Се пожалил на болки во стомакот, докторите му извадиле лебарка од тенкото црево (ВИДЕО)

Бизарен случај е снимен во болницата „Фортис“ во Њу Делхи каде се појавил 23-годишен млад човек.

Се пожалил на неколкудневни стомачни проблеми, па бил тестиран.

Пациентот објаснил дека конзумирал брза храна на локалниот пазар и се сомневал дека тоа е причина за неговите здравствени проблеми. Немл поим какво изненадување го чека.

Лекарите решиле да направат ендоскопија на горниот дигестивен тракт, а потоа откриле лебарка во тенкото црево, пренесува Business Insider.

Се испоставило дека за болката, варењето и гасовите е виновен инсект долг три сантиметри.

„Лебарката во тенкото црево е опасна по живот. Продолживме со ендоскопија за да ја отстраниме. Во спротивно, можеше да предизвика тешка инфекција и потенцијално фатални компликации“, изјави д-р Шубам Ватсија.

Во објавеното видео д-р Ватсија објаснува како тим од експерти ефикасно ја отстраниле лебарката и го спасиле пациентот, пренесува PTI News.

Гастроентерологот шпекулира дека инсектот можел да влезе во устата на младиот човек додека спиел, или пак да го проголтал додека јадел.

Овој необичен случај, сепак, не е единствен. Минатата година светските медиуми објавија сензационална вест од Австралија, каде лекарите извадиле жив црв од мозокот на неименувана Британка (64).

Бизарен тренд меѓу тинејџерите: Се маскираат во животни и касаат луѓе на улица (ВИДЕО)

Невообичаениот тренд меѓу тинејџерите, наречен „квадробајк“, ги вознемири властите во Украина, Русија и некои нејзини поранешни републики.

Се претпоставува дека тинејџерите имитираат животни - носат маски, одат на сите четири, ржат или мјаукаат. Сепак, се тврди дека имало и случаи да напаѓаат случајни минувачи.

Наводно, полицијата во Узбекистан трага по најмалку еден тинејџер кој каснал лице на улица со кучешка маска, пренесува британски Телеграф.

На мрежите кружат видеа и фотографии од љубители на овој тренд, додека локалното МВР предупредува дека во случај на недолично однесување, нивните родители ќе бидат казнети.

„Експертите веруваат дека „квадробајк“ може да доведе до тоа децата да преземат агресивно однесување на животните, да се повредуваат себеси и другите. Тоа може да доведе и до промена на свеста на децата и нивна изолација од општеството“, се наведува.

Се верува дека „ квадробајк “ е инспириран од јапонски спринтер, односно неговиот рекорд во трчање на сите четири.

Се чини дека трендот се пресели од Јапонија и Северна Америка во Русија, Казахстан, Узбекистан и Украина.

Руската сенаторка Наталија Косихина предложи забрана за квадробајк.

„Мораме да се погрижиме децата да бидат повеќе заинтересирани за спортски и едукативни активности, кои нема да им наштетат на психата и здравјето на другите“, рече таа.

Од друга страна, некои психолози сметаат дека тоа е безопасна забава и детска игра.

Маж на сопственичка на градинка е осуден на 45 години затвор, откако бебе умрело од фентанил

Сопругот на сопственичка на градинка во Бронкс, Њујорк, Феликс Херера Гарсија, каде бебето починало од фентанил минатата година, е осуден пред федералниот суд на 45 години затвор за складирање на повеќе од 11 килограми фентанил и хероин во градинката.

Херера Гарсија е осуден вчера и се изјаснил за виновен за федералните обвиненија за трговија со дрога, објави ABC News.

Обвинителите изјавија дека Херера Гарсија побегнал од градинката, носејќи две големи торби за пазарење додека децата биле под дејство на дрога, во септември минатата година.

Едногодишниот Николас Доминичи починал, а уште три мали деца на возраст од осум месеци до две години биле хоспитализирани поради дејството на фентанил, соопшти полицијата.

Херера Гарсија по смртта на бебето побегнал во Мексико и бил уапсена по еднонеделна потера.

