата Бакингем, каде се собра целото пошироко семејство

Причината за нивното отсуство не е позната, а Вилијам и Кејт ќе ги поминат празниците со своите деца во нивниот дом – Палатата Сандрингам, пишува Дејли Мејл.

Исто така, според странските медиуми, на оваа вечера не присуствувал и принцот Ендру, помладиот брат на кралот Чарлс, и покрај тоа што наводно бил поканет. Британски Експрес претходно објави дека кралот го поканил и покрај нивната кавга.

Вучиќ тврди дека нема да има преодна влада во Србија

Вучиќ тврди дека нема да има преодна влада во Србија; СПЦ со загриженост следи атмосфера на конфронтација во општеството.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да има преодна влада, за која опозицијата бара „да дојде на власт без избори“.

„Многупати сме ги победиле. Повторно ќе ги победиме и ќе ги победиме поубедливо од било кога и ќе ги победиме затоа што работиме за народот и затоа што го имаме народот...Велат потпишете преодна влада, мислат да дојдат на власт без избори. Нема ништо од тоа“, рече Вучиќ.

„Србија незапирливо се движи кон иднината и никој нема да не спречи на тој пат“.

Поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфирије, изјави денеска дека СПЦ со длабока загриженост ја следи растечката атмосфера на конфронтација во општеството и дека се поголемите поделби го загрозуваат единството на народот.

„На наше големо жалење, ние како народ долго време сме погодени од разни немири, особено во последните денови кога се соочуваме со немири што се последица на големата трагедија во Нови Сад... И како луѓе, се подразбира дека очекуваме сите одговорни за несреќата да одговараат адекватно пред законот“, рече патријархот Порфириј.

„Истовремено, нашата Црква, сите ние, со длабока загриженост следиме се што се случува во нашиот народ, во нашето општество, ја следиме се поголемата атмосфера на конфронтација и антагонизам со секојдневните инциденти од кои, се плашиме, не дај Боже, се прошири толку многу што може да има навистина голем број жртви“.

Катар се заканува дека ќе ја запре испораката на гас за Европската унија

Катар се закани дека ќе ја запре испораката на гас за Европската унија доколку земјите-членки строго ги применат новите закони што наметнуваат казни за компаниите кои нема да ги исполнат критериумите за емисиите на јаглерод....

Катар се закани дека ќе ја запре испораката на гас за Европската унија доколку земјите-членки строго ги применат новите закони што наметнуваат казни за компаниите кои нема да ги исполнат критериумите за емисиите на јаглерод, човековите права и работничките права.

Катарскиот министер за енергетика Саад ал-Каби изјави за Фајненшл тајмс во интервју објавено денеска дека доколку некоја земја од ЕУ наметне казни за непочитување на скалата спомената во директивата за корпоративна длабинска анализа, Доха ќе престане да ги снабдува со течен природен гас.

Директивата, одобрена оваа година, бара од големите компании кои работат во ЕУ да проверат дали нивните добавувачи користат принудна работа или предизвикуваат еколошка штета и да преземат мерки против таквите практики.

Казните би изнесувале до пет отсто од глобалниот промет.

Каби, извршен директор на државната нафтена компанија Катар енерџи, рече дека ЕУ треба темелно да ја разгледа директивата.

Директивата е дел од поширокиот пакет барања за усогласување на компаниите со амбициозната цел на ЕУ за постигнување нулта емисија на јаглерод до 2050 година. Но, многу компании се побунија, и внатре и надвор од ЕУ, жалејќи се дека правилата се премногу строги и ги ставаат во неповолна положба.

притисни ентер