Во Тунис собир за поддршка на претседателот Сајед

Неколку стотици луѓе денеска се собраа во главниот град на Тунис во знак на поддршка на претседателот Каис Сајед, по неодамнешните апсења на новинари, адвокати и други дисиденти и јавни личности.

Меѓународната заедница ги осуди апсењата во Тунис. Пред неколку дена Обединети нации и Европска Унија бран апсења го оценија како незаконски, но Сајед секоја меѓународна критика ја нарече „мешање од странство“ и му нареди на Министерството за надворешни работи да ги покани на разговор амбасадорите на неколку земји.

Демонстрантите денеска носеа транспаренти со натпис „Нема странско мешање, бидејќи ние сме суверена држава“.

Туниското граѓанско општество го осуди неодамнешното задушување на владините критичари додека земјата се подготвува за претседателските избори оваа есен.

Изминатите денови беа уапсени неколку експерти, новинари, адвокати и претставници на граѓанското општество. Покрај тоа, околу 40 личности, меѓу кои и осум политички противници на Сајед, поранешни министри и бизнисмени, беа приведени како дел од истрагата за „заговор против државната безбедност“./МИА

Од понеделник благо опаѓање на температурите и краткотрајни поројни врнежи

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

И викендов земјава ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што ќе преовладува претежно сончево и натпросечно топло време, но од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.

Како што информира УХМР, утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. Минималната температура ќе биде од 15 до 23, а максималната од 33 до 40 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Мисијата на Иран во ОН: Хезболах е способен да се брани себеси и Либан од Израел

Иранската мисија во Обединетите нации денеска соопшти дека либанското движење Хезболах е способно да се брани себеси и Либан од Израел.

Иранската мисија во ОН предупреди на платформата Икс дека можеби е дојдено време за самоуништување на израелскиот „нелегитимен режим“.

„Секоја непромислена одлука на окупаторскиот израелски режим да се спаси може да го турне регионот во нова војна“, истакна иранската мисија во ОН./МИА

Најмалку 32 Палестинци загинаа во израелските напади врз Рафа

Најмалку 32 Палестинци загинаа денеска во нападите на израелските сили врз Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, како и врз други области низ енклавата, јавија светските агенции, повикувајќи се на жители на Рафа и израелската армија (ИДФ).

Жителите велат дека Израелците изгледа се обидуваат да го завршат заземањето на Рафа, кој е во фокусот на израелската офанзива од почетокот на мај.

Тенковите се пробиваат во западните и северните делови на градот, а израелските војници веќе ги окупираа истокот, југот и центарот.

Израелските сили нападнаа од авиони, тенкови и бродови од брегот, предизвикувајќи нов бран на раселување од градот, кој засолни повеќе од милион раселени лица, од кои повеќето беа принудени повторно да избегаат. /МИА

притисни ентер