Заврши Фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2024“

Заврши 39. издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Годинава на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип беа промовирани 28 нови композиции.

Во рамки на двете фестивалски вечери беа испеани 13 песни од дебитанти, од кои синоќа публиката слушна пет песни.

- Втората вечер слушнавме вкупно 20 композиции. Целиот фестивал беше придружуван од оркестар во живо, и музиката и интерпретацијата на пејачите и групите беше во живо. Оркестарот дополнително свираше врз матрица. Синоќа ја доделивме и наградата за најслушната композиција меѓу двата фестивала, тоа е песната „Сафир“ на Таско и Малена, изјави продуцентот на фестивалот Алексадар Арсовски.

Тој за МИА додава дека е задоволен како годинава изгледаше и помина 39. издание на „Макфест“. Вели дека по веднаш по завршувањето на 39. издание, почнуваат со планови и подготовки за 40-тото јубилејно издание на Фестивалот. Открива дека како организатори планираат наредната година во чест на големиот јубилеј на фестивалот да има три фестивалски вечери, од кои две како годинава, а на третата ќе бидат изведени околу 20 макфестовски евергирани.

Синоќа на сцената можеа да се видат и познатите македонски пејачи и пејачки, со новите макфестовски хитови, како што се Дарио, Елена Ристеска, Дани Димитровска, Полина, Павле Камиловски и други познати интерпретатори, а беспрекорни беа и водителите Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски.

Фестивалот „Макфест“ финансиски е поддржан од Општина Штип и општествено- одговорни компании во висина од пет милиони денари, а од Министерството за културата и туризам финансиската помош е еден милион денари.

Нетанјаху: Прецизниот и моќен напад врз Иран ги постигна сите свои цели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека вчерашниот воздушен напад врз воените објекти во Иран ги постигнал сите цели.

„Нападот беше прецизен и моќен и ги постигна сите негови цели“, рече Нетанјаху денеска на церемонијата по повод првата годишнина според еврејскиот календар од нападот на палестинското исламистичко движење Хамас во јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

„Иран го нападна Израел со стотици балистички ракети и нападот не успеа“, рече тој, мислејќи на иранскиот ракетен напад на 1 октомври, кога повеќето од истреланите проектили беа пресретнати од израелската противвоздушна одбрана.

„Потоа ветивме моќен одговор и вчера во зори го одржавме ветувањето. Воздухопловните сили го нападнаа Иран и ги погодија иранските одбранбени капацитети и капацитети за производство на ракети насочени кон нас“, додаде Нетанјаху. /МИА

Ла Лига го осуди расизмот против Јамал и ќе се жали во полиција

Раководството на Шпанското фудбалско првенство го осуди расизмот против Ламин Јамал.

- Поради настаните за време на натпреварот Реал Мадрид - Барселона, кои вклучија неприфатливо расистичко однесување, Ла Лига ќе пријави навреди и расистички гестови во полиција и ќе го извести обвинителот за криминал од омраза и дискриминација. Ла Лига силно ги осудува овие настани на „Сантијаго Бернабеу“ и останува цврста во својата посветеност да ги искорени сите манифестации на расизам и омраза на стадионите и пошироко. Нема место за ова зло во спортот, се вели во соопштението на Ла Лига.

Фудбалер на Барса бил подложен на навреди на расна основа по третиот гол на неговиот тим одигран синоќа на гостински терен со Реал Мадрид. /МИА

Драган Ковачки „На кавга со Иван“

Утре, 28 октомври, ден кога ќе имам „кавга“ со екс специјалец, воен разузнавач, полковник и денеска пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Мислите лесно ќе му би...пардон, лесно ќе ми биде со човек кој ја бранел Македонија?

Ќе може ли да ги одбрани актуелните политики на Владата? Зошто не и се извинил на Славјанка Петровска?

Кој му застанал на патот до генералската позиција во армијата?

Има ли сторено кривично дело -фалсификат како што обвинуваше СДСМ?

Имаше ли проблем да добие безбедносен сертификат?

Спие ли се’ уште мирно после помилувањата на Претседателката?

Војнички и мирно....

НА РАПОРТ, пардон „На кавга со Иван“

Гостин: Драган Ковачки

Утре ќе гостува Драган Ковачки, Канал 5 ТВ „На кавга со Иван“, во 21.30ч на Youtube на каналот и 23 часот на Канал 5.

притисни ентер