На денешен ден

- Денеска е Светски ден на мирот

19 п.н.е.- Умре римскиот писател Публиус Вергилиус Маро, автор на дела во кои го велича римското минато. Тој со своите дела со векови беше пример за европските писатели.

1327.- Англискиот крал Едвард II, сопругот на Изабела од Франција е убиен од нејзиниот љубовник Роџер де Мортиме. Љубовникот на кралицата потоа владееше во името на престолонаследникот Едвард III кој во 1330 година беше затворен и убиен.

1452.- Роден е италијанскиот верски реформатор Џироламо Хајронимус, доминикански калуѓер, кој го напаѓаше папата Александар VI.

1529.- Османлиската војска под команда на Сулејман Величествениот ја започна опсадата на Виена.

1792.- Во Франција на првата седница на Парламентот (Конвент), на предлог на Колот Д`Ербуа, е тргната монархијата.

1832.- Во Даблин умре Валтер Скот, шкотски поет и романсиер, творец на модерниот историски роман. Собираше народни песни и пишуваше епови за историјата на Шкотска. Меѓу неговите најзначајни дела спаѓаат „Ајванхо“, „Кенилворт“, „Старинар“ и други. Роден е во Единбург, на 15 август 1771 година.

1860.- Умре Артур Шопенхауер, германски филозоф-идеалист, претставник на волунтаризмот. Од делата му се познати „За волјата на природата“ и „Светот како волја и претстава“. Роден е на 22 февруари 1788 година.

1866.- Роден е Херберт Џорџ Велс, англиски писател. Напиша голем број научни, популарно-научни, социјални и фантастични романи и приказни, како и познатото дело „Историја на светот“. Умре во 1946 година.

1867.- Роден е американскиот политичар Хенри Луис Стимсон, министер за војни на САД, од 1911 до 1913 година и од 1940 до 1945 година, идеен творец на најголемиот воен злостор во историјата на човештвото. На неговата препорака претседателот на САД Хари Труман одлучи во август во 1945 година да ги фрли атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки, иако Јапонија беше веќе поразена во Втората светска војна.

1901.- Во Велес, во Џајково Маало, во борба против турската полиција, откако снема муниција, се самоуби Миле Поп Јорданов (брат на Орце Поп Јорданов, организатор на кружокот од Солунските атентатори) македонски револуционер.

1909.- Роден е ганскиот државник и публицист Кваме Нкрумах, прв премиер и претседател на Гана, истакнат борец против колонијализмот и лидер на движењето за независност.

1927.- Во Дојран е роден Христо Андонов-Полјански, македонски историчар, ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, долгогодишен професор на катедрата по историја на Филозофско-историскиот факултет, признат научник, проучувач на историјата на македонскиот народ. Автор е на 463 библиографски единици, од кои 36 се книги. Од неговите трудови посебно се издвојуваат шесте томови за Гоце Делчев. „Британската библиографија за Македонија“, „Странскиот печат за Илинденското востание“, „Британски документи за историјата на македонскиот народ“ и други. Умре во Скопје, на 7 октомври 1985 година.

1928.- Британскиот бактериолог Александар Флеминг ја откри непознатата мувла што го расипала неговиот експеримент со бактерии. Но, тоа загадување беше епохално откритие дека чудесното својство на габите „пеницилиум нотарум“ ги уништува дотогаш смртоносните бактерии. Од 1942 година пеницилиумот стана лек што спасува милиони луѓе.

1933.- Во Лајпциг, германскиот Врховен суд го почна процесот против Георги Димитров, член на ЦК КП на Бугарија и член на Третата интернационала, заедно со група германски комунисти, а под обвинение дека го организирал палењето на Рајхстагот. Германската фашистичка пропаганда сакаше да го искористи судењето за антикомунистичка кампања. Меѓутоа, Димитров пред светската јавност го разобличи овој процес на нацистичкиот режим и од обвинет стана тужител и поради недостиг на докази судот беше принуден да го ослободи.

1938.- Владата на Чехословачка се согласи на британско-францускиот план Судетските области да и ги отстапи на Германија.

1939.- Романските фашисти го убија премиерот на Романија Армандо Калинеску, противник на Третиот рајх.

1964.- Малта стана независна после 164 години британско владеење.

1973.- Југославија ги прекина дипломатските односи со Чиле, 10 дена по пучот на генералот Аугусто Пиноче, изведен со помош на САД, во кој е убиен социјалистичкиот претседател Салвадор Ајенде.

1974.- Умре американскиот филмски глумец Волтер Бренан. Тој е првиот актер добитник на три Оскара.

1976.- Бившиот чилеански министер Орландо Летелиер е убиен во Вашингтон во експлозија на подметната бомба под неговиот автомобил.

1992.- Мексико и Ватикан воспоставија целосни дипломатски односи по прекинот од 130 години.

1993.- Претседателот Борис Елцин го распушти парламентот бидејќи со изборот на Александар Руцкој за потпретседател и за вршител на должноста шеф на државата му беше загрозена власта.

1996.- Во авионот на претседателот на Колумбија Енерсто Самперо, со кој требаше да патува за САД, на аеродромот во Богота по анонимната пријава се пронајдени безмалку четири килограми хероин за што беше осомничен дека бил во врска со нарко-мафијата.

