Махучик и Дуплантис прогласени за најдобри европски атлетичари во 2024 година

Светската рекордерка во скок во височина Јарослава Махучик од Украина и Арман Дуплантис – шведскиот скокач со стап се прогласени за најдобри атлетичари во Европа за 2024 година.

Прогласувањето се одржа синоќа во Скопје на престижната манифестација „Golden Tracks Skopje 2024” на Европската атлетска асоцијација.

Овогодишните победници во категоријата „Ѕвезди во подем“ се Адријана Вилагош од Србија која учествува во дисциплината фрлање копје, и тркачот на 1500 метри, Нилс Ларос од Холандија.

На настанот во Националната опера и балет присуствуваа и вицепремиерот на Република Македонија, Љубчо Димовски и министерот за спорт, Борко Ристовски, претседателот на Светската атлетска федерација Себастијан Коу и првиот човек на Европската атлетика Добромир Карамаринов.

Кварацхелија повеќе не е недопирлив во Наполи

Наполи викендов во 9. коло од Серија А го совлада Лече со резултат 1:0 и е лидер во поредокот со 22 бода. Квича Кварацхелија му го отстапи местото во стартната постава на Бразилецот Давид Нерес и на теренот се појави дури во 72. минута.

Тренерот на наполитанците, Антонио Конте, јасно им порача на италијанските медиуми дека Кварацхелија треба да се насочи кон тимските интереси, а не кон продолжување на договорот со зголемување на платата.

„La Gazzetta dello Sport“ го оцени настапот на Кварацхелија со скромни 6,0 - исто како и на претходната средба со Емполи.

Во исто време, директниот конкурент на Грузиецот за место во составот, Нерес, кој беше заменет со Кварацхелија, доби 5,5.

Во вторник, 29 октомври, Наполи ќе игра против Милан во Серија А на „Сан Сиро“./МИА

Нетанјаху: Прецизниот и моќен напад врз Иран ги постигна сите свои цели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека вчерашниот воздушен напад врз воените објекти во Иран ги постигнал сите цели.

„Нападот беше прецизен и моќен и ги постигна сите негови цели“, рече Нетанјаху денеска на церемонијата по повод првата годишнина според еврејскиот календар од нападот на палестинското исламистичко движење Хамас во јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

„Иран го нападна Израел со стотици балистички ракети и нападот не успеа“, рече тој, мислејќи на иранскиот ракетен напад на 1 октомври, кога повеќето од истреланите проектили беа пресретнати од израелската противвоздушна одбрана.

„Потоа ветивме моќен одговор и вчера во зори го одржавме ветувањето. Воздухопловните сили го нападнаа Иран и ги погодија иранските одбранбени капацитети и капацитети за производство на ракети насочени кон нас“, додаде Нетанјаху. /МИА

Ла Лига го осуди расизмот против Јамал и ќе се жали во полиција

Раководството на Шпанското фудбалско првенство го осуди расизмот против Ламин Јамал.

- Поради настаните за време на натпреварот Реал Мадрид - Барселона, кои вклучија неприфатливо расистичко однесување, Ла Лига ќе пријави навреди и расистички гестови во полиција и ќе го извести обвинителот за криминал од омраза и дискриминација. Ла Лига силно ги осудува овие настани на „Сантијаго Бернабеу“ и останува цврста во својата посветеност да ги искорени сите манифестации на расизам и омраза на стадионите и пошироко. Нема место за ова зло во спортот, се вели во соопштението на Ла Лига.

Фудбалер на Барса бил подложен на навреди на расна основа по третиот гол на неговиот тим одигран синоќа на гостински терен со Реал Мадрид. /МИА

притисни ентер