Заедно со криминалната група, тој чувал повеќе од 11 килограми фентанил и хероин во тајни прегради сместени под подните плочки во игротеката каде децата играле, јаделе и спиеле секој ден, соопштија обвинителите, укажувајќи дека на тој начин несовесно го ставал бебиња изложени на ризик од изложеност на фентанил.

Третина од камерите на американската граница со Мексико не работат– рекорден прилив на мигранти

Според интерниот меморандум на граничната патрола, дури 30 отсто од камерите во главниот систем за надзор на границата меѓу САД и Мексико не работат.

Прашањето има „значително влијание врз операциите“, се вели во меморандумот испратен до секторот за агенти на јужната граница на почетокот на октомври и виден од NBC News.

Речиси една третина од камерите во примарниот систем за надзор долж јужната граница на САД во моментов не се во функција, лишувајќи ги агентите од важна алатка во борбата против илегалните премини на мигранти.

Големиот прекин влијае на приближно 150 од 500 камери инсталирани на надзорните кули долж границата меѓу САД и Мексико. Меморандумот како причина ги наведе „бројните технички проблеми“, а официјалните лица, кои зборувале под услов да останат анонимни поради чувствителноста на темата, ја обвинија застарената опрема и барањата за поправка што чекаат.

Овие камери, познати како „Систем за далечински видео надзор“, се користат од 2011 година за да овозможат „надзор на големи површини без потреба да се распоредуваат стотици агенти со возила“.

Сепак, според интерниот меморандум, дури 30 отсто од системот моментално не е во функција, а не е јасно кога престанале да работат камерите. Двајца службеници од Царината и граничната заштита (ЦБП) рекоа дека овој месец се направени одредени поправки, но дека сè уште има повеќе од 150 барања за поправка на камерата што чекаат.

Надлежните додаваат дека поради искршените камери, има области кои Граничната патрола не може да ги следи. Портпаролот рече дека агенцијата има инсталирано околу 300 нови кули со понапредна технологија.

„CBP продолжува да инсталира понова, понапредна технологија која користи вештачка интелигенција и машинско учење за да ги замени застарените системи, намалувајќи ја потребата агентите да бидат ангажирани во неинтервенциски задачи“, рече портпаролот.

Синдикатот на граничната патрола во Ларедо, Тексас, привлече внимание на ова прашање на Фејсбук минатата недела. Тој им рече на своите членови дека „ја споделува нивната загриженост дека нефункционалните кули за надзор долж границата сериозно ја загрозуваат безбедноста на агентите и граничната безбедност“.

„Се надеваме дека овој проблем ќе биде решен наскоро, бидејќи трае веќе некое време“, додаваат од синдикатот.

„Американските даночни обврзници инвестираа многу во технологијата долж границата и очекуваат таа технологија да биде функционална.

Меморандум на внатрешната гранична патрола обвинува друга федерална агенција за проблемот - Федералната управа за авијација (FAA). Според меморандумот, ФАА, која ги одржува системите и ги поправа камерите, има внатрешни проблеми за исполнување на потребите на граничната патрола, но не елаборира за природата на тие проблеми.

Граничната патрола ја разгледува можноста за замена на FAA со изведувач кој може да обезбеди „соодветна техничка поддршка за камерите“, се додава во меморандумот.

Трет функционер на CBP рече дека агенцијата се обидува да реши значаен проблем што не бил соодветно управуван во изминатите 20 години. Портпаролот на ФАА одбил да ја коментира ситуацијата.

Републиканците во Претставничкиот дом на САД оваа година го блокираа двопартиското законодавство кое значително ќе ги подобри системите за надзор, ангажираше дополнителни агенти на граничната патрола и ќе продолжи со изградбата на граничен ѕид.

Во изборна година, прашањето за илегалната миграција е едно од најважните, објави Би-Би-Си. Истражувањата покажале дека шест од десет Американци сметаат дека миграцијата е „многу важен“ фактор во одлучувањето како да гласаат.

Се проценува дека од јануари 2021 година, кога Џо Бајден ја презеде функцијата, повеќе од десет милиони илегални мигранти се обиделе да влезат во САД. Осум милиони од нив се обиделе да влезат преку јужната граница со Мексико.

Во извештајот од јануари оваа година, Министерството за внатрешна безбедност проценило дека во САД живеат 11 милиони илегални мигранти.

притисни ентер