Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот

Светскиот тениски рекет број еден Јаник Синер му помогна на бранителот на титулата Италија да се пласира во полуфиналето на екипниот тениски турнир Дејвис куп, неофицијалното светско екипно првенство за мажи, кое се одржува во Малага, Шпанија.

Синер го доби својот сингл натпревар, а потоа забележа успех во двојки и ја предводеше Италија до победа од 2-1 над Аргентина во четвртфиналниот судир на натпреварувањето.

Во полуфиналето Италијанците ќе се соочат со Австралија во реприза на минатогодишното финале. Австралијците трета година по ред стигнаа до топ 4 на Дејвис купот.

Италија ќе биде фаворит против Австралија во саботното полуфинале, но избраниците на Лејтон Хјуит, кои беа поразени во последните две финалиња, ќе бидат подготвени за борба.

-Имаме толку богата историја во натпреварувањето и момците знаат дека е голема чест да се носат нашите бои, рече поранешниот светски рекет број 1, додавајќи: „Имаме солиден состав од околу шест момци кои играат на ниво веќе 3 или 4 години. Тие се справија добро. Јас сум супер горд на целиот тим“.

Првото полуфинале денеска ги соочува селекциите на Холандија и Германија./МИА

Сиљановска Давкова ја прими Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО.

За обете важната функција е не само лично, туку и државно признание, доказ дека единството и консензусот меѓу носителите на највисоките функции се клучот за успехот и афирмацијата на државата.

Претседателката изрази уверување дека г-ѓа Шекеринска, ќе даде значаен придонес во остварувањето на клучните цели на Алијансата: унапредувањето на колективната безбедност, зајакнувањето на солидарноста меѓу сојузниците и справувањето со современите закани.

Со изборот на Радмила Шекеринска на високата функција во НАТО, Алијансата јасно и отворено ја манифестира свеста за важноста на регионот, како и посветеноста кон него, соопштуваат од кабинетот.

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување со светот

Овој настан е доказ за моќта на соработката, визијата и посветеноста што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски, културната размена и туристичката промоција. 

Регионалната иницијатива создава можности што го поврзуваат нашиот регион со светот и токму оваа платформа е пример како традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака, порача попладнево премиерот Христијан Мицкоски, на отворањето на меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.

Виното, посочи премиерот, како културно наследство на овој дел од Европа, е многу повеќе од производ - тоа е симбол на нашата историја, земја и труд, но и мост меѓу луѓето, градејќи разбирање и пријателства.

Горд сум што денес, овде во Белград, можеме да ги претставиме достигнувањата на македонската винска индустрија која без сомнение се вбројува помеѓу најразвиените во регионот. Македонија има повеќе од 28.000 хектари лозови насади, а годишно произведуваме околу 100 милиони литри вино, од кои речиси 70 проценти се извезуваат во над 40 земји низ светот. Нашите лозја, кои се простираат низ региони како Тиквеш, Повардарие и Пелагонија, се меѓу најсончевите во Европа, со над 270 сончеви денови годишно, што придонесува за квалитетот на грозјето. Особено сме горди на нашите автохтони сорти, како што се вранец и станушина, кои стануваат препознатливи брендови на меѓународната сцена, рече премиерот Мицкоски.

Потенцираше дека во споредба со соседните земји, Македонија се издвојува по балансот меѓу количината и квалитетот на произведеното вино.

- Според податоците, 50 проценти од произведеното македонско вино е со ознака за географско потекло, што ја истакнува нашата посветеност на врвниот квалитет. Дополнително, секторот за вино придонесува со 3 отсто од вкупниот БДП на земјата, обезбедувајќи работа за над 20.000 луѓе, од лозарите до винарите и извозниците. Со ова, Македонија станува водечки извозник на вино во регионот според бројот на литри по глава на жител, рече Мицкоски.

Изрази надеж дека овој настан ќе ја зајакне нашата винска индустрија и ќе отвори нови пазари и можности за сите учесници.

Саемот „Wine Vision by Open Balkan“ не е само место за изложување и дегустација, туку и форум за дискусија, образование и соработка што ќе донесе долгорочни придобивки. Сигурен сум дека заедничкиот успех што ќе го споделиме овде ќе биде само почеток на уште поголеми достигнувања во иднина, дополни премиерот.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја поздрави иницијативата истакнувајќи дека е важно да се поврзуваме и сподели дека е горд на сите што се вклучени во организацијата, додека премиерот на Република Албанија, Еди Рама, во видео обраќање истакна дека платформата е добар начин за спојување и презентација на најдоброто од земјите.

- Албанија е горда за придонесот во овој регион. Веруваме дека заедно со соседите од Балканот можеме да постигнеме повеќе, отколку сами, рече Рама.

Во рамки на посетата на Србија по повод учеството на Саемот Мицкоски денеска имаше тет-атет средби со Вучиќ и со српскиот премиер Милош Вучевиќ.

Во состав на македонската делегација на саемот се и Љупчо Димовски заменик-претседател на владата за политички систем, Иван Стоилковиќ, заменик-претседател на владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев, генерален секретар на владата на Македонија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев, министер за јавна администрација и Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

Мицкоски и македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски вечерва ќе имаат обраќања на македонската вечер што ќе се одржи во хотелот Хајат.

На третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ што се одржува во Белград од 22-24 ноември ќе бидат претставени 650 изложувачи од 37 земји. Покрај тоа, посетителите ќе можат да уживаат и во Гастро театарот - презентација на најдобрите ресторани и хотели од Србија, Македонија и Албанија, каде што ќе се подготви комплет мени од три јадења во комбинација со вина избрани од најдобрите сомелиери од Србија. Оваа година од Северна Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.

Еден од најатрактивните сегменти на саемот ќе биде доделувањето на „ Винскиот трофеј на Отворен Балкан“, што ќе се одржи на 23 ноември. Тогаш ќе бидат прогласени најдобрите вина на фестивалот, а жирито составено од 26 меѓународни вински експерти, меѓу кои и шестмина носители на титулата „Мастер на виното“, ќе оцени речиси 1.000 примероци вино.

Ќе се оценуваат вината од Србија, Македонија, Албанија и други балкански земји, а најдобрите примероци ќе бидат наградени со златни, сребрени и бронзени медали. Исто така, за вината на членовите на Иницијативата Отворен Балкан ќе бидат доделени национални

Гости на Белград ќе бидат и лидерите на кулинарската и прехранбената индустрија: британскиот готвач и амбасадор на британската кујна Алан Коксон, главниот готвач и сомелиер Драган Униќ, вториот потпретседател на Светската асоцијација на мајстори на готвачи Даниел Ајтон, познатиот италијански готвач Џанлука Томази, како и директорот на Кулинарската олимпијада Даниел Шаде.

Централното место на Белградскиот саем ќе го заземе заедничкиот штанд на трите национални туристички организации на земјите од Отворен Балкан, каде заеднички ќе ја презентираат туристичката понуда и културното наследство на сите три земји.

Борел: Путин и Трамп ќе седнат на преговарачка маса, а Украина ќе биде на мени

Рускиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, кој наскоро ќе ја преземе функцијата претседател на САД, ќе седнат на преговарачка маса да разговараат за ситуацијата во Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, кој наскоро ќе ја преземе функцијата претседател на САД, ќе седнат на преговарачка маса да разговараат за ситуацијата во Украина, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

- Сите индикации покажуваат дека Трамп и Путин ќе преговараат, а на мени ќе биде Украина. Недамна бев во Украина и разговарав со (украинскиот претседател Володомир) Зеленски за оваа можност. Тој сфаќа дека постои подготвен договор меѓу САД и Русија, но нема да го прифати тоа, што е разбирливо, рече Борел во интервју за радиото Кадена СЕР.

Тој го оцени како загрижувачко вчерашното руско лансирање на балистичка ракета „Орешник“ кон украинскиот воено-индустриски комплекс во Дњепар.

- Лансирањето на проектили од ваков тип, дизајнирани за транспорт на атомско оружје и за огромни растојанија, е сериозно предупредување. Русија сака да покаже дека има воен капацитет што Украина го нема, истакна Борел.

Тој предупреди дека конфликтот ескалира со учество на севернокорејски трупи и интерконтинентални ракети. Според него, Украина треба да има право да користи оружје на руска територија бидејќи нападите доаѓаат од таму, а не од окупираните украински региони.

- Украина покажа неверојатна отпорност. Ова беше кампања што Путин очекуваше да трае две недели, но сега сме во трета година од војната. Украина ќе продолжи да се брани додека ние ја поддржуваме, заклучи Борел.

притисни ентер