1999.- На Тајван во земјотрес загинаа најмалку 2.300 лица.

2002.- Лавина од кал и камења која се излеа од глечер во село Њижњи во руската република Северна Осетија усмрти повеќе од 100 луѓе.

2007.- Умре Петар Стамболиќ, долгогодишен функционер во времето на Јосип Броз Тито. Стамболиќ е роден во 1912 година во Брезово, кај Ивањица, а на комунистичкото движење му пристапи во 1935 година. Дипломираше на Земјоделскиот факултет во Земун. Беше советник и член на Претседателството на Второто заседание на АВНОЈ, како и член на Претседателството на СФРЈ и Претседателството на ЦК на Сојузот на комунистите, како и претседател на Претседателството на СФРЈ.

2017.- На 94 години почина Лилијан Бетанкур, наследничката на француската козметичка групација „Л’Ореал“ (L’Oreal). Таа на 21 октомври требаше да наполни 95 години. Бетанкур според „Форбс“ беше најбогата жена во светот, чие богатство се проценуваше на приближно 40 милијарди долари. Таа поради Алцхајмеровата болест во 2012 година се повлече од управата на „Л’Ореал“ и од јавниот живот.

Специјална акција на грчката полиција во ромска населба во Атина, уапсени 12 лица

Според грчките медиуми, во акцијата биле вклучени околу 100 полицајци, додека пак од полицијата соопштија дека учествуваа припадници од повеќе единици, како и полициски кучиња и дрон.

Оружје и златници биле пронајдени во специјалната полициска акција во ромска населба во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, со цел спречување на секаков облик на нелегално дејствување, а уапсени се 12 лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, во акцијата биле вклучени околу 100 полицајци, додека пак од полицијата соопштија дека учествуваа припадници од повеќе единици, како и полициски кучиња и дрон.

Уапсени биле вкупно 12 лица, кои се товарат за прекршување на законот за оружје, за кражба и кражби на електрична енергија, а при акцијата биле пронајдени и одземени два пиштоли, 747 златни лири и 15 патрони.

- Целта на широката акција беше спречување и справување со каква било форма на незаконско дејствување што е регистрирано во конкретната населба, соопштија од грчката полиција.

Барселона не може да го продолжи договорот со Педри поради финансиски проблеми

 Шпанскиот фудбалски гигант Барселона работи на продолжување на договорот со играчот од средниот ред Педри. 

Сепак, според „Мундо Депортиво“, Каталонците не можат да потпишат нов договор со 21-годишниот Шпанец поради финансиските проблеми на клубот.

Актуелниот договор на фудбалерот истекува во летото 2026 година.

Оваа сезона Педри постигна два гола на шест натпревари. Вкупно за Каталонците одигра 149 натпревари, постигнувајќи 22 гола и 13 асистенции.

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со македонското знаме

Од една средба, која навидум требаше да биде чекор кон приближување се создаде јаз. Дополнително сега ги гледаме изјавите од политичкиот врв со кои уште повеќе го продлабочуваат тој јаз. 

ВМРО ДПМНЕ требаше да ја признае вината за скандалот со неистакнување на македонското знаме при постетата на претседателката на држвата на Бугарија, да прифаќа критики кои се од важност за државата и да презема конкретни чекори, порача пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

-Од една средба, која навидум требаше да биде чекор кон приближување се создаде јаз. Дополнително сега ги гледаме изјавите од политичкиот врв со кои уште повеќе го продлабочуваат тој јаз. Несериозно е кога испраќате претседател на државата дури и да нема отворени прашања, да не внимавате на целосниот протокол од почеток до крај, од влегување во границите на таа држава се до заминувањето. Одеднаш ВМРО ДПМНЕ, политичката партија која што 7 години зборуваше и лажеше дека сме ги продавале националните интереси, вели дека СДСМ кревала галама затоа што немало државното знаме. Државното знаме е симбол. Должност на претседателот на државата е да ги штити симболите и интересите на државата. Се додека ВМРО ДПМНЕ ја посочува СДСМ за виновна за се, вклучително и за тоа што им се случува во кабинетите, не може да се каже дека ја научиле лекцијата. За скандалот со знамето и непочитувањето на македонското знаме е виновно ВМРО ДПМНЕ, рече Петровска.

Петровска порача дека ВМРО ДПМНЕ треба да се разбуди од сонот дека е се уште опозиција, да прифаќа критики кои се од важност за државата и да презема конкретни чекори, а не за се и сешто да ја обвинува СДСМ.

-СДСМ е виновен за знамето што го немало во Софија? Зарем СДСМ е виновен и затоа што Мицкоски отиде неспремен во Брисел? Секако не, потенцираше Петровска.

Петровска посочи дека благодарение на Владата на СДСМ, Северна Македонија сега е земја членка на НАТО со започнати преговори со ЕУ.

-Тоа што СДСМ 7 години правела во делот на меѓународна политика е јасно. Седум години СДСМ ја враќаше државата на маса со земјите членки и на НАТО и на Европската унија со таа меѓународна политика. Благодарение на меѓународната политика на владите на СДСМ, денеска сме земја членка на НАТО и започнати преговри со ЕУ, за кои патем Владата на ВМРО ДПМНЕ назначи главен преговарач, рече пратеничката Славјанка Петровска.

Скопје, 21.09.2024

СДСМ

притисни ентер