Караванот „Зимска новогодишна бајка“ во Драчево

 Караванот „Зимска новогодишна бајка“ на Државна лотарија денеска ќе биде во населбата Драчево, кај Крстот.

Во првиот дел од програмата, како што е најавено, најмладите ќе можат да уживаат во настапот на детскиот фестивал „Поточиња“, а истовремено и да ја проследат театарската претстава „Чекори“, како и бесплатно фотографирање со Дедо Мраз и маскоти од омилените ликови од најпопуларните цртани филмови, за спомен.

Во вториот дел од програмата ќе се оддржи голем музички концерт во кој граѓаните ќе можат да уживаат во звуците на македонската песна, а за добрата забава, како што е најавено, ќе се погрижат ДНК, Андријана Јаневска, Лина Пејовска и Огнен Здравковски.

Вучиќ тврди дека нема да има преодна влада во Србија

Вучиќ тврди дека нема да има преодна влада во Србија; СПЦ со загриженост следи атмосфера на конфронтација во општеството.

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека нема да има преодна влада, за која опозицијата бара „да дојде на власт без избори“.

„Многупати сме ги победиле. Повторно ќе ги победиме и ќе ги победиме поубедливо од било кога и ќе ги победиме затоа што работиме за народот и затоа што го имаме народот...Велат потпишете преодна влада, мислат да дојдат на власт без избори. Нема ништо од тоа“, рече Вучиќ.

„Србија незапирливо се движи кон иднината и никој нема да не спречи на тој пат“.

Поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфирије, изјави денеска дека СПЦ со длабока загриженост ја следи растечката атмосфера на конфронтација во општеството и дека се поголемите поделби го загрозуваат единството на народот.

„На наше големо жалење, ние како народ долго време сме погодени од разни немири, особено во последните денови кога се соочуваме со немири што се последица на големата трагедија во Нови Сад... И како луѓе, се подразбира дека очекуваме сите одговорни за несреќата да одговараат адекватно пред законот“, рече патријархот Порфириј.

„Истовремено, нашата Црква, сите ние, со длабока загриженост следиме се што се случува во нашиот народ, во нашето општество, ја следиме се поголемата атмосфера на конфронтација и антагонизам со секојдневните инциденти од кои, се плашиме, не дај Боже, се прошири толку многу што може да има навистина голем број жртви“.

Катар се заканува дека ќе ја запре испораката на гас за Европската унија

Катар се закани дека ќе ја запре испораката на гас за Европската унија доколку земјите-членки строго ги применат новите закони што наметнуваат казни за компаниите кои нема да ги исполнат критериумите за емисиите на јаглерод....

Катар се закани дека ќе ја запре испораката на гас за Европската унија доколку земјите-членки строго ги применат новите закони што наметнуваат казни за компаниите кои нема да ги исполнат критериумите за емисиите на јаглерод, човековите права и работничките права.

Катарскиот министер за енергетика Саад ал-Каби изјави за Фајненшл тајмс во интервју објавено денеска дека доколку некоја земја од ЕУ наметне казни за непочитување на скалата спомената во директивата за корпоративна длабинска анализа, Доха ќе престане да ги снабдува со течен природен гас.

Директивата, одобрена оваа година, бара од големите компании кои работат во ЕУ да проверат дали нивните добавувачи користат принудна работа или предизвикуваат еколошка штета и да преземат мерки против таквите практики.

Казните би изнесувале до пет отсто од глобалниот промет.

Каби, извршен директор на државната нафтена компанија Катар енерџи, рече дека ЕУ треба темелно да ја разгледа директивата.

Директивата е дел од поширокиот пакет барања за усогласување на компаниите со амбициозната цел на ЕУ за постигнување нулта емисија на јаглерод до 2050 година. Но, многу компании се побунија, и внатре и надвор од ЕУ, жалејќи се дека правилата се премногу строги и ги ставаат во неповолна положба.

Видео: Одермат најбрз на велеслаломот во Алта Бадија

Најдобриот скијач на денешницата, Швајцарецот Марко Одермат триумфираше на денешниот велеслалом од Светскиот куп во алпско скијање во Алта Бадија.

Второто место го освои младиот Французин Тео Ангуено со 85 стотинки заостанување, а место на победничкиот пиедестал имаше и за третопласираниот Норвежанецот Александар Стин Олсен, кој заостана 88 стотинки зад победникот.

Водечката позиција во поредокот во велеслалом ја презеде Одермат со 200 бодови, а Швајцарецот води и во генералниот пласман со 540 бодови.

притисни ентер