Сил: Долг и тежок е процесот за да се одлучи кој филм е најдобар

 Долг и тежок е процесот да се одлучи кој филм е најдобар, истакна на прес конференција во Битола, Џон Сил, претседател на стручното жири на ИФФК „Браќа Манаки“.

Според австралискиот кинематографер и оскаровец Сил, фестивалот во Битола е фестивал на кој сите се победници.

-Прв пат во Битола бев во 2016 година. Благодарам за приликата да работам на овој фестивал, фестивал на кој сите се победници. Многу е тешко да одлучиш кој филм е подобар од другите бидејќи пристапот во работењето е различен. Среќа е што сум претседател на жирито затоа што другите четири членови ќе одлучат и за мене, а јас ќе потврдам. Долг и тежок е процесот да се одлучи кој филм ќе биде најдобар, истакна Сил.

Зо изјава за медиумите, Ањес Годар, повеќепати наградувана француска кинематогарферка посочи дека жирито во текот на фестивалот постојано ќе прашува со цел да ги добие сите одговори.

-Иако е тешко, сепак е многу интересно да се гледа работата на други колеги. Ние ќе бидеме отворени и ќе прашуваме. Кинематографијата е наијинетересна бидејќи го гледаш пристапот кон сите детали. Посебно е фасцинантно да се пронајде инспирацијата на кинематограферите за филмовите што ги направија, истакна Годар.

Годинава член на жирито е и Џевахир Шахин, кинематогафер од Турција кој на промотивната прес конференција во Битола рече дека кинематогафијата е многу комплексна и затоа освен сликата ќе се оценува и целосниот впечаток за филмот, додека пак Биргит Гудјонсдотир од Исланд потврди дека најдобрата и најубавата работа е што има можност да разговара со кинематографери и цело време да се заедно. -Фестивалот е најдоброто место за да заедно зборуваме за филмовите. Многу е тешко да се посочи на најдобрата кинематографија пред се заради луѓето и нивната работа, нагласи исландската кинематограферка Гудјонсдотир.

Во петчленото меѓународно жири, претставник од Северна Македонија е Владимир Блажевски, режисер и сценарист.

-Нашата работа е да го видиме ремек делото во секој филм. Се е специфично и затоа нашата работа на овој фестивал е со многу предизвици. Пред 15 години прв пат бев член на жирито и тоа е мое мало искуство. Да си член на жири е убава работа, но и „темен“ момент бидејќи треба да се пресуди, истакна Блажевски на заедничка прес конференција на стручното жири во прес центарот на ИФФК „Браќа Манаки“.

Меџити: Имаме усогласеност во владата за закон за правична застапеност

Меѓу владините партнери има усогласеност за нов закон за правична застапеност во јавниот сектор, тврди првиот вицепремиер Изет Меџити. 

По бројните реакции во јавноста за злоупотреби на т.н. балансер и одлуката на Уставниот суд да го разгледува неговото евентуално укинување, Меџити во интервју за Радио Слободна Европа вели дека има политички договор тоа да се среди со нов закон каде предност ќе има квалитетот, а за етничката припадност да се води евиденција без да се навлегува во приватноста на информациите. Но кога и со каква содржина би го предложиле на Влада останува неизвесно.

-Имаме политички договор тоа да се среди со Закон за правична застапеност, но и квалитет.

По што ќе се разликува?

-Ако треба да се вработи Македонец, да ќе се вработи, но најквалитетниот. Ако треба да се вработи Албанец – да, но најквалитетниот, најобразованиот, најспремниот и утре, задутре подобро ќе им служи на граѓаните за нивните потреби. Само треба да најдеме начин евентуално да има евиденција на етничката припадност во администрацијата без да се косиме со приватноста на информациите, изјави Меџити.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев во изјава за Канал 5 претходно кажа дека во моментов нов закон не се подготвува, а тоа ќе зависи од конечната одлука на Уставниот суд. За евентуално ново законско решение, министерството за јавна администрација ќе се залага за решение за професионална јавна администрација врз основа на стручност и знаење, а не на партиски или етнички кадри.

Од министерството за јавна администрација најавија соодветно упатство кое ќе го испратат до сите институции во однос на постоечките огласи за вработувања, откако Уставниот суд одлучи времено да ги замрзне вработувањата во јавниот сектор.

-Што се однесува до распишаните огласи за вработувања кои се во тек, Министерството за јавна администрација ќе постапи согласно содржината на донесените времени мерки од страна на Уставниот суд, по објавата во Службен весник. За истите ќе подготви соодветно упатство кое ќе го сподели и дистрибуира до сите институции, велат оттаму.

Во меѓувреме, Вреди и ДУИ ја продолжуваат партиската „војна“ преку соопштенија за тоа кој е виновен за одлуката на Уставен за балансерот, но и за Законот за бранители кој го предложи СДСМ во Собранието. Меџити порача дека очекуваат овој закон и натаму да остане „заглавен“ во комисијата која ја води пратеничката од Европскиот фронт“, Илире Даути, бидејќи според нив тој не е добар за државата и процесите.

