СДСМ: Власта мачка очи на граѓаните со замрзнување маржа на едвај 73 производи

Власта мачка очи на граѓаните со замрзнување маржа на едвај 73 производи, СДСМ намалуваше цени на 500 производи.

Со најавеното замрзнување на маржите на само 73 производи власта под притисок на јавноста мачка очи а резултатот ќе биде никаков. Мерките на владата на Христијан Мицкоски се задоцнети и нема имаат реален ефект ниту врз намалување на цените на производите ниту врз стандардот на граѓаните.

Наместо економска политика гледаме калкулантска политика на Владата на Мицкоски и тотална негрижа за стандардот на граѓаните.

СДСМ на пример минатиот септември 2023 година донесе мерки за намалување на над 500 производи во 25 различни категории и реализираше антикризен пакет за помош на граѓаните вреден 662 милиони евра. Тоа е реална помош.

Во соседна Србија веќе се спроведува одлука со која поевтинија над 700 производи, слично е во Црна Гора. Во исто време се случува за прв пат после пет години постојан раст да се намали просечната плата за речиси 1000 денари.

Платите се намалуваат а цените остануваат високи и растат. Со вакви погрешни економски политики на Мицкоски стандардот на граѓаните само ќе опаѓа.

СДСМ

Пленковиќ за извештајот на Фич: Силна порака за хрватската економија

Глобалната рејтинг агенција „Фич“ го зголеми рејтингот на Хрватска од „БББ+“ на „А-“, со стабилна перспектива.

Глобалната рејтинг агенција „Фич“ го зголеми рејтингот на Хрватска од „БББ+“ на „А-“, со стабилна перспектива, нагласувајќи ја отпорноста на хрватската економија на надворешни шокови, намалувањето на јавниот долг и континуираната интеграција во групата земји во јадрото на еврозоната.

Претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ, одржа конференција за медиумите на таа тема каде го изрази своето задоволство од зголемениот кредитен рејтинг и рече дека тоа е историски високо ниво.

- Тоа е силна порака за хрватската економија, одговорно управување со јавните финансии, економски раст, раст на платите, раст на пензиите, реформи што ги презедовме, одлична апсорпција на европските фондови, подлабока интеграција во еврозоната.

- Подигнување на просечната стапка на раст на Хрватска врз основа на БДП по глава на жител на 76% од просекот на ЕУ до крајот на 2023 година, со очекуван раст од околу 3,5% во 2024 година, практично уште два процентни поени до крајот на 2024 година, што е како ќе стигнеме до 78

Тој додаде дека според „Фич“, Италија, Бугарија, Унгарија, Романија и Грција имаат понизок рејтинг од Хрватска.

- Ние и понатаму сме земјата која најбрзо го крева својот кредитен рејтинг и тоа е многу добро, нагласи тој.

Министерот за финансии Марко Приморац рече дека агенциите за кредитен рејтинг ја проценуваат способноста за правилно сервисирање на долговите, уредното работење, квалитетното управување со јавните финансии и тоа е „одлична потврда за сите нас“.

Стојков: Извештајот на Советот на Европа за Бугарија, голем чекор за македонското малцинство

Голем исчекор напред е последниот извештај на комитет на министри на Советот на Европа во кој се укажува дека Бугарија сеуште не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права. 

Според првиот човек на ОМО Илинден Пирин Стојко Стојков за да избегне казни бугарија преку разни мерки се обидува да ги одолговлечи своите обврски и последно за да се обезбеди регистрација на македонските здруженија формирана е некаква работна комисија од разни ресори, но од Комитет на министри даден е рок до крајот на декември да се прецизира како ќе им се дозволи на македонското малцинство да регистрираат свои здруженија, нешто што од Стојков е оценето како система дискриминација.

Повеќе од 17 години Бугарија не ги спроведува пресудите на ЕСЧП а од 2016 веќе во Комитетот на министри е јасно дека не се проблем никакви документи на здруженијата туку дека системот на судови, и административни двојни стандарди не дозволува да се регистрираат здруженија на Македонското малциснтво во Бугарија. Ако продолжи да ги игнорира укажувањата на ова високо тело на Советот на Европа, Бугарија може да бидие и исфрлена од него.

Во меѓувреме и Македонскот МНР изрази задоволство од последниот годишен Извештај на Комитетот на министри на Советот на Европа за состојбата со имплементацијата на пресудите на Европскиот суд за човекови права, групата случаи “ОМО Илинден и другите против Бугарија”, во врска со одбивањето на Бугарија да ги регистрира здруженијата на Македонците во државата.

Освен повикот за спроведување на пресудите на ЕСЧП, Комитетот побара од претседавачот да испрати писмо до неговиот бугарски колега, во кое се нагласува потребата да се изнајдат брзи решенија што е оценето како редок ќекор кој досега го преземал комитет на минситри на совето на Eвропа.

Мицкоски: Есенската кошница е резултат на анкета направена со граѓаните

Премиерот Мицкоски, појасни дека есенската кошница е резултат на анкета направена со граѓаните.

- Оваа есенска кошница е таргетирана и е резултат на анкета што е правена со граѓаните за тоа кои се производите што оваа есен се најкористени. Иста таква кошница ќе има и пред новогодишните празници, ќе има и пролетна кошница така што нашата цел како Влада е производите кои се најупотребувани од страна на граѓаните да бидат опфатени со оваа мерка, истакна Мицкоски во изјава за медиумите дадена по посетата на општина Кавадарци.

притисни ентер