Гави: По повредата станав подобра личност и подобар соиграч

Фудбалерот на Барселона, Гави, раскажа како се променил по тешката повреда.

Тој пропушти речиси една година поради оштетување на вкрстените лигаменти и менискусот на коленото.

- Научив многу затоа што сега многу повеќе цениш сè околу тебе. Оваа лекција ќе ми биде корисна во животот. Имав сериозна повреда, но по неа станав подобра личност и подобар соиграч, изјави Гави.

Дваесетгодишниот фудбалер потекнува од школата на Барселона, во првиот тим на каталонскиот клуб е од 2021 година. /МИА

УЕФА дисквалификува двајца полски судии кои пијани украле сообраќаен знак

Полските судии Бартош Франковски и Томаш Мусијал се дисквалификувани од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) поради кршење на јавниот ред и правила на однесување, јавува „Би-би-си“.

Исклучувањето на судиите на натпреварите под капата на УЕФА ќе трае до јуни 2025 година.

На почетокот на август, судиите требаше да ја делат правдата на натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите меѓу Динамо Киев и Ренџерс. Ноќта на 6 август, Франковски, Мусјал и уште еден маж беа приведени со украден сообраќаен знак. Во крвта на прекршителите е констатирана зголемена содржина на алкохол./МИА

Пронајдена дрога во Битола, приведени две лица

Две лица се приведени во Битола откако кај нив е пронајдена дрога, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

- Вчера полициски службеници од СВР - Битола го лишиле од слобода З.Б., на возраст од 31 година од овој град, затоа што при претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин и марихуана. Истиот ден, при лишувањето од слобода на З.Б., тој бил заедно со В.М., на возраст од 28 години од Битола и при претрес на патничко возило „хјундаи" со битолски регистарски ознаки, сопственост на В.М., биле пронајдени прашкаста и растителна материја, по што и В.М. е лишен од слобода, појаснија од МВР.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Приведен 49-годишен тетовец, при претрес пронајден хероин

Лицето било задржано во полициска станица.

Полициски службеници вчера во 17 часот го лишиле од слобода И.Х., на возраст од 49 години од Тетово, затоа што при претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, бил пронајден хероин, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

притисни ентер