СДСМ: Користење на фалсификуван документ е криминал, Христовски итно да се повлече

​Се соочуваме со еден од најсериозните скандали кои го поткопуваат безбедносниот систем во нашата земја – незаконското поставување на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност. 

Криминалното поставување на Христовски од страна на партискиот шеф Мицкоски е преседан и упад во безбедносниот систем на државата. Откако се потврди она што СДСМ го кажуваше, дека Христовски ги нема потребните сертификати за да биде директор, се докажа дека тој прави грубо кршење на законите. Институциите кои се столб на нашата безбедност се злоупотребуваат во интерес на политичката агенда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Ова не смее да се дозволи.

Почитувани,

Бојан Христовски не ги исполнува законските услови за позицијата директор на АНБ. Свесното кршење на законите и принципот на „владеење на правото“ е показател за начинот на кој оваа Влада се однесува кон правната држава. Сведоци сме на фрапантен пример каде Мицкоски и неговите соработници прават „превласт“ над институциите, поставувајќи луѓе без квалификации на клучни позиции.

Користење на фалсификуван документ е криминал, а не само законски пропуст. Христовски нема соодветен меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик, туку се користел со фалсификуван документ за да ја добие функцијата. Ова претставува кршење на законот и кривично дело за кое мора да одговара. Повикувам ЈО да отвори постапка.

Скандалозно е што лицето кое извршило кривично дело било Државен советник за криминалистички работи во МВР. Ова поставување ги загрозува сите принципи на безбедност и интегритет во институциите. Како е можно личност со таква историја и нарушен интегритет да се најде на врвот на АНБ? Ова е крајно опасно и создава ризици за националната безбедност.

Поради овие сериозни прекршувања на законите и процедурите, СДСМ остро бара:

Итна оставка на Бојан Христовски од функцијата директор на АНБ и одговорност за прекршувањето на законот.

Итна реакција на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), која треба да ги потврди информациите и да се изјасни по ова прашање. Повикуваме на транспарентна истрага, која ќе утврди кој го овозможил ова кривично дело и кој е одговорен за неговото назначување.

Одговорност и оставка од Мицкоски, кој свесно ги партизира институциите со поставување на лица без квалификации и нарушен интегритет.

Почитувани граѓани, ова е сериозен аларм за сите нас. Владата покажува дека не постои почит кон правото, а уште помалку кон јавниот интерес.

Повикуваме на обединување на сите политички и општествени сили кои веруваат во правната држава и институциите. Не смееме да дозволиме АНБ да биде заложник на лични интереси и незаконски дејствија. Ова не е само политичко прашање – ова е прашање на безбедноста на државата и на довербата во правната држава.

Прес конференција на СДСМ - Методија Илиевски

Оставка за скандалозните помилувања од Сиљановска и одговорност од нарачателите

Очигледно власта мисли дека комисијата треба да жртвено јагне за да се спаси Сиљановска и нарачетелите на овие скандалозни помилувања.

Претседателката Силљновска ги дава и одлучува за помилувањата, не комисијата и целосната одговорноста е кај неа.

За скандалозните помилувања мора да има одговорност и за Сиљановска и за нарачателите.

Во април 2023 година унгарската претседателка Каталин Новак си поднесе оставка поради скандал со помилување на едно лице.

Сиљановска помилуваше и нарко бос и осудени криминалци, вмешани во шпионски афери.

Нели Унгарија и Орбан се моделот кој го следи Христијан Мицкоски?

Еве по примерот на Унгарија нека се одважи Сиљановска и нека понесе одговорност, нека си даде оставка.

Одговор на новинарско прашање, Методија Илиевски - СДСМ

Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико

 Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ е највозрасниот играч во историјата на тимот кој настапил на натпревар со Барселона.

Синоќа Реал убедливо загуби од Каталонците на домашен терен - 0:4. Хрватот влезе како замена во 63. минута. Во моментот на натпреварот, Модриќ имаше 39 години и 47 дена.

Тој го собори рекордот на поранешниот дефанзивец на Барселона, Дани Алвеш, кој играше против Реал Мадрид со 38 години и 318 дена.

Неодамна Модриќ изрази желба уште една сезона да игра за Реал Мадрид. /МИА

Јанчев во Влада потпиша договори за шест проекти во вредност од 2 милиони евра

Градоначалникот Митко Јанчев денес во Владата на Република Македонија ги потпиша договорите со кои се обезбедуваат средства за реализација на овие шест капитални проекти, во вредност од скоро 2 милиони евра!

📌Реконструкција на пристапен пат за м.в Косовец, село Ресава.

📌Реконструкција на локален пат од село Ресава до село Дабниште.

📌Реконструкција на локален пат за село Чемерско.

📌Основен проект за реконструкција на Градски базен Кавадарци.

📌Основен проект за изградба на кружен тек на Р-1107 надвор од опфат, пред влез на Кавадарци.

📌Основен проект за реконструкција на улица ,,8 Септември’’.

✔️Огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата на Република Македонија, кој докажа дека е силна поддршка и партнер за сите општини во Република Македонија.

📍Градоначалникот Митко Јанчев во најбрз можен рок започнува со реализација на овие проекти, кои се од клучно значење за граѓаните на општина Кавадарци!

Кавадарци за сите, стои во објавата на Фејсбук.

Денес во Кавадарци се одржува и прв фестивал на македонскиот автомобилизам.

Гроси: Нуклеарните капацитети на Иран не беа погодени во израелските напади

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси синоќа соопшти дека иранските нуклеарни постројки не биле погодени во последните израелски напади врз Иран.

Тој во објава на мрежата Икс истакна дека агентите на МААЕ се безбедни и дека продолжуваат со својата работа на терен, пренесува АНСА.

„Повикувам на претпазливост и умереност во активностите кои можат да ја загрозат нуклеарната безбедност и безбедноста на другите радиоактивни материи“, додаде Гроси.

Израелската армија завчера го нападна Иран, а за време на нападот, кој траеше пет часа, гаѓани беа 20 цели во таа земја, а загинаа четворица војници.

Серија експлозии се слушнале во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври. /МИА

притисни ентер