Саудијците подготвуваат тениска револуција

После фудбалот, би можеле да бидеме сведоци на голема офанзива на саудискиот капитал и на тенискиот пазар.

Една од најбогатите земји во светот веќе подолго време инвестира во овој спорт, а оваа недела во вториот по големина саудиски град Џеда ќе се одржи турнирот Next Gen за најдобрите млади светски тенисери.

Овој турнир ќе ја заврши тековната сезона, а може да биде и последен на кој АТП и ВТА организациите ќе го преземат водството. Планот на Саудиска Арабија е да започне соработка со Грен слем турнирите, АТП и ВТА турнејата ќе ги преземат сите турнири од сериите Мастерс и ќе додадат еден свој, кој би се играл во Саудиска Арабија пред Австралија Опен, првиот Грен слем на сезоната.

Американскиот новинар Џон Вертхајм пишува дека тоа би било своевидна паралелна тениска Суперлига и голем удар за АТП и ВТА. Тениските Грен слемови веќе некое време не се дел од АТП и ВТА турнејата, но освоените бодови се внесуваат во нивните ВТА-листи.

Реконструирана спортската сала во скопското училиште „Кузман Јосифовски - Питу“

 Завршена е реконструкцијата на училишната спортска сала во ООУ „Кузман Јосифовски - Питу“ во Општина Кисела Вода. 

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска го посети реновираниот објект, каде е поставена нова ПВЦ подлога и е извршено молерисување на целиот простор.. Со обновата на спортската сала се заокружува целосната реконструкција на ова училиште, информираат попладнево од Општина Кисела Вода.

- Минатата година беше променета кровната конструкција, поставена нова термоенергетска фасада, изграден лифт за децата со посебни потреби, пристапни рампи, специјални тоалети и паркинг - места за овие лица, сензорна соба, со што ова е првото целосно инклузивно училиште во Скопје, пишува во соопштението на локалната самоуправа.

-Ова училиште, претставува вистински одраз на нашата стратегија за унапредување на образованието и поддршка на развојот на нашите најмлади, поддршката на инклузијата и на лицата со посебни потреби, како и стимулирањето на развојот на спортот и подобрување на физичката активност кај децата, се додава во соопштението.

Во изминатите две години, како што наведуваат од Општината, целосно се реконструирани и спортските сали во ООУ „Невена Георгиева - Дуња“, „Партенија Зографски“, а започната е и изградбата на спортската сала во Пинтија, во склоп на училиштето „Рајко Жинзифов“.

-Вложувавме и во изградба на спортски терени во училиштата, па така ООУ „Круме Кепески“ доби ново фудбалско и детско игралиште, повеќе наменско и кошаркарско игралиште во „Партенија Зографски“, спортски терени во „Кирил Пејчиновиќ“, култната „Славија“ стана модерен спортски комплекс, изградивме спортски центар во Пинтија, во Потстаница, спортско рекреативен центар во Дупки, во Оксиген и така натаму. Продолжуваме понатаму, бидејќи ова е насока кон која ќе се движиме и во периодот што е пред нас, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

Вучиќ: Тајван е Кина и секогаш ќе ја има поддршката од Србија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за „China Media Group“ во Белград изјави дека Тајван е територија на Кина и дека Кина секогаш ќе ја има поддршката од Србија, без разлика што прави на тој план, јави дописникот на МИА од Белград.

- Од вас зависи што, кога, како ќе го направите тоа. Точка. За нас тоа е Кина, тоа е политика на Србија, и тоа ќе биде наша политика во иднина. Тоа е ваша територија, ваш народ, а вие сте суверена нација, вие сами носите одлуки. И секогаш ќе ја имате поддршката од српскиот народ. Тоа е тоа, нагласи Вучиќ и додаде дека никогаш нема да го промени ставот за Кина.

Вучиќ ја демантираше таканаречената „теорија на кинеската должничка замка“ и се заблагодари на Кина што го поддржува развојот на Србија преку иницијативата „Појас и пат“.

Во однос на договорот за слободна трговија меѓу Кина и Србија, кој беше потпишан во октомври минатата година, претседателот на Србија рече дека е убеден дека овој документ ќе донесе безброј нови можности за Србија и дека ќе биде подеднакво корисен за Кина, но и од поголемо значење за Србија.

- Договорот ќе отвори огромен пазар за земјоделски производи, како што е квалитетното српско вино. Во исто време, ќе можеме да увезуваме кинески производи по пониски цени. Се повеќе кинески компании и обични луѓе ќе доаѓаат кај нас за соработка помеѓу компании и размена на кадри, отворајќи нови врати за развој на Србија, рече Вучиќ.

На новинарско прашање дали може да каже нешто повеќе за иницијативата на Си Џинпинг што тој ја поддржа, а која се однесува на иницијативата за глобален развој, иницијативата за глобална безбедност и иницијативата за глобална цивилизација, Вучиќ одговори дека за тоа разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тогаш, како што додаде, и двајцата констатирале дека 15 години слушаат „глупави приказни од Брисел за влошување на ситуацијата во Кина“ и сето тоа време таа има постојан раст од пет до шест проценти, и констатирале дека тоа влошување никогаш нема да се случи.

Од друга страна, како што додаде претседателот Вучиќ, истакнаа дека растот во Европа е меѓу нула и еден процент и потоа се чудеа како воопшто можат да се измерат со Кина.

- И затоа се држам до моите кинески пријатели, бидејќи верувам дека знаат што прават, прават подобри планови, прават подобри програми и имаат нешто што на сите ни недостасува. Вашите луѓе се поупорни, имаат тигарско око кое ние Европејците веќе го немаме. И се обидувам да земам дел од таа енергија, дел од тој ентузијазам, дел од таа амбиција да ја донесам во мојата земја, рече Вучиќ. /МИА

Ултрасите на ПСЖ нема да го исвиркуваат Мбапе иако тој си заминува од клубот

Најжестоките навивачи на Пари Сен Жермен, нема да го исвиркуваат Килијан Мбапе. Се очекува 25-годишниот фудбалер да му се приклучи на Реал Мадрид како слободен играч на крајот од сезоната. 

ПСЖ и Мбапе заеднички ќе го објават заминувањето веднаш штом напаѓачот потпише договор со Мадрид.

Застапниците на Килијан успеа да воспостави односи со влијателни лидери на париската навивачка група, па нивниот однос кон напаѓачот е прилично мек.

„Collectif Ultra Paris“ (CUP) побара да не се исвиркува Мбапе и да не се реагира на било кој начин на информациите за можно заминување на играчот, барем до официјалното соопштение.

Покрај тоа, навивачите можат да организираат свеченост во чест на напаѓачот на крајот на сезоната.

Мбапе постигна 244 гола за ПСЖ - тој е најдобар стрелец во историјата на клубот. /МИА

притисни ентер