Дводневен самит на лидерите во Њујорк–клучни теми војните во Украина и на Блискиот исток

Над 130 светски лидери се дел од дводневниот Самит за иднината во Њујорк, како вовед на 79. сесија на Генералното собрание на ОН. Справување со конфилктите и кризите во фокус на лидерите. 

Главни теми за кој ќе се разговара во следната недела ќе биде војните на Блискиот Исток и во Украина.

Македонската делегација ја предводи претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а со неа се и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и вицепремиерот Изет Меџити. Сиљановска вчера оствари средба со македонската дијаспора, денеска ќе се обрати на Самитот на иднината, а в четврток ќе има свое обраќање и на 79. Генерално собрание. Според најавите ќе оствари и средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Њујорк се наоѓа под силно полициско обезбедување, како од земја така и во воздух. Според тамошните власти градот е максимално безбеден, а предизвикот пред нив е огромен, посебно ставајќи акцент на двата непуспешни обиди за атентат на кандидатот и екс претседател на САД, Доналд Трамп, но и поради најавите за можни протести за време на лидерските собири.

„Имаме повеќе од 142 светски лидери кој во исто време доѓаат во Њујорк. Тоа е речиси 75% од сите земји членки. Бројот на припадници на тајаната служба е над 200. Ова претставува најголем собир на лидерите. “-изјави Патрик Фрини – специјален агент.

Целта на Самитот на иднината е државите членки да ја зголемат меѓусебната соработка, а незивесно е и дали ќе најдат заеднички јазик за така наречениот Пакт на иднината кој се очекува да биде усвоен од сите.

Неделата на Обединетите нации во Њујорк се случува во време кога ситуацијата на релација Израел, Газа, Либан секојдневно ескалира. По серијата напади и контранапади, утрово Стејт Департментот, но и македонското МНР ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан поради безбедносни причини. Апел до македонските граѓани е упатен и за одложување на сите неопходни патувања кон Израел. Од МНР за Канал 5 велат иако ваков апел досега бил упатен во неколку наврати, во последниве денови до СОС дежурните телефони нема пријавени македонски дражвајни или упатени барања за асистенција за напуштање на Либан или Израел.

„МНР ќе продолжи интензивно да ги следи состојбите во регионот на Блискиот исток, особено последната ескалација на состојбите. Во врска со последната ескалација на безбедносната ситуација на границата меѓу Израел и Либан, МНР досега во неколку наврати упати аепл за напуштање на Либан, како и одложување на патувања кон Израел кое се неопходни, која ја повторуваме и во оваа прилика.“-МНР.

По бранот експлозии на пејџери и токи воки уреди во Либан, изралески воени авиони го изведоа најинтензивното бомбардирање во војната низ јужен Либан во последната година, додека Хезболах ракетираше цели во северен Израел, а стотици израелци повторно се вратија во засолништата.

Либански пратеник член на Хезболах: Војната со Израел влезе во нова фаза

Либанскиот пратеник Хасан Фадлалах, член на Хезболах, денеска изјави дека војната со Израел влезе во нова фаза и дека организацијата е подготвена за секое сценарио, војна или конфронтација.

На погребот на еден член на екстремистичкиот Хезболах убиен заедно со десетици други, вкупно 45 лица, во израелски воздушен напад во населба во Бејрут, Фадлала рече дека јужниот фронт одиграл клучна улога во притисокот врз Израел да ја запре војната во Газа.

Тој, исто така, оцени дека Израел нема да може да ја постигне својата главна цел да ги врати доселениците на север и ги пофали можностите на Хезболах.

-Имаме силен и способен отпор кој има способности, компетенции, бројни борци и опрема и може да се прилагоди на секоја нова ситуација, рече заменикот.

Албанија ги „дисциплинира“ и нотарите

 Паралелно со процесот на ветинг кај судиите и обвинителите, во Албанија се спроведува строга контрола и во работата на нотарите.

- Во периодот јануари-август 2024 година, Министерството за правда ги засили контролите во нотарските канцеларии низ државата, при што беа извршени 42 контроли, што е значително зголемување во однос на минатата година. Овие контроли дојдоа како одговор на поплаки на граѓаните, како и за гаранција за спроведување на законските правила од страна на нотарите, рече министерот за правда, Улси Мања.

Според него, во периодот јануари-август годинава, одземени им се лиценците за работа на 11 нотари, а изречени се и други мерки.

Како резултат на овие длабински проверки преземени се управни мерки против 22 нотари за кои е констатирано прекршување. Од нив, на 11 нотари им е одземена лиценцата, четворица други се суспендирани, додека на седум нотари се изречени управни мерки. Запленети се и 17 нотарски архиви, посочи Мања.

Инаку, деновиве разрешен е обвинителот Сабри Кастрати, од Обвинителството во Лежа, кој не можел да го аргументира потеклото на имотот што го поседувал. Од почетокот на процесот, 1 јануари 2018 година, ветингот не го минале над 200 судии и обвинители, меѓу нив и претседател на Врховен суд.

Пријателскиот кошаркарски меч Панатинаикос- Партизан пред 42 000 гледачи

Актуелниот освојувач на кошаркарската Евролига, Панатинаикос ја објави официјалната бројка на посетители кои од трибините на стадионот „Панатинаикос“ го следеа натпреварот со Партизан на турнирот „Павлос Јанакопулос“.

Иако првично информации беа дека дуелот во Атина меѓу европскиот шампион Панатинаикос и Партизан го следеле околу 35 000 гледачи сега најновите информации покажуваат дека таа бројка била многу поголема.

Дури 42.000 луѓе во живо го виделе поразот на „зелените“ од Атина од црно-белите од Белград со резултат 75:64.

Инаку овој дуел беше и последен тест за избраниците на Жељко Обрадовиќ пред сезонското деби во АБА лигата против Борац на 25 септември.

Најдобар во тимот на Партизан беше Двејн Вашингтон со 13 поени, додека Брендон Дејвис додаде 12.

притисни ентер