СДСМ: Комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце

Комичните изјави на Христијан Мицкоски во стилот „јас не сум од тука“ се показател дека власта е фатена жива како помолува нарко босови и не знае како да се извади за огромниот скандал.

Одлуката за помилување криминалци и нарко босови од кланот Барон е донесена и потпишана лично од претседателката Сиљановска Давкова, на предлог на Комисија којашто самата си ја избрала.

По жестоките реакции на јавноста власта се загуби и не знае како да го покрие овој скандал па гледаме фарса и театрални потези.

Во стилот „не е знајала“ Силјановска прво се обиде да ја префрли вината на Комисија. Откако тоа не помина власта го уапси Акиф Равмановски обидувајќи се да го покрие скандалот со помилувањата и да ја намали штетата од катастрофалната одлука.

Фарсата кулминираше денеска со комични изјави на Мицкоски за кукавичко јајце.

Нема бегање, се е јасно, ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ и ВЛЕН е во дил со криминални структури.

Наместо да се прави дека не е тука Мицкоски да одговори дали тој го нарача помилувањето? Кој ќе понесе одговорност за овој скандал?

СДСМ

Најмалку 81 лице го загуби животот во бурата „Трами“ на Филипините

Најмалку 81 лице го загуби животот, а 34 се водат како исчезнати откако бурата „Трами“ го погоди северозападниот дел на Филипините.

Според владината Агенција за вонредни ситуации, бројот на жртвите се очекува да се зголеми бидејќи продолжуваат да пристигнуваат извештаи од други области.

Речиси половина милион луѓе избегаа во повеќе од 6.400 засолништа кои се отворени во неколку провинции.

На итен состанок на владата, претседателот Фердинанд Маркос изрази загриженост поради извештаите на владините метеоролози дека бурата, единаесетта што ги погоди Филипините од почетокот на годината, може да го промени правецот следната недела.

Филипинската влада ги затвори училиштата и владините канцеларии пред три дена за да се осигура безбедноста на милиони луѓе на островот Лузон./МИА

Османи и Курти побараа од Фон дер Лајен итно укинвање на санкциите на ЕУ кон Косово

 Претседателката на Косово, Вјоса Османи и премиерот Албин Курти побараа денеска од претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен веднаш да се укинат мерките на Европската унија против Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Барањето на Курти и Османи беше упатено на денешните одвоени средби што ги имаа со Фон дер Лајен, која престојува во Приштина во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Претседателката Османи на прес-конференцијата по средбата со Фон дер Лајен рече дека ЕУ треба да ги признае достигнувањата на Косово и да ги казни „сателитите и слугите на Русија“ во регионот, посочувајќи ја Србија како таква.

Османи истакна дека Косово дејствува со добрососедски пристап и дека Србија мора да сноси одговорност за терористичкиот акт во Бањска во северно Косово во септември минатата година.

„Жално е за безбедноста на регионот што во Западен Балкан една земја продолжува да биде најсилниот руски сателит во Европа, а тоа е Србија. Крајно време е решителноста што ЕУ ја покажа кон Русија да ја покаже и кон сателитите и слугите на Русија во нашиот регион“, рече Османи.

Таа порача дека е време ЕУ да ги отстрани мерките против Косово, додавајќи дека тие го оштетиле и процесот на дијалог.

„Денес ни треба ЕУ да ги цени и препознае овие достигнувања. Крајно време е конечно да се отстранат неправедните мерки кон Косово. Освен што се неправедни, овие мерки им штетат на граѓаните и го оштетија процесот на дијалог, со што го прават целосно неурамнотежен, нерамноправен и недоверлив. Укинувањето на мерките е одраз на потребите на сите граѓани на Косово, но ќе биде и одговор на исполнувањето на предусловите што самата ЕУ ги постави на Косово“, рече Османи.

Косовскиот премиер Курти во објава на платформата „Х“ по средбата со Фон дер Лајен мерките на ЕУ ги нарече неправедни, притоа потенцирајќи ја важноста од добивањето кандидатски статус за Косово во ЕУ.

„Ние сме посветени на спроведување на овие реформи преку процес заснован на заслуги. Исто така, ја повторив важноста од поднесување на прашалникот за членство и побарав целосно и итно укинување на неправедните мерки на ЕУ. Во време кога автократиите ги оспоруваат универзалните слободи, Косово стои како сидро на основните вредности на ЕУ во Западен Балкан“, напиша Курти.

Фон дер Лајен, на прес-конференција по средбата со Османи, порача дека на Косово сè уште му треба работа за укинување на мерките. /МИА

СДСМ: Мицкоски фатен во лага, па нели кукавичкото јајце беше на СДСМ?

По колективната оставка на Комисијата за помилувања разобличена е денешната ноторна лага на Мицкоски кој ја обвини претходната влада дека оставила кукавичко јајце со помилувањата. 

Уште колку лаги ќе каже премиерот само да избегнат одговорност тој и Силјановска? Оставката на Комисијата е само уште една потврда за одговорноста на Силјановска која треба да се одважи и да ја преземе одговорноста.

Повеќе од јасно е дека таа ги дава помилувањата и последната одлука е токму нејзина. Наместо да се кријат таа и Мицкоски зад комисијата, треба да излезат и да кажат во каков договор се со помилуваните нарко босови. Нарко босовите лично и се заблагодарија на Силјановска за помилувањата и ниедна оставка не може да ја спаси од одговорност. Обидот на Мицкоски да ја префрли вината на СДСМ пак е доказ за манипулациите и лагите на кои е спремен премиерот кога е фатен во тесно.

Од Мицкоски одговорност и чесно признание на криминалите во кои е фатен граѓаните нема никогаш да видат. Станува збор за човек кој нема чуство за лидерство и правда и ова е само најава дека за секој следен случај тој ќе ја обивнува СДСМ. Ова е одлика на слабите лидери и лоши политичари каков што е Мицкоски. Со вакво однесување ниту правда, ниту одговорност ќе има во државата и владините функционери.

Јавно ги повикуваме Мицкоски и Силјановска - излезете признајте ја вината и извинети им се на граѓаните што ослободивте опасни криминалци, ако веќе немате намера да признаете кој е договорот со нив.

СДСМ

притисни ентер