СДСМ: Фијаско на замрзнатите маржи – Владата без решение за високите цени

Сведоци сме на уште едно разочарување од страна на Владата на Мицкоски. Со голема помпа најавената мерка за замрзнување на маржите требаше да биде спасот за граѓаните од виоките цени. 

Мерката заврши а граѓаните не ја ни почуствуваа дека постоеше.

После еден месец од примената на оваа мерка, граѓаните почувствуваа само разочарување. Синдикалната кошничка се намали за симболични 57 денари - толку се „заштедило“ за еден месец. По ова легитимно е прашањето, дали ова е сериозна економска политика или само замајување на јавноста?

Цените во маркетите за најголемиот дел од производите останаа исти. Неколку производи се намалија за незначителни суми, но тоа граѓаните не го почувствуваа. Ова не е случајност, неефикасната мерка е последица на лошото и непромислено работење на Владата.

Мерката не беше добро подготвена, а Владата им дозволи на трговците прво да ги зголемат цените пред нејзиното стапување во сила.

Нереалните трошоци кои ги имаат граѓаните заради слабите политики на Владата и нереалните цени се товар семејствата и родителите секој ден. Просечната плата, наместо да расте, се намали за 1.000 денари, а четиричлено семејство има потреба од најмалку 61.249 денари за основните потреби.

Граѓаните се принудени да одбираат - дали да купат основни прехранбени производи или да ги платат сметките? Секој ден е битка за достоинствен живот, а оваа Влада не понуди никакво решение, ниту план.

Почитувани,

Граѓаните заслужуваат стабилност и поддршка во овие тешки времиња.

Затоа, поднесовме Закон за зголемување на минималната плата на 450 евра, но Владата го одби. Одбивањето на оваа мерка е истовремено одбивање на пристоен живот за илјадници наши сограѓани. Ќе продолжиме со нашата борба и повторно ќе го поднесеме Законот, затоа што подобриот животен стандард не е луксуз - тоа е право на секој граѓанин.

Сега, кога Владата покажа дека нема ниту стратегија, ниту волја да ги реши овие горливи проблеми, СДСМ најавува дека ќе поднесеме закон за вистинско намалување на цените. Ова нема да биде уште една мерка за „мачкање очи“ - ова ќе биде вистинска и реална мерка за намалување на цените. Нема да дозволиме нашите граѓани да бидат жртви на празни ветувања и политички манипулации.

Секој човек е важен - секој родител кој се труди да ги нахрани своите деца, секој млад кој сака да остане во земјата и да гради своја иднина тука, секој пензионер кој треба да ужива во плодовите на својата работа.

Граѓаните заслужуваат Влада која ќе работи за нив, која ќе покаже одговорност и посветеност. СДСМ е тука за секој од вас, и нема да запреме додека не обезбедиме подобар живот за сите.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка

Њу Делхи е најзагаден град во светот

Њу Делхи денеска е најзагаден град во светот. Поради густиот смог не се гледаат претседателската палата и околните градини, популарна дестинација за пешаци, тркачи и велосипедисти.

Според швајцарската компанија за мерење на квалитетот на воздухот „АјКју Ер“ (IQ Air), индексот на квалитетот на воздухот во Њу Делхи бил 348, што се смета за опасно ниво на загаденост.

Воздухот е дополнително е загаден поради огнометите, петардите и светлечките што беа употребени за време на хиндуистичкиот фестивалот на светлата Дивали.

Густ смог се спушти во индиската престолнина по прославите на Дивли, целосно ја проголта претседателската палата и околните градини, популарна дестинација за пешаци, тркачи и велосипедисти.

Локалните власти последните години забранија употреба на пиротехнички средства за време на прославите на Дивали и во зимскиот период, во согласност со директивите на Врховниот суд, но мерката не се спроведува и покрај заканата со затворски казни за прекршителите.

Некои хинду групи тврдат дека забраната навлегува во правото на почитување на тој ритуал, додека властите истакнуваат дека нивната цел е да го заштитат животот.

Смогот што денеска се спушти во градот се совпадна со палењето на земјоделското земјиште во северна Индија, што дополнително го влоши квалитетот на воздухот.

Жител на Богданци осомничен за задоволување полови страсти пред деца

Прибраните докази, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, упатуваат на сомнение дека осомничениот, се соблекувал и го вршел наведеното дело неколку пати пред деца кои не наполниле 14 години.

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Богданци за кое постои основано сомнение дека извршило продолжено кривично дело – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Прибраните докази, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, упатуваат на сомнение дека осомничениот, се соблекувал и го вршел наведеното дело неколку пати пред деца кои не наполниле 14 години, и тоа на јавно место – во двор на основно училиште и на други локации.

-Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, е наведува во оопштението од Обвинителтвото.

Скопското јавно обвинителството отвори предистрага за назначувањето на Христовски во АНБ

Скопското јавно обвинителството отвори предистрага за назначувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата на национална безбедност, по сомнежот кој се отвори во јавноста околу сертификатот за англиски јазик ТОЕФЛ.

Скопското јавно обвинителството отвори предистрага за назначувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата на национална безбедност, по сомнежот кој се отвори во јавноста околу сертификатот за англиски јазик ТОЕФЛ , кој го поседува за да ја извршува функцијата. Од обвинителството информираат дека до нив е доставена анонимна кривична пријава, која е распоредена кај јавен обвинител и по која се постапува.

Предмет за назначувањето на Христовски, претходно отвори и антикорупциската комисија, која во моментов ја прибира потребната документација.

притисни ентер