Раперката Карди Би позира речиси гола (ФОТО)

Пејачката Карди Би е вистински мајстор за скандали.

За нејзините настапи секогаш се барал билет повеќе, а нејзиниот изглед е незаборавен. Секогаш е провокативно облечена, понекогаш соблечена. Карди Би секогаш игра на секси карта и тоа функционира со години бидејќи нејзината популарност постојано расте.

Таа е родена во Менхетен, а пораснала во Бронкс. Карди Би првенствено се прослави преку социјалните мрежи Инстаграм и Вајн, а во 2015 и 2017 година учествуваше во реалното шоу програмата Love & Hip Hop на каналот VH1. Некогаш таа настапуваше во стриптиз барови во Њујорк. Таа го издаде својот деби албум, наречен Invasion of Privacy, во април 2018 година. Албумот го зазеде првото место на топ листите на Билборд, а исто така има и тројно платинест сертификат од Американската асоцијација на издавачката индустрија, како и Греми награда за хип хоп албум на годината.

Во текот на 2019 година се нашла среде скандал, но ги отфрлила сите обвинувања, тврдејќи дека сакале да ја уништат. Имено, тие ја обвинија дека во периодот на стриптиз се занимавала и со некои други активности. Во обвиненијата стоело дека во тие денови таа ги ограбувала и дрогирала своите клиенти, како и се занимавала со проституција.

Привремениот лидер на АНП Штокер отворен за коалициски преговори со екстремната десница

Новoизбраниот привремен лидер на Австриската народна партија (АНП), Кристијан Штокер, одржа кратка прес-конференција, изразувајќи благодарност до Карл Нехамер за неговата работа како претседател на АНП и федерален канцелар.

Штокер ја поздрави утрешната средба меѓу австрискиот претседател Александер ван дер Белен и лидерот на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Херберт Кикл. Тој изјави дека ќе ја прифати евентуалната покана од АПС за започнување коалициски преговори.

Тој потсети дека во минатото жестоко ја критикувал АПС и нејзиниот лидер Кикл, но додаде дека приоритет на Републиката е брзо формирање стабилна влада. Штокер истакна дека очекува претседателот Ван дер Белен да му го довери мандатот за формирање влада на Кикл.

Австрискиот канцелар Карл Нехамер вчера изјави дека ќе поднесе оставка во наредните денови, откако преговорите за формирање нова влада пропаднаа, што се случи откако Австриска народна партија (ОВП) на Нехамер и централно левата Социјалдемократската партија (СПО) ги продолжија коалициските разговори еден ден откако либералната партија Неос неочекувано се повлече од преговорите.

Нехамер најави дека преговарале долго и фер, но дека не е можен договор за клучните точки. Тој додаде дека ги прекинуваат преговорите и нема да ги продолжат.

ОВП, СПО и Неос се обидоа да формираат трипартиска коалиција откако екстремно десничарската ФПО победи на националните избори во септември минатата година. /МИА

Српскиот претседател очекува документи за американските санкции кон НИС на 10 или 13 јануари

Вучиќ посочи дека има две непознати, кои се однесуваат на условите и дали проблемот е што Русија го има мнозинскиот пакет акции или што воопшто учествува во сопственоста на НИС.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека на 10 или 13 јануари очекува да пристигнат документите од САД за воведување санкции против српската нафтена компанија НИС (Нафтена индустрија Србије), во која руски компании имаат мнозински удел,пренесува Радио Слободна Европа.

Во емисија на српската национална ТВ РТС, Вучиќ посочи дека има две непознати, кои се однесуваат на условите и дали проблемот е што Русија го има мнозинскиот пакет акции или што воопшто учествува во сопственоста на НИС.

- Ќе останат ли санкциите против НИС ако Русите останат со 40 отсто сопственост, дали е доволно да немаат мнозински или контролен пакет акции или пак се инсистира тие целосно да излезат од сопственоста, рече Вучиќ.

Од 2008 година руската државна компанија „Газпром нефт“ и нејзината матична компанија „Газпром“ имаат мнозински удел во НИС од 56,15 отсто, додека 29,87 отсто се во сопственост на Србија.

Вучиќ додаде дека Србија има доволно средства за да го откупи НИС, но останува прашањето што ќе направи Русија со парите добиени од евентуалната продажба./МИА

Оланд: Макрон треба да го заврши својот мандат за да избегне институционална криза во Франција

Оланд, кој сега е пратеник во францускиот парламент, нагласи дека, без оглед на критиките упатени кон Макрон, тој беше реизбран на изборите пред три години и треба да го доврши мандатот. 

И покрај зголемените повици до францускиот претседател Емануел Макрон да поднесе оставка, тој треба да го заврши својот втор претседателски мандат за да избегне голема институционална криза, изјави поранешниот претседател на Франција, Франсоа Оланд во интервју за „Вест Франс“.

Оланд, кој сега е пратеник во францускиот парламент, нагласи дека, без оглед на критиките упатени кон Макрон, тој беше реизбран на изборите пред три години и треба да го доврши мандатот. Во спротивно, Франција би се соочила со сериозна институционална криза.

Во однос на можните предвремени парламентарни избори, Оланд вели дека не гледа како распуштањето на парламентот по шест месеци би довело до значителни промени во составот на Долниот дом, кој сега е поделен на три блока без апсолутно мнозинство.

Оланд исто така повика на „смирена парламентарна демократија“ и изрази став дека владата на центристот Франсоа Бајру може да опстане до 2027 година, под услов да направи значителни компромиси, особено во однос на пензиите и фискалната правда, за да избегне гласање за недоверба.

Тој изрази желба за обновување на Социјалистичката партија како независен политички субјект, кој ќе биде отворен за социјалдемократи. Оланд повика на одржување партиски конгрес пред летото за утврдување на стратегијата за претседателските избори во 2027 година. /МИА

притисни ентер