Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на западниот брег

Израелската војска упадна во канцеларијата на Ал Џезира на западниот брег со наредба за затворање.

Израелските сили упаднаа во канцелариите на дописништвото на телевизијата Ал Џезира во Рамала на западен брег и наредија негово затворање.

Како што пренесуваат западните медиуми, наредбата за затворање е за период од 45 дена, а упадот на маскирани и вооружени војници се пренесуваше во живо.

„Таргетирањето на новинарите на овој начин секогаш има цел да ја избрише вистината и да ги спречи луѓето да ја слушнат вистината“, изјави шефот на канцеларијата Валид Ал Омари кому му беше доставена наредбата за затворање. Синдикатот на палестинските новинари го осуди упадот на израелските војници, нагласувајќи дека станува збор за произволна воена одлука и ново спречување на работата на медиумите.

Албанија ги „дисциплинира“ и нотарите

 Паралелно со процесот на ветинг кај судиите и обвинителите, во Албанија се спроведува строга контрола и во работата на нотарите.

- Во периодот јануари-август 2024 година, Министерството за правда ги засили контролите во нотарските канцеларии низ државата, при што беа извршени 42 контроли, што е значително зголемување во однос на минатата година. Овие контроли дојдоа како одговор на поплаки на граѓаните, како и за гаранција за спроведување на законските правила од страна на нотарите, рече министерот за правда, Улси Мања.

Според него, во периодот јануари-август годинава, одземени им се лиценците за работа на 11 нотари, а изречени се и други мерки.

Како резултат на овие длабински проверки преземени се управни мерки против 22 нотари за кои е констатирано прекршување. Од нив, на 11 нотари им е одземена лиценцата, четворица други се суспендирани, додека на седум нотари се изречени управни мерки. Запленети се и 17 нотарски архиви, посочи Мања.

Инаку, деновиве разрешен е обвинителот Сабри Кастрати, од Обвинителството во Лежа, кој не можел да го аргументира потеклото на имотот што го поседувал. Од почетокот на процесот, 1 јануари 2018 година, ветингот не го минале над 200 судии и обвинители, меѓу нив и претседател на Врховен суд.

Пријателскиот кошаркарски меч Панатинаикос- Партизан пред 42 000 гледачи

Актуелниот освојувач на кошаркарската Евролига, Панатинаикос ја објави официјалната бројка на посетители кои од трибините на стадионот „Панатинаикос“ го следеа натпреварот со Партизан на турнирот „Павлос Јанакопулос“.

Иако првично информации беа дека дуелот во Атина меѓу европскиот шампион Панатинаикос и Партизан го следеле околу 35 000 гледачи сега најновите информации покажуваат дека таа бројка била многу поголема.

Дури 42.000 луѓе во живо го виделе поразот на „зелените“ од Атина од црно-белите од Белград со резултат 75:64.

Инаку овој дуел беше и последен тест за избраниците на Жељко Обрадовиќ пред сезонското деби во АБА лигата против Борац на 25 септември.

Најдобар во тимот на Партизан беше Двејн Вашингтон со 13 поени, додека Брендон Дејвис додаде 12.

Уништена лабораторија за кокаин и хероин во Приштина, уапсени две лица

Косовската полиција соопшти дека во акција, спроведена по десетмесечна истрага, синоќа во подрум на куќа во населбата Сончев брег Приштина открила и уништила лабораторија за обработка на кокаин и хероин, при што уапсила две лица.

Косовската полиција соопшти дека во акција, спроведена по десетмесечна истрага, синоќа во подрум на куќа во населбата Сончев брег Приштина открила и уништила лабораторија за обработка на кокаин и хероин, при што уапсила две лица, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во акцијата на Единицата за антидрога и на Управата за борба против трговијата со наркотици на Полицијата на Косово, откриени се и одредена количина дрога хероин и кокаин и работен алат за преработка на наркотични материи, како и околу седум килограми дрога во цврста состојба.

-Постојат сомнежи дека оваа лабораторија за преработка на наркотичните супстанции хероин и кокаин осомничените ја користеле подолг временски период, при што по преработка на истите материи ги пакувале во мали дози за продажба во различни региони на земјата. Косовската полиција со своите единици за борба против дрогата останува посветена на спречувањето и сузбивањето на употреба, одгледување или продажба на наркотични супстанции, а строги законски мерки ќе бидат преземени против сите инволвирани во такви кривични дела кои на еден или на друг начин ги загрозуваат здравјето и безбедноста на нашите граѓани, се вели во соопштението на полицијата.

притисни ентер