Станува збор за специфична геологија, надморска висина над околината и кора која е подебела од обичното морско дно.
Некогаш била дел од древниот суперконтинет Гондване, кој се распаднал пред околу 180 милиони години, а се верува дека Зеландија се одвоила од Австралија и Антарктикот околу 100 милиони години подоцна.
Двомесечната научна експедиција сега ја откри околу 70 милиони години старата тајна на Зеландија, скриен континент во Јужниот Пацифик.
При испитување на морското дно на шест различни локации, на длабочина поголема од 1.250 метри, научниците собрале повеќе од 8.000 примероци и стотина фосилни видови и забележале историски промени во географијата, вулканизмот и климата на Зеландија, пренесува „Спутник“.
Со повеќе од 90 отсто од територијата под површината на водата, континетот го зафаќа островот Лорд Хау на источниот брег на Австралија, француската територија Нова Каледонија и Нов Зеланд.
Научниот соработник на експедицијата, Џералд Дикенс од американскиот универзитет Рајс, изјави дека откривањето на микроскопски школки, организми кои живееле во топлите плитки мориња, покажало дека географијата и климата на Зеландија во минатотот многу се разликувале.
Експедицијата дала увид во геолошките промени на Земјата, вклучувајќи и промени на движењето на тектонските плочи на Земјата, промени во циркулацијата на океаните и глобалната клима.
„Големите географски промени во северна Зеландија, која е приближно со иста големина како Индија, овозможуваат претпоставки за разбирање на прашањето како билките и животните се рашириле и еволуирале во Јужниот Пацифик“ – објасни научниот соработник на експедицијата Рупер Садерленд од Универзитетот Викторија во Велингтон на Нов Зеланд.