Роботските такси добија дозвола за возење во Сан Франциско- уште првата ноќ настана хаос(ВИДЕО)

Во петокот вечерта во населбата Норт Бич во Сан Франциско, дури десет роботски такси-возила престанале да работат среде возење, што предизвикало застој во сообраќајот.

Ден претходно, државната администрација дозволи проширена работа на роботските такси возила во градот. Автономните возила застанаа среде авенијата Грант, светлата за опасност беа вклучени и ги блокираа другите возила да минуваат.

Компанијата Круз, сопственик на споменатите роботски такси, објави дека возилата престанале да функционираат поради проблеми со безжичното поврзување. Полицијата во Сан Франциско потврди дека проблемите настанале поради лошата мобилна врска, како и дека безжичниот систем бил преоптоварен од големиот број луѓе на блискиот музички фестивал Outside Lands.

„Сан Франциско хроникл“ доби копија од текстуалните пораки помеѓу супервизорот на Сан Франциско Арон Пескин и менаџерот на Круз. Тие наведуваат дека компанијата не можела да ги пренасочи автомобилите поради слабата интернет конекција. Според Пескин, околу 10 роботакси запреле на раскрсницата.

Круз сега размислува да создаде сопствена мобилна мрежа за да спречи повторување на инцидентот. Претставниците на сообраќајот и пожарникарите им кажаа на државните регулатори дека порастот на автономните возила во последните месеци се совпадна со зголемувањето на сообраќајниот метеж и други инциденти.

„Автомобилите беа наредени во тесна улица. Возилата за итни случаи немаше да можат да поминат ако имаше итен случај. Иронијата е што ова се случи еден ден откако CPUC неодговорно им даде зелено светло за неограничен транспорт поради приговорите.“ рече Пескин.

СДСМ: Власта мачка очи на граѓаните со замрзнување маржа на едвај 73 производи

Власта мачка очи на граѓаните со замрзнување маржа на едвај 73 производи, СДСМ намалуваше цени на 500 производи.

Со најавеното замрзнување на маржите на само 73 производи власта под притисок на јавноста мачка очи а резултатот ќе биде никаков. Мерките на владата на Христијан Мицкоски се задоцнети и нема имаат реален ефект ниту врз намалување на цените на производите ниту врз стандардот на граѓаните.

Наместо економска политика гледаме калкулантска политика на Владата на Мицкоски и тотална негрижа за стандардот на граѓаните.

СДСМ на пример минатиот септември 2023 година донесе мерки за намалување на над 500 производи во 25 различни категории и реализираше антикризен пакет за помош на граѓаните вреден 662 милиони евра. Тоа е реална помош.

Во соседна Србија веќе се спроведува одлука со која поевтинија над 700 производи, слично е во Црна Гора. Во исто време се случува за прв пат после пет години постојан раст да се намали просечната плата за речиси 1000 денари.

Платите се намалуваат а цените остануваат високи и растат. Со вакви погрешни економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа.

СДСМ

Почна реализацијата на втората фаза од изградбата на нова атмосферска канализација во Волково

Почна реализацијата на втората фаза од изградбата на нова атмосферска канализација на улицата „100“ во Волково.

Град Скопје почна со реализација на втората фаза за изградба на новата атмосферска канализација на улицата „100“ во населеното место Волково во општина Ѓорче Петров.

Со овој проект, како што информираа од Град Скопје, за првпат се гради нова атмосферска канализација на оваа улица од кружниот тек со улицата „101“ до преминот на пругата во вкупна должина од 1.650 метри.

- Со реализација на овој проект од програмата „За модерно Скопје“ се решава долгогодишниот проблем со што се соочени жителите на ова населено место, каде по обилни дождови, доаѓа до излевање на фекални води и преоптоварување на мрежата. Дополнително, со изградба на новата атмосферска канализација, се создаваат услови за идно приклучување на останатите линии од овој реон на општина Ѓорче Петров на новата атмосферска мрежа, со што се подобрува функционалноста на севкупниот систем, се наведува во соопштението.

Македонски штанд на Конгресот на ФУЕН

Македонското друштво „Илинден“ - Тирана, кое учествува на 68. Конгрес на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) во Хусум, Германија, се претстави со свој штанд.

- Во рамки на активностите на овој значаен собир, со свој штанд се претстави и нашето друштво. Имаме пропаганден материјал на кој се претставени македонските носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од единствениот весник над македонски јазик „Илинден“, рече за МИА Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Ѓурѓај, кој на себе имал кошула со македонски вез, не го крие задоволството од покажаниот интерес на посетителите.

-Искрен да бидам побуди голем интерес кај учесниците, кои го посетија во голем број. Исто така не посети и Винче Лорант, претседател на ФУЕН. Имаа можност да пробаат и од домашно произведена македонска ракија, вели тој.

Ѓурѓај, кој учествува на Конгресот, што со работа завршува утре, додава дека посебно место на штандот бил отстапен за примероците од фото албумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“, што неодамна беше промовиран во Тирана.

Според него и претставниците на 30. асоцијации на други малцинствата од Европа, на свои штандови се претставиле со пропаганден материјал.

Македонското друштвото „Илинден“-Тирана рамноправна членка на ФУЕН е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.

Во овој период редовно учествува на конгреси и други активности, а по предлог на друштвото усвоени се и Резолуции за правата на македонското малцинство во Албанија.

притисни ентер