Флик издвои еден играч по победата над Реал

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, го истакна придонесот на дефанзивецот Иниго Мартинез во победата над Реал Мадрид.

Каталонците синоќа во 11. коло од Шпанското фудбалско првенство славеа победа со убедливи 4:0 на гостински терен.

-Одбраната беше навистина добра против Реал Мадрид, како и остатокот од тимот, но не заборавајте еден играч... Тој играч е Иниго Мартинез. Повторно беше одличен, изјави Флик за „AS“.

Барселона со 30 бода се зацврсти на лидерската позиција во шпанското фудбалско првенство. Реал Мадрид е на второто место со 24 бодови.

Модриќ стана најстариот играч во историјата на Класико

 Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ е највозрасниот играч во историјата на тимот кој настапил на натпревар со Барселона.

Синоќа Реал убедливо загуби од Каталонците на домашен терен - 0:4. Хрватот влезе како замена во 63. минута. Во моментот на натпреварот, Модриќ имаше 39 години и 47 дена.

Тој го собори рекордот на поранешниот дефанзивец на Барселона, Дани Алвеш, кој играше против Реал Мадрид со 38 години и 318 дена.

Неодамна Модриќ изрази желба уште една сезона да игра за Реал Мадрид. /МИА

Јанчев во Влада потпиша договори за шест проекти во вредност од 2 милиони евра

Градоначалникот Митко Јанчев денес во Владата на Република Македонија ги потпиша договорите со кои се обезбедуваат средства за реализација на овие шест капитални проекти, во вредност од скоро 2 милиони евра!

📌Реконструкција на пристапен пат за м.в Косовец, село Ресава.

📌Реконструкција на локален пат од село Ресава до село Дабниште.

📌Реконструкција на локален пат за село Чемерско.

📌Основен проект за реконструкција на Градски базен Кавадарци.

📌Основен проект за изградба на кружен тек на Р-1107 надвор од опфат, пред влез на Кавадарци.

📌Основен проект за реконструкција на улица ,,8 Септември’’.

✔️Огромна благодарност до премиерот Христијан Мицкоски и Владата на Република Македонија, кој докажа дека е силна поддршка и партнер за сите општини во Република Македонија.

📍Градоначалникот Митко Јанчев во најбрз можен рок започнува со реализација на овие проекти, кои се од клучно значење за граѓаните на општина Кавадарци!

Кавадарци за сите, стои во објавата на Фејсбук.

Денес во Кавадарци се одржува и прв фестивал на македонскиот автомобилизам.

Гроси: Нуклеарните капацитети на Иран не беа погодени во израелските напади

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси синоќа соопшти дека иранските нуклеарни постројки не биле погодени во последните израелски напади врз Иран.

Тој во објава на мрежата Икс истакна дека агентите на МААЕ се безбедни и дека продолжуваат со својата работа на терен, пренесува АНСА.

„Повикувам на претпазливост и умереност во активностите кои можат да ја загрозат нуклеарната безбедност и безбедноста на другите радиоактивни материи“, додаде Гроси.

Израелската армија завчера го нападна Иран, а за време на нападот, кој траеше пет часа, гаѓани беа 20 цели во таа земја, а загинаа четворица војници.

Серија експлозии се слушнале во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври. /МИА

притисни ентер