Од ДУИ, пак, секојдневно ги прозиваат Вреди дека дозволиле укинување на правата на Албанците и нарушување на меѓуетничките односи.

Дводневен самит на лидерите во Њујорк–клучни теми војните во Украина и на Блискиот исток

Над 130 светски лидери се дел од дводневниот Самит за иднината во Њујорк, како вовед на 79. сесија на Генералното собрание на ОН. Справување со конфилктите и кризите во фокус на лидерите. 

Главни теми за кој ќе се разговара во следната недела ќе биде војните на Блискиот Исток и во Украина.

Македонската делегација ја предводи претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а со неа се и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и вицепремиерот Изет Меџити. Сиљановска вчера оствари средба со македонската дијаспора, денеска ќе се обрати на Самитот на иднината, а в четврток ќе има свое обраќање и на 79. Генерално собрание. Според најавите ќе оствари и средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Њујорк се наоѓа под силно полициско обезбедување, како од земја така и во воздух. Според тамошните власти градот е максимално безбеден, а предизвикот пред нив е огромен, посебно ставајќи акцент на двата непуспешни обиди за атентат на кандидатот и екс претседател на САД, Доналд Трамп, но и поради најавите за можни протести за време на лидерските собири.

„Имаме повеќе од 142 светски лидери кој во исто време доѓаат во Њујорк. Тоа е речиси 75% од сите земји членки. Бројот на припадници на тајаната служба е над 200. Ова претставува најголем собир на лидерите. “-изјави Патрик Фрини – специјален агент.

Целта на Самитот на иднината е државите членки да ја зголемат меѓусебната соработка, а незивесно е и дали ќе најдат заеднички јазик за така наречениот Пакт на иднината кој се очекува да биде усвоен од сите.

Неделата на Обединетите нации во Њујорк се случува во време кога ситуацијата на релација Израел, Газа, Либан секојдневно ескалира. По серијата напади и контранапади, утрово Стејт Департментот, но и македонското МНР ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан поради безбедносни причини. Апел до македонските граѓани е упатен и за одложување на сите неопходни патувања кон Израел. Од МНР за Канал 5 велат иако ваков апел досега бил упатен во неколку наврати, во последниве денови до СОС дежурните телефони нема пријавени македонски дражвајни или упатени барања за асистенција за напуштање на Либан или Израел.

„МНР ќе продолжи интензивно да ги следи состојбите во регионот на Блискиот исток, особено последната ескалација на состојбите. Во врска со последната ескалација на безбедносната ситуација на границата меѓу Израел и Либан, МНР досега во неколку наврати упати аепл за напуштање на Либан, како и одложување на патувања кон Израел кое се неопходни, која ја повторуваме и во оваа прилика.“-МНР.

По бранот експлозии на пејџери и токи воки уреди во Либан, изралески воени авиони го изведоа најинтензивното бомбардирање во војната низ јужен Либан во последната година, додека Хезболах ракетираше цели во северен Израел, а стотици израелци повторно се вратија во засолништата.

ВРЕДИ не се откажува од идејата за албанска академија на науките, најавуваат нејзино формирање

Претседателот на „Алтернатива“, Зеиќирија Ибрахими, кој е дел од владината коалиција Вреди  во интервју за весникот ЛАЈМ,  изјави дека Албанската академија на науките и уметностите во Македонија ќе почне со работа во 2025 година. 

Првично за да се реализира оваа нивна идеја ќе ја финансираат четири општини. Ибрахими кој го наследи Гаши на претседателското место во партјата не гледеа ништо спорно во оваа идеја која првично ја отфрлија и Мицкоски и владините партенир но и целокупната акедемска фела.

-Ме чуди македонското мислење, кога зборуваме за академија, им се чини дека зборуваме за војска. Академијата е институција од која сите би добиле. Одлучивме во 2025 година првично четирите општини Чаир, Тетово, Желина и Гостивар со буџет да ја поддржат оваа академија и во меѓувреме да се работи на нејзината законска санкција“, изјави Ибрахими за весникот ЛАЈМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска велат дека партиската позиција не е променета и упатуваат на ставот на Премиерот Мицкоски пред два месеца, кој беше категоричен во својот дека не гледа причина за паралелна институција.

И од владиниот коалиционен партнер знам се со непроименет став. Тие ја отфрлаат ваквата иницијативата на Вреди, бидејќи според нив науката нема ниту има политичка, ниту етничка припадност.

-Науката не смее да се политизира, ниту да се етнизира, таа има своја генеза и континуитет. Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам. Во Македонија постои само МАНУ, а паралелни институции не се дозволени. Велат од ЗНАМ.

Освен коалициските партнери, иницијативата беше отфрлена и од СДСМ и од ДУИ, а Против формирање на албанска академија се и дел од академиците на Ману кои вакавата идеја ја оценија како невозможна.

Според Академик Камбовски во една држава не може да има две национални академии додека академик Таки Фити тогаш ја оцени идејата од Вреди како апсурдна додавајќи дека во Ману има четворица академици од албанска националност.

притисни ентер