ВРЕДИ не се откажува од идејата за албанска академија на науките, најавуваат нејзино формирање

Претседателот на „Алтернатива“, Зеиќирија Ибрахими, кој е дел од владината коалиција Вреди во интервју за весникот ЛАЈМ, изјави дека Албанската академија на науките и уметностите во Македонија ќе почне со работа во 2025 година.

Првично за да се реализира оваа нивна идеја ќе ја финансираат четири општини. Ибрахими кој го наследи Гаши на претседателското место во партјата не гледеа ништо спорно во оваа идеја која првично ја отфрлија и Мицкоски и владините партенир но и целокупната акедемска фела.

-Ме чуди македонското мислење, кога зборуваме за академија, им се чини дека зборуваме за војска. Академијата е институција од која сите би добиле. Одлучивме во 2025 година првично четирите општини Чаир, Тетово, Желина и Гостивар со буџет да ја поддржат оваа академија и во меѓувреме да се работи на нејзино уредување со закон“, изјави Ибрахими за весникот ЛАЈМ.

Премиерот Мицкоски пред два месеца беше категоричен во својот став дека ману е институцијата за развивање на науката и уметноста и не гледа причина за ваква паралелна институција

И од владиниот коалиционен партнер знам се со непроименет став. Тие ја отфрлаат ваквата иницијативата на Вреди, бидејќи според нив науката нема ниту има политичка, ниту етничка припадност.

Науката не смее да се политизира, ниту да се етнизира, таа има своја генеза и континуитет. Ваквите обиди и идеи се резултат на постизборен популизам. Во Македонија постои само МАНУ, а паралелни институции не се дозволени. Велат од знам

Против формирање на албанска академија се и дел од академиците на Ману кои вакавата идеја ја оценија како невозможна.

Според Академик Камбовски во една држава не може да има две национални академии додека академик Таки Фити тогаш ја оцени идејата од Вред како апсурдна додавајќи дека во Ману има четворица академици од албанска националност.

Либански пратеник член на Хезболах: Војната со Израел влезе во нова фаза

Либанскиот пратеник Хасан Фадлалах, член на Хезболах, денеска изјави дека војната со Израел влезе во нова фаза и дека организацијата е подготвена за секое сценарио, војна или конфронтација.

На погребот на еден член на екстремистичкиот Хезболах убиен заедно со десетици други, вкупно 45 лица, во израелски воздушен напад во населба во Бејрут, Фадлала рече дека јужниот фронт одиграл клучна улога во притисокот врз Израел да ја запре војната во Газа.

Тој, исто така, оцени дека Израел нема да може да ја постигне својата главна цел да ги врати доселениците на север и ги пофали можностите на Хезболах.

-Имаме силен и способен отпор кој има способности, компетенции, бројни борци и опрема и може да се прилагоди на секоја нова ситуација, рече заменикот.

Албанија ги „дисциплинира“ и нотарите

 Паралелно со процесот на ветинг кај судиите и обвинителите, во Албанија се спроведува строга контрола и во работата на нотарите.

- Во периодот јануари-август 2024 година, Министерството за правда ги засили контролите во нотарските канцеларии низ државата, при што беа извршени 42 контроли, што е значително зголемување во однос на минатата година. Овие контроли дојдоа како одговор на поплаки на граѓаните, како и за гаранција за спроведување на законските правила од страна на нотарите, рече министерот за правда, Улси Мања.

Според него, во периодот јануари-август годинава, одземени им се лиценците за работа на 11 нотари, а изречени се и други мерки.

Како резултат на овие длабински проверки преземени се управни мерки против 22 нотари за кои е констатирано прекршување. Од нив, на 11 нотари им е одземена лиценцата, четворица други се суспендирани, додека на седум нотари се изречени управни мерки. Запленети се и 17 нотарски архиви, посочи Мања.

Инаку, деновиве разрешен е обвинителот Сабри Кастрати, од Обвинителството во Лежа, кој не можел да го аргументира потеклото на имотот што го поседувал. Од почетокот на процесот, 1 јануари 2018 година, ветингот не го минале над 200 судии и обвинители, меѓу нив и претседател на Врховен суд.

Пријателскиот кошаркарски меч Панатинаикос- Партизан пред 42 000 гледачи

Актуелниот освојувач на кошаркарската Евролига, Панатинаикос ја објави официјалната бројка на посетители кои од трибините на стадионот „Панатинаикос“ го следеа натпреварот со Партизан на турнирот „Павлос Јанакопулос“.

Иако првично информации беа дека дуелот во Атина меѓу европскиот шампион Панатинаикос и Партизан го следеле околу 35 000 гледачи сега најновите информации покажуваат дека таа бројка била многу поголема.

Дури 42.000 луѓе во живо го виделе поразот на „зелените“ од Атина од црно-белите од Белград со резултат 75:64.

Инаку овој дуел беше и последен тест за избраниците на Жељко Обрадовиќ пред сезонското деби во АБА лигата против Борац на 25 септември.

Најдобар во тимот на Партизан беше Двејн Вашингтон со 13 поени, додека Брендон Дејвис додаде 12.

притисни